Прв пат гледам ваков македонски обичај 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А ова ?Го спремаат за најлошото, брак! Го прашуваат дали му е тешко, овој вика „да“ и после му кажуваат дека тешкото допрва доаѓа и не трае само петнаесетина минути, него додека смртта не ве раздели.
Тогаш била легелна дрогатаА ова ?
Во саботата се плете невестата со гајтани,се реди со разни решемиња,монистра,ѕрнѕурки одзади по грбот,по тилот до пети,отспреди до ушите,до прстите. Се прави нетопот (една тенеќија,издупчена и свиена како корона,наредена со разни пари и мониста) и невестата се променува во кошула која се вика „ црнетата “. Значи венчавката била „поцрнување“ - подрајмување, потчинување волјата пред мажот.
Во саботата сестрижи и бричи зетот,иако утре пак „официјално“ќе го забричи деверот за да не се појави пред невестата небричен...
----------------
Крпен живот-2, Стале Попов
А кога ги гледате оние америчките трлалајќи филомови со ''нешто позајмено, нешто плаво, нешто старо, нешто ново" тогаш во ред ви е не? Тогаш си потплакнувате со солзи. Тоа се обичаи и традиција. Кој не сака не мора да ги прави. Ебаве космополитските модерњаци, народна музика им е глупа, обичај им е глуп, кршење јајца за Велигден им е глупо, сменете си ги имињата во Џесика и Кристофер и утепајте се со АјПад таблети.
Ти, до кај си со фурањето на обичаите и традииците маЌедонски?
Пошто, ко што можам да осетам, не си ебан космополитски модерњак. Па претпоставувам, дека си се женел веднаш после средно, на нива одиш со коматот во торбе, и сега ко што акна криза, се спремаш за да го ватиш параходот, па можда преку АД Пелагонија ќе ојш на rijekah Vavilonskih...
Типичен бескичмењачки одговор. Ајт читај си басни и прикаски со Тоукатер и Заптијата, учлени се у ГЕМ и прерипај ме жити се.