ЦИПС - Cross-Border Interbank Payment System
www.cips.com.cn
185 земји денес можат и тргуваат користејќи го БРИКС-овиот кинески систем за плаќање - со заобиколување на SWIFT, избегнувајќи санкции и на тој начин придонесуваат кон дедоларизацијата.
Ако ова не ви личи на почеток на крај на доларот/еврото наскоро може ќе ви заличи.
БРИКС тивко го заобиколи западниот финансиски поредок без да користи носачи или Г7.
Само Јуан (значи, не Јен или Хуан како што пред некое време дојде овде еден и покажа завидно познавање нарекувајќи го Јуанот Јен) и години стрплива работа.
Во центарот на овие тектонски монетарни поместувања и промени е ЦИПС (CIPS), кинески систем за меѓународни меѓубанкарски плаќања, кој денес ги олеснува/овозможува трансакции во 185 земји.
И додека западот и домашниве демократи/атлантисти се потсмеваа се разбира дебело платени со долари/евра (зошто споменувам евро па затоа што е дериват на доларот), добивме реалност:
- ЦИПС обработува порамнувања во износ од 52 трилиони Јени (или во ваша валута 7 трилиони Долари), со што го надмина СВИФТ.
Над 95% од меѓусебната трговија меѓу Русија и Кина порамнувањето денес се врши во локални валути.
Повеќе од 40 земји, земјите на БРИКС+ и од тнр Глобален Југ, вршат порамнување на долговите и стоковните текови преку CIPS, што значи целосно надвор од западната мрежа и финансиски надзор.
Да биде појасно што ова значи: Станува збор за деколонизација на валутниот систем.
До вчера, многу држави беа принудени да клекнат пред олтарот на американскиот Долар/евро, денес ги исцртуваат контурите на свет по доларот. Тивко и систематски.
Без потреба од ланците на ММФ и СБ.
Во меѓувреме, сојузниците и вазалите на Вашингтон, држејќи се до Империјата, се надмудруваат.
За крај, не мора да си го замислувате мултиполарниот свет и неговиот финансиски систем.
Вие живеете во времето на неговото раѓање.
Една од причините зошто Трамполина – ЕУСА ги мава хистерија и се подготвени на се само да ја сочуват својата позиција.