мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 20.030
- Поени од реакции
- 25.198
Не спорам за типот, може и на Томас Едисон да му е внук од прва брачеда.Типот што го прави ривјуото, е најдобриот и најреспекираниот во целиот свет, се занимава со тоа 10 + години, врвен електричар е, и не се продава за пари, критикува врвни брендови ако ја промашат работата, нема трте мрте.
Иначе да знам што збориш, секој што ќе купи вакво напојување, ќе има матична од најмалце 200 евра, а за таа цена добиваш бомба матична, со многу добра напонска секција (VRM) - мосфети, фази, Nichichon кондезантори, и со PCB правено со 4/5 слоја на бакар, да издржи невиден терен, така да најмал проблем е матичната.
За другиот дел на приказната нема да навлезам понатаму пошто очигледно теорија си добар, ама теорија и пракса не е иста работа.
Затоа ти нагласив оди кај некој што заварува и види колкави се каблите за да можат само тие да искрепат 50 до 80 ампери.
Тоа тие онака колку да имаш претстава за што збораме тука.
--- надополнето: 29 декември 2012 во 18:35 ---
Воопшто не ги фалам, туку ви кажувам дека другите се преценети.Да ти дефинирам што подразбирам под фуш напон на тапа напајање а...?
Тие напајања што ги фалиш ( делукс и остало кинеско ѓубре ) "страдаат" од:
Огромен пад на напонот ( најчесто на 12V rails, пошто тие се најкористени/најоптеретени во модерен компјутер ) дури и кога напојувањето е оптеретено во согласност со спецификациите. Најчесто тие Delux напајања ( фирма позната по тоа што обожава да
претерува со спецификациите на нивните напајања ) кои по спецификации од производителот пишува дека можат да испорачаат 20А,25А па и повеќе при 12V "се гушат" уште при 50% оптеретување ( испорачуваат 11.6-7V на уште неоптеретено напајање -50% ), а скоро никогаш ( ако не и никогаш ) не можат да го испорачаат декларираното ( оптерети го тоа "напајање" до крај и ќе имаш гратис огномет за нова година по дома ).
Не е редок случај ни да паѓа напонот надвор од ATX спецификациите кај вакви кинески кунг фу напајања, поготово при стрес ( пример - палење игра, bench, захтевна програма и сл ) што може да предизвика низа проблеми ( од лесни симптоми како BSOD* при палење или непосредно по палење на захтевна програма/игра до прегорување на некои делови )
*BSOD под услов да се користи Windows OS.
Noise Level и Ripple им е преголем ( споредено со било кое чуечко напајање ) - што само по себе е штетно за кондензаторите ( на матичната плоча, графичката картичка, други add-on картици и тако даље ). За оверклокери е исто лошо - намалува потенцијален max оверклок.
Значи накратко за фуш напонот - Voltage Drop надвор од ATX стандардот дури и кога е оптеретено согласно со фабрички декларираните спецификации и тапа Noise/Ripple.
***
+
Генерално користат ЗАСТАРЕН дизајн од пред 10-15 години. Поголемиот дел од силата ja испорачуваат на 5V rail-от и на 3.3V rail-от. Тоа е последица на, како што реков, користење на застарен дизајн кој бил добар за време на ерата кога владееле пентиум 3 процесорите ( кои се у последните процесори кои го користат 5V rail-от ). Значи џабе е напајањето декларирано на 700W кога 450W од тие 700W ги испорачува на 3.3V i 5V rails.
Пробај земи Delux напајање ( 700W еве нека биде декларирано, има такви по 700-800 денари ) и пробај повржи на него компјутер кој ќе ги содржи следниве компоненти: AMD FX 8120 + GTX 580 ( другите делови по твој избор ) и види што ќе се деси ( ако пробуваш да одбереш подобро напајање од евтините според неговата тежина - едно предупредување да пазиш од една серија на хантол што беа со ЦИГЛА!!! за да делуваат потешки/поквалитетни ). После пробај со некое нормално напајање декларирано на 700W ( или па пробај прво со нормално, па после со делуксот заш постои опасност да се подспржат малце деловите ).
И што ти е чудно со тоа напајањето од 1000W ? Една GTX 690-ка влече мање више 300W оптеретена ( 25А/12V rail сама, значи не цел компјутер - туку само графичката ). Е сеа ако стаеш 2 такви, малце ги клокнеш + 6-јадрен sandy bridge e и него го клокнеш какво напајање ќе треба? Уште мислиш дека е за заварување и е безмислено? Нема потреба матичната да може да издржи 80-кусур ампери блабла ко што си пишал, графичките картички ( во овој случај ) се напојуваат дирекно од напајањето ( углавно, мал дел и преку PCI eXpress слотот )
Напајање од 1000 денара би препорачал исклучиво на ептен budget PC ( 150-200 евра ), а и таа препорака би била со резерва. Никако не би препорачал такво напајање на модерен компјутер наменет за играње кој кошта 1000 евра.
Крај краева какво сакате напајање земите, ваши паре - ваш избор.
А вака што се расфрлаш со напони ампери и вати.
Имаш мерено барем еднаш да видиш колку стварно влече било што во компјутерот или онака си прочитал од некаде.
Јас ете немам и баш ме интересира колку влече ампери графичката при максимално оптеретување. Да не речам онака чисто ме занима колку влече ампери.
Или ајде за полесно нека ти биди колку влече ампери цел компјутер при максимално оптеретување на ете на 12 волти.
Повели измери и кажи.
Инаку да во право си, за ваши пари се работи и како и на што ке ги дадете е сосем ваша работа.
Некој на пример ке купи салам мобилен од салам марка за ете да речиме 300 евра. Е некој ке го купи истиот мобилен од истата марка со истите перформанси за 500 евра само затоа што имал кристали сваровски на него како украс.
Мислам се разбираме нели?