Брак

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
6 Недели , 6 Месеци, 6 Години


6 Недели , 6 Месеци, 6 Години. . .

********

Процес на запознавање:

6 Недели : ТЕ САКАМ, ТЕ САКАМ, ТЕ САКАМ.
6 Месеци : Секако дека ТЕ САКАМ.
6 Години : Боже, ако не те сакав, зашто ли те запросив??

********

Враќање од работа:

6 Недели : Злато, дома сум.
6 Месеци : Дојдов!!
6 Години : Што има мајка ти зготвено за нас, денес?

********

Подароци:

6 Недели : Злато, навистина се надевам дека ќе ти се допадне прстенов.
6 Месеци : Ти купив слика ќе се вклопи за во дневната соба.
6 Години : Еве ти пари. Купи си нешто.

********

Ѕвони телефонот:

6 Недели : Срце, некој те бара.
6 Месеци : Еве, за тебе.
6 Години : Ѕвони телефонот.


********

Готвење:

6 Недели : Никогаш не сум знаел дека храната може да биде толку вкусна!
6 Месеци : Што имаме за вечера?
6 Години : ПОВТОРНО!!!


********

Нов Фустан:

6 Недели : Леле, изгледаш како ангел во тој фустан.
6 Месеци : Пак купи нов фустан???
6 Години : Колку ме кошташе тоа?


********

ТВ:

6 Недели : Срце, што сакаш да гледаме вечерва?
6 Месеци : Ми се допаѓа овој филм.
6 Години : Ќе гледам фудбал, ако не си расположена оди легни си, јас може сам да гледам...

********
 
Машко - женски реакции

Во врската и во бракот секогаш се знае кој е машко, а кој женско. Дури и кога улогите не се поклопуваат со полот. Во што се разликуваат машко - женските реакции во одредени ситуации:

1. На сопствена венчавка:
- Жената прво плаче
- Мажот прво пие па после плаче.

2. Според бројот на чорапи.
- Жените носат разни чорапи: под колена, над колена, со халтери, самолепливи, хулахопки, со или без ликра...
- Мажите носат стандард бели чорапи со патики и црни со чевли.

3. Кога е во прашање сексот
- Просечна жена вели дека сака секс нон стоп, цел ден, а вистината е дека е подготвена за секс максимум 3 пати во неделата. Покрај тоа, смета дека предиграта треба да трае 30 минути.
- Просечен маж, помлад од 40 години, сака секс секоја вечер, секое утро и е подготвен за секс во секое време. Тој сета дека предиграта не треба да трае подолго од 30-45 секунди.

4. Според оргазмот.
- Женскиот оргазам може да се спореди со ферари – темпераментен, силен и бара прецизно ракување.
- Машкиот оргазам може да се спореди со трактор – помалку интензивен, може да настане при различни услови и разни терени и толку е едноставен што и 14 годишно дете лесно може да управува со него.

5. Во фер-плеј?
- Жените го користат сексот за да го добијат она што го сакаат.
- Мажите не го користат сексот за ништо, затоа што веќе го добиваат она што го сакаат.

6. Кога се во прашање децата...
- Жената знае се за своите деца. Кога се на училиште, кога имаат тренинг, сите нивни другари, симпатии, стравови...
- Мажите немаат сосема јасно дефиниран став за тие мали суштества во домот.

7. Сфаќања за времето.
- На жените им е сосема нормално во 2 по полноќ да започнат разговор на тема: „Каде води оваа наша врска?“
- За мажите ова време е само за спиење.

8. За сложување на боите.
- Жените се разбираат во боите и секогаш знаат да ги сложат.
- Мажите мислат: Црвена е убава боја, и розова исто – кој вели дека не си одговараат заедно?

9. Во просторот
- Жените секогаш знаат што каде им стои.
- Мажите никогаш.

10. Реакција на вест дека некој купил нов автомобил:
- Жената прашува каква боја.
- Мажот се прашува од каде нашол толку пари.

11. Во разговор.
- Мажот ја почнува реченицата... а жената ја завршува.
 
Пред да се стапи во брак,

сите треба да ја гледаат претставата КАКО ДА ЈА УБИЕШ СОПРУГАТА И ЗОШТО во Драмски Театар.

