Брак и кариера – Мажените жени побрзо напредуваат на работа

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Модерната жена верува дека мора да направи избор меѓу две нешта – бракот и успешната кариера, верувајќи дека двете нешта не одат заедно.
Иако денешното општество им наметнува на жените дека „мораат“ да бираат меѓу кариерата и бракот, со оглед на тоа што се смета дека е невозможно да се постигнат двете нешта, истражувањата покажуваат дека тоа мислење е многу погрешно. Многу дами се одрекле од бракот и децата поради кариерата, и обратно, но најновите студии покажале дека всушност токму мажените жени се оние кои најмногу и најбрзо напредуваат во кариерата.
Сепак, сведоци сме на сѐ поголем број жени кои доцна стапуваат во брак, кои во триесетите години се сами, но и оние примери кои се заколнале дека никогаш нема да стапнат на лудиот камен. Но, неодамна спроведената анкета покажала дека дамите кои се посветиле исклучиво на кариерата всушност не се среќни и исполнети, со оглед на тоа што дури 1/3 од нив признале дека радо би се вратиле во традиционалните улоги во општеството, односно улогата на мајка и сопруга.
Исто така, тука се и оние смели дами кои се одлучиле на раѓање дете и самостојно одгледување, но ниту нив животот не им е целосно избалансиран, со оглед на тоа што обврската на двајца родители е сведена само врз еден родител, што во потполност го оневозможува напредувањето во работата.
Од друга страна, има и жени кои се одлучиле да стапат во брачна заедница и кои покрај себе го имаат човекот на нивниот живот, имаат деца, но и успешна кариера. Се прашувате ли зошто? Затоа што сѐ е полесно кога се работи во пар. Делејќи ја тагата, среќата и обврските со некој, го правите вашиот живот исполнет, и станувате посилни за новите животни и професионални победи. Ова го потврдиле и амерканските експерти кои дошле до сознанието дека мажените жени заработуваат четири проценти повеќе од нивните слободни колешки.
Затоа, ако сакате да бидете среќни и задоволни со вашиот приватен и деловен живот, планирајте и да најдете личност со која ќе ги делите ноќите и деновите. Така успехот ќе ви биде загарантиран!
 
Мене не ми е јасно зошто мора секогаш да се бира? Као демек ако си успешна во кариера, не може да бидеш добра мајка и сопруга. И двете се можни. Она што е најбитно не е ни кариерата, ни бутур, поентата е што односите на луѓето меѓу себе се се полоши, луѓето се почесто си забиваат нож во грб и многу е потешко да се најде партнер за да го помине човекот остатокот од животот со него.
Мене ме нервира што бракот им се бута пред нос на луѓето, као нешто што мора да го направат и да бидат општествено прифатени. Па затоа после се мажат/женат заради притисок од дома, средина и се разведуваат после 3-4 години. Треба да им се остави на луѓето простор да си ја најдат својата половина (ако воопшто ја најдат) со време. Не е ништо страшно и ако не најдат никого. Не сите се родени да бидат во брак, во врска, има луѓе кои подобро функционираат сами. И тоа се е прашање на избор и мислам дека е крајно време овие работи да се остават на засебните индивидуи и да се остави секој сам да си решава за сопствената судбина.
А во кариерата најбрзо се напредува со способност, карактер и талент. И општествени врски и познанства.
 
Целосно се согласувам. Основањето на семејство и создавