Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Епа искрено, да беше серијава во категорија семејна драма уште од стартот, немаше да се нафатам да ја гледам. Али пошто е во крими драма/трилер со толку висока оценка и има толку голем hype - нормално дека ќе видам за што се работи. Али уште од првата сезона се разочарав. Продолжив понатаму само заради тоа што упорно многу луѓе зборат дека е добра, и да, би рекол добра е од моментот кога ќе го внесат Гас во приказната (негде во втора сезона беше тоа).

Еве пишав и погоре. 3та и 4та сезона се добри (4та дури е супер), али тоа не го менува фактот дека приказната сеуште се одвива многу споро.

Затоа Person of Interest е подобра, give me a break, ако сакате класични акции, гледајте си акции, BB се знае дека е build up kind of серија, драма претежно, која се заснова на меѓучовечките односи и социјалната свера.

Ама ете, зошто тебе жарновски не ти одговара одма е преценета? немало трансформации? :icon_lol:
 
и мене ми е досадна... сакам секоја сцена да е како финалето на 4та сезона :icon_lol:

јас не знам зошто воопшто им враќате на овие со негативни критики кои едноставно не заслужуваат никакво внимание... тука на форум скролнеш два три пати го прескокнуваш постот, во стварен живот човекот не го гледаш веќе со исти очи и така :D
 
Болиглава Читај убаво, мисли, а не одма да се... Напишав дека гледам многу, ама само неколку ги пратам редовно, тоа сакав да кажам. :tapp: Сум забораил само три точки на крај да ставам, али изгледа дека и тогаш немаше да разбереш што ми е поентата.
 
Wut!!! Првата сезона и втората се подобри од третата и четвртата. Не дека трета и чевртата се лоши, супер се али прва и втора сезона се баш она драма после тоа малце станува скарфејс али ипак серијава тешко да биде достигната од некоја друга серија. А и немора да се критикува секој што не му се свиѓа серијава, ако нешто мрзам тоа е fanboyism :icon_lol:.
 
Од што е спора, ми беше тешко да ја навикнам. 1 сезона ја изглеав за можеби, нешто повеќе од 3 недели.
Кога стигнав до 2 сезона, веќе убрзав темпо и тие 3 сезони ги изгледав за помалце од 2 недели. Прилично брзо, без претерување. Пред да почнам да ја гледам, некако немав никакви симпатии за серијава, човек дознава дека боледува од рак, па ќе проба да направи пари бла бла бла. Ама ја почнав и ми се засвиѓа страшно многу. Дури планирам и уште еднаш да ја изгледам, пред да дојде време за пследниот дел оф серијава.
 
Шо са, шо? Си научив како најлесно до лајк.​
Dean Norris : "When not playing Hank I like to pretend I'm the Lion King. Hakuna matata motherfuckers" LOL :D
307432_437250473011308_557621123_n.jpg
 
Долго време ми стоеше на листата за гледање, ама поради х причини цело време ја одложував, а сите наоколу само ја фалеа. И конечно дојде време минатата недела да почнам да ја гледам. :)

Вчера завршив со четвртата сезона, ми летнаа епизодите, не ни ги осетив. Одлична е. Баш тоа што ми требаше додека чекам GoT (не дека ми пополни многу време, само една недела :icon_mrgr:).
Првата сезона одма пројде, супер вовед беше. Втората малце и не ми беше којзнае што, знам едно време не ми ги исполнуваше очекувањата зошто очекував многу бидејќи кој и да збореше за Брејкинг Бед, се најдобро кажуваше. Ама не траеше долго тоа зошто одма се подобри, и третата ми беше супер, за после на почеток на четврта пак да си помислам дека малце почнаа да тупат и на крај да ме уништат. МЕ НАПНАА! Ја изгледав четврта сезона и неможев да спијам после. :D

Денес почнав со 5та сезона, и планирам демек по една епизода на ден да гледам. Ќе видиме колку ќе трае тоа. :D
Почнав и да ве читам тука, стигнав до 26та страна, кај што се коментарите за првата епизода од петта сезона. Ќе ве читам како што ќе ги гледам епизодите за да не се зезнам. Ама 50 страни сте испишале за наредните седум епизоди, можам да замислам што се случувало. :D
 
Да ти кажам и јас слично како тебе долго време се мислев дали да ја почнам и ги изгледав сите сезнои за 10 дена, што мисла дека беше погрешно ама не можев да се сопрам тогаш, ама затоа не се осеќам како да гледав серија туку еден многу долг филм, немаше исчекување па што ќе биде што нема да биде, па теории размислувања. Ама знам дека па ептен ќе уживам у последните епизоди.

Иначе мене пак GOT ми стои во листата за гледање, на компјутерот ми се симната долго време првата сезона и само чека погоден момент. Ако вреди за сите сто и кусур страни напишани на форумот за неа, дефинитивно ќе имам иста ситуација како BB. Ќе ја изгледам целата за 10-15 дена и таман ќе се приклучам за новата сезона, или некаде на крајот од истата.
 
незнаете да уживате во серија, кај се гледало цела серија од 5 сезони за една недела, се знае максимум една епизода на ден :D
 
одлскул, таман лајк ти стиснав и прочитав за мувата...
 
незнаете да уживате во серија, кај се гледало цела серија од 5 сезони за една недела, се знае максимум една епизода на ден :D
Ги имаш сите 5 сезони на хард, а се уверуваш дека ќе гледаш по една дневно. Ај биди карактер и издржи...Јас обично кога ќе се соберат, преку сила гледам 3 во серија. Ем немам време, ем да легнат до следната вечер.
 
ќе издржам де толку гледам :D

завршив со прва сезона и одлична е, почнав втора исто така одличен старт на втора, неам зборови :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom