Тој техничкиот дел е најтаинствен. Претпоставувам церемонијата ја обавуваат само пред матичар, а не во црква (или храм)?
И кој се потпишува во името на перницата за бракот да има легално-правна тежина?
Ако сериозно се свати работава, овде има опасни правни преседани. Дали може сопругот да и отвори сметка во банка на перницата или на ликот од играта, дали може да ја осигура (по основ брак), дали може да и извади кредитни картички на нејзино име и да добие статус дека е банкротирана ако не ги плати долговите, дали ако перницата се распара или играта се расипе трошокот за поправка ќе се плаќа со здравстевни картони или нешто трето ... еден мал милион работи.
Па почнете само од “лични’’ документи, перницава веројатно треба да има лична карта и пасош ако ја м’кне младоженецов некаде на патувања, плус визи (ЕУ и такви пак глупости) ... :wink: