- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 708
И покрај најавите за позитивен извештај, во одредени кругови во Брисел постои скептицизам за визната либерализација. Карл Билт, министер за надворешни работи на Шведска, и добар познавач на балканските прилики, е резервиран околу укинувањето на визите.
-Не очекувам да биде решено годинава. Во смисла на укинување на визниот режим за Западниот Балкан. Но сметам дека ќе можеме да направиме значителни чекори годинава.
Дали може да очекуваме укинување на визите следната година?
-Ќе видиме. Зависи од прогресот.
Од чив прогрес зависи?
-На пример, го имам мојот албански пасош. Имав дијалог со Албанците. За прогрес во врска со биометричките пасоши.
Ние ги имаме пасошите пред една година.
-Вие ги имате.
Ние не сме пакет, нели?
-Не, но сепак, зборуваме за целиот регион. Работите одат напред. Тоа е важно. Но чекор по чекор.
Господинот Кацин ни кажа дека ве прашал кои се вашите планови со Македонија, околу напредокот во ЕУ?
-Има медијатор од ОН, г. Нимиц. Тој работи на тоа долго време. Мислам дека не треба да ја поткопуваме неговата работа. Тој е медијаторот и можам само да му ја дадам потребната поддршка, но треба и политичка волја од Атина и Скопје, за да најдат заедничко прифатливо решение.
Невозможно е да се затвори досието „име“.
-Ништо не е невозможно. Историјата продолжува. Треба да најдеме решение во догледно време. Никому не е во интерес овој проблем да трае вечно.
Тогаш која е вашата порака за Македонската Влада?
-Мислам дека е важно целата реформа да не биде попречена поради конфликтот за името. Проблемот за името не е едноставен проблем. Но економските и законските реформи, како и интеграцијата, тоа се оние кои решаваат за идната стабилност и просперитет на државата. Се надевам дека проблемот за името нема да им го одвлече вниманието на Владата и парламентот од тие реформи.
A1