SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.575
- Поени од реакции
- 295
Бошковски го обвинува ВМРО ДПМНЕ
Љубе Бошковски од Охрид го обвини ВМРО ДПМНЕ дека им забранува на своите симпатизери и членови да присуствуваат на трибините кои ги организира неговото движење во Македонија.
Деновиве многу се расправа за Брат Љубе и се критикува, многу луѓе се уплашени и бараат да не се активирам политички, рече Бошковски пред Охриѓани додајвајќи дека тоа би го направил само ако од него тоа го побара народот.
„Велат што му треба на братот Љубе политика, зошто братот Љубе се враќа на макеоднската политичка сцена. Нели му беше доста на братот Љубе, треба да ја напушти политичката сцена. Тоа би го направил доколку тоа од мене го бара мојот народ. Братот Љубе нема причина да се плаши, но вие имате многу причини да се плашите. Ние имаме многу решенија за вашиот страв почитувани мои сопартијци и мои не сопартијци“, изјави Бошковски.
Според него оние кои сега раководат со ВМРО ДПМНЕ заборавија на програмските цели на партијата. Со ДПМНЕ сега раководат лица кои преку ноќ влегоа во неа, но и такви кои се уште се немат раздужено во СДСМ или други партии од каде дојдоа пред се поради личните интереси. Бошковски искажа надеж дека неговата матична партија ВМЕО ДПМНЕ ќе го подржи во намерата да се кандидира на следните претседатели избори. Доколку не се случи тоа тој најави самостојна кандидаура.
„Братот Љубе заедно со вас е феномен на македонската политичка сцена, братот Љубе машки знае да ја води Република Македонија, лавовски да се бори за Република Македонија. Затоа уплашени мои сопратијци и не сопратијци и вие што ги гледате интересите на македонската политичка сцена, ние постануваме ралност, со нас мора да има дијалог за најсуштетсвените прашања во Македонија. Ние постануваме фактор во Република Македонија. Јас не нарачувам да ми се мерат рејтинзите јас одам по градовите“.
Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски вели дека е против идејата за референдум за спорот со Грција околу нашето уставно име. За сега нема потреба од такво нешто бидејки има начин за исчекор во изнаоѓање на заедничко решение, вели Бошковски. Тој порача исто така дека е во земјава потребно е да се донесе и посебан закон со кој државните функционери треба да се откажат од двојното државјанство доколку го имаат бидејки евентуалното негово доаѓање на функцијата претседател на државата ќе значи автоматски лично негово откажување од хрватското државјанство.