Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Направија намалување од неколку денари ден по зголемувањето од неколку денари... Евтин трик, слаби играчи се...
Ајде народе пиј нафта!
 

0.15 kуни...биг кок..и они многу намалиле

--- надополнето ---

Вистина ли е кај Август некаде ќе биде 115 денари бензинот?

Ја слушнав дека ќе биде 15 евра литар, од експерти директно од пред владата
 
Колку е сега бензинов ? Вчера полнев, 95ка беше 80.5 ? :S
 
Јас сум сериозен дечко не играј мајтап.

Па ја мислиш дека се заебавам? Ако се замислиш малце ќе сватиш што сакав да кажам.. Никој не знае колку ќе биде цената утре или за 6 месеци или за 2 години.. Све зависи од светската берза на нафта , од ОПЕК , САД и ЕУ.. А шпекулации од тип дека у август ќе биде цената 115,117 или 121 денар, може да каже само Б.Ц. неговата тајфа и А1.
 
Од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензините, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цената на безоловниот бензин од 95 октани ќе изнесува 75 денари за литар, бензинот од 98 октани ќе се продава за 76,5, а дизел горивото за 68,5 денари за литар.

Регулаторите денеска ги направија новите пресметки откако завчера владата донесе одлука за намалување на акцизата на безоловниот бензин за четири денари за литар и на дизел горивото за два денара за литар. Истовремено беше намален и надоместокот.

Извор

Се кладиме на наредната корекција 4 денари ќе се качи бензинот?
 
Од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензините, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цената на безоловниот бензин од 95 октани ќе изнесува 75 денари за литар, бензинот од 98 октани ќе се продава за 76,5, а дизел горивото за 68,5 денари за литар.

Регулаторите денеска ги направија новите пресметки откако завчера владата донесе одлука за намалување на акцизата на безоловниот бензин за четири денари за литар и на дизел горивото за два денара за литар. Истовремено беше намален и надоместокот.

Извор

Се кладиме на наредната корекција 4 денари ќе се качи бензинот?

Кога ќе ја покачат поточно ( според тебе)?
 
2 недели макс, мислам на толкав период вообичаено ја "рефрешираат" цената.

ЕДИТ: Тоа на некој начин веќе го најави вицепремиерот Ставрески
Во секој случај овие 4,5 денари ќе бидат во корист на фирмите и на граѓаните бидејќи ако дојде до пораст во меѓувреме на светските берзи, барем за тие 4,5 денари тој пораст ќе биде помал. Значи секогаш тие 4,5 денари ќе бидат од фајде за граѓаните
Извор

ЕДИТ2: На Сител е малку поразлична информацијата.
Имено, 95 -> 76 денари, а 98 -> 77.5 денари.
Извор
 
2 недели макс, мислам на толкав период вообичаено ја "рефрешираат" цената.

ЕДИТ: Тоа на некој начин веќе го најави вицепремиерот Ставрески

Извор

ЕДИТ2: На Сител е малку поразлична информацијата.
Имено, 95 -> 76 денари, а 98 -> 77.5 денари.
Извор

После 5 јуни :)

Trust me . Нема да се осмелат да ја подигнат цената додека избори не минат :)
 
Знам, затоа и меркава е планирана до Август некаде да трае, значи е со ограничен рок на траење (таман до формирање на новата влада).
Сепак, јас мислам дека ќе има зголемување, не дека они сакаат, они направија се што можеа и дадоа -4 денари од литар бакшиш од нив, ама знаеш, цената на пазарот, бла бла бла, не можат да влијаат таму, уште бла бла...
Ќе видиш/видите :)
 
а затоа ли таксито од пред некој ден изгор...место 120-140, сега е над 200. Ако, ќе врши работа и бусот.
 
Акцизата само привремено ги поевтини бензините
Ако се остварат прогнозите, горивата во наредните месеци може да ја надминат границата од 90 денари за литар
светските аналитичари прогнозираат дека поради состојбата во Либија и во другите земји од арапскиот свет во летните месеци цената на суровата нафта лесно може да се искачи до границата од 150 долари за барел
 
Бензините од ноќеска на полноќ повторно поскапуваат и тоа за два денара. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да ја зголеми цената на бензинот, додека таа на дизелот и екстра-лесното масло за домаќинството остана иста.

Од ноќеска евросуперот БС-95 ќе се продава по 77 денари за литар, а евросупер БС-98 за 78,5 денари. Дизелот ќе чини 68,5 денари, а екстра-лесното масло за домаќинство 59,5 денари. Регулаторната комисија ја зголеми и цената на мазутот за 0,27 денари за килограм, поради што од полноќ ќе чини 43,178 денари за килограм.

Регулаторите објаснуваат дека поскапувањето е резултат на повисоките цени на нафтата на светските берзи во изминатите две недели.

Новото поскапување на бензините доаѓа во период кога дел од дистрибутерите на нафта побараа Владата да преземе дополнителни мерки за граѓаните да се заштитат од нов ценовен шок.

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, денеска ги повика дистрибутерите да се откажат од големите заработувачки од продажбата на горива, а не само да чекаат Владата да реагира на секое зголемување на цената на нафтата на светските берзи.

Ставрески рече дека Владата секогаш има волја да седне со бизнис-секторот и да разговара за предлозите како да се ублажи ценовниот удар кај нафтата.

- Но, јас имам подобар предлог за дистрибутерите. Нивната маржа е 3,2 денари на секој литар. Добро би било кога таа би се намалила за 1,5 денар, односно за толку да се откажат од сопствената маржа во овој период и со тоа да им помогнат на граѓаните - изјави Ставрески.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=D0A3C08303A8AA41A000A2FEB0EAE833

Да брат треба да работат за џабе нели?
 
ставревски малку ко акнат да е.... од 3 денара на 1.5 денара математички пресметано е 50%.. а да му препорачам ја на ставревски 50% од акцизата да намалат они? шо мисли за тоа човекот? немора 50 ете 30% да ја намали акцизата сите ке бидат задоволни... него немаат ситка на парите и 100тка да го напраат бензинот па ке им биде малце !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom