Македонска делегација под уставно име во Атина
Горазд Чомовски Коментари (0)
11.10.2009 18:10
Милошоски - Папандреу
Дали блиц средбата Милошоски - Папандреу значи нов импулс во односите Скопје - Атина, или потегот на грчкиот премиер и шеф на дипломатија беше само дипломатски гест?!
Но ако на ова се надоврзе и неоспорувањето на уставното име од страна на грчките власти на конференција на ОБСЕ во Атина, каде учествуваше македонската парламентарна делегација, можеби ова се први знаци на промена на политика на Грција во релациите со Македонија.
Но притоа не смее да се заборави политичкиот консензус меѓу грчките политички околу нова референца на Македонија, која би била за меѓународна употреба.
„Република Македонија е подготвена за соработка, но Македонија ја има истовремено онаа црвена линија која што многу пати сме ја споменале. Се работи за нашиот идентитет, а нашето име, така што преговорите ќе продолжат, и се надеваме дека е можно да имаме и позитивен исход“, изјави Влатко Ѓорчев, пратеник ВМРО ДПМНЕ
„„Мислам дека е прерано, и несериозно би било врз база на блиц средби да се каже дека доаѓа до затоплување на односите. Ние го поздравивме доаѓањето на Папандреу за премиер, бидејќи сметаме дека има многу поконструктивен приод кон проблемот“, вели Андреј Петров од СДСМ.
Меѓутоа и во Атина се покажува синдром на надмудрувања и политички препукувања. Одеднаш најбитно прашање за Македонија на конференцијата на ОБСЕ во Атина, беше дали Ханџиски му посветил доволно внимание на Андреј Петров, кој беше во улога на шеф на македонската парламентарна делегација.
„Амбасадорот Ханџиски се појави на сите места каде што имаше покана. Ова беше првенствено парламентарен собир, и тој беше присутен на оние настани за којшто имаше покана. Она што успеав да го видам тука, тоа е дека тој во Атина е еден од најпочитуваните и најдобрите амбасадори“, изјави Влатко Ѓорчев, пратеник ВМРО ДПМНЕ.
----
Под уставно име на сред Атина????WTF???
