Во моментов никаква.
Но доколку продолжат според планираното и доколку успеат да организираат сопствени трговски рути со остатокот од светот и притоа да ја намалат употребата на американскиот долар - не да го откачат целосно, туку да го користат што помалку во својата меѓусебна трговија и во трговијата со остатокот од светот - тогаш економски ќе се осамостојат и постепено ќе станат економски фактор во светот.
Затоа трампавиот дибек во Вашингтон одвреме навреме се заканува со санкции кон БРИКС државите доколку престанат да го користат американскиот долар во меѓусебната трговија.
ЕУ не започна преку ноќ, беше формирана како Европска заедница за јаглен и челик во 1951 година, па потоа се прошири во Европска заедница за јаглен, челик и нафта, па потоа се прошируваше и на други индустрии, за во 1958 година да мутира во Европска Економска Заедница, а во 1993 година мутираше во Европска Унија. Во 2005 година мутираше во Европски тоталитаризам кој со секоја помината година си го покажува вистинското лице. Нешто што требаше да биде организација за регулирање на слободната трговија помеѓу нејзините држави членки прерасна во единствена економска зона со единствена валута, засега сеуште не е со единствен парламент, единствен суд, единствена полиција и единствена војска, но се стреми кон тие цели, еве 2025 година ја поминаа посветени на цензурирањето на Интернетот и на медиумите, така што полека но сигурно европскиот тоталитаризам станува реалност со секоја помината година.
Разликата помеѓу ЕУ и БРИКС е во тоа што ЕУ никогаш немаше сопствена самостојна индустриска база бидејќи беше и сеуште е зависна од увоз на нафта, енергенси и суровини потребни за современо индустриско производство, а БРИКС државите ги имаат потребните ресурси, но ја немаат потребната индустриска база, со исклучок на Кина, се разбира.
Но бидејќи ЕУ е зависна од увоз, а БРИКС може да функционира самостојно и без зависност од увоз - се разбира не целосно самостојно, но со далеку помала зависност од увоз во споредба со ЕУ, трампавиот дибек знае дека на долг рок намалување на употребата на американскиот долар во држави кои заедно соработуваат на принцип сличен на Европската Економска Заедница пред 1993 година, БРИКС може да стане глобален економски фактор независен од американски увоз и од американскиот долар, а на долг рок тоа на никаков начин не може да им биде од корист на САД.