Поздравче
 
1. На сопствена венчавка:
- Жената прво плаче
- Мажот прво пие па после плаче.
за жената не си у право- ааааааааааама за мажот -ДА

wedding.jpg
 
Како најчесто започнуваат караниците помеѓу мажите и жените? Колку голема причина е потребна за да ви дојде преку глава и да започнете расправија?

1. И предложив на жена ми во супермаркетот да купиме пиво за 500 денари. Рече дека не доаѓа предвид и без да ми каже си купи крема за лице од 1.500 денари. И реков дека ќе изгледаше поубаво со гајба пиво отколку со кремата. И така започна караницата...

2. Пред некој ден ја прашав жена ми каде сака да одиме за годишнина од брак. Таа ми рече: „Некаде кај што не сум била до сега никогаш.“ И предложив да одиме во кујната. И така започна караницата...

3. Додека ја гледав својата омилена емисија, жена ми седеше покрај мене и ме праша: „Што има на ТВ?“ – „Прашина“ и реков. И така започна караницата...

4. Жена ми изрази желба за роденденски подарок. Ми рече: „Сакам нешто црвено што се може да оди од 0 до 100 за 3 секунди“. И купив црвена вага. И така започна караницата...

5. Жена ми се погледна во огледалото и беше незадоволна од она што го гледа. „Се чувствувам ужасно, имам вишок килограми и темни подочници“. Веднаш и дадов комплимент за да и олеснам. И реков дека затоа пак видот и е совршено добар. И така започна караницата...

6. Бев со жена ми на годишнина од нејзина матура. Еден од присутните не престана да пие чашка за чашка. Ја прашав жена ми дали го познава. „Секако“ ми рече, „долго бевме заедно и кога раскинавме почна да пие и од тогаш не престана“. А, јас и велам: Кој би рекол дека толку долго ќе слави човече... И така започна караницата...
 
Бракот според професијата

ПРОФЕСОРИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК:

БРАК е апстрактна именка, додека пак ВЕРИДБА е граматичка грешка во претходно составената реченица. ДА СЕ ОЖЕНИШ е глагол кој често одговара на прашањето КОГА, меѓутоа најчесто на прашањето КОЛКУ. ОЖЕНЕТ е придавка изведена од претходно споменатиот глагол. На сето ова ДЕЦАТА се императив, а КУЌЕН ПРИЈАТЕЛ ти е лична заменка.

ПРОФЕСОРИ ПО МАТЕМАТИКА:

ВЕРИДБА е парен број кој често може да биде и непарен, БРАК е математичка операција множење, а ДЕЦАТА се резултат. Во веридбата ТОЈ вреди 2, ТАА вреди 1, а БАБАТА (Мајката на невестата) 0. Во бракот БАБАТА вреди 2, ТАА вреди 1, а ТОЈ 0. КУЌЕН ПРИЈАТЕЛ е непозната x, a БАБАТА е злоба на квадрат.

ПРАВНИЦИ:

ВЕРИДБА е парница, БРАК е изгубена парница, ДЕЦАТА се отежнувачка околност, а КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ е олеснителна околност, а ТАШТАТА е врвна инстанца.

ДОКТОРИ:

ВЕРИДБА е лоша превентива, БРАК е последица на лош зафат, ДЕЦАТА се компликација, БАБАТА е тумор кој често е малигнен, КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ е погрешна дијагноза.

ИНЖЕНЕРИ:

ВЕРИДБА е проект, БРАК е неуспешна конструкција, ДЕЦАТА се непланирани трошкови, КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ е извршувач на техички работи, а БАБАТА е корозија.

ЕКОНОМИСТИ:

ВЕРИДБА е можен пласман, БРАК е договор, ДЕЦАТА се анекс договор, КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ е кооперант, а БАБАТА е данокот.

МУЗИЧАРИ:

ВЕРИДБА е дует, БРАК е дисхармонија, ДЕЦАТА се солисти на кои им треба придружба од цел оркестар, БАБАТА е диригент, а КУЌНИОТ ПРИЈАТЕЛ оној кој ќе издржи до крајот на концертот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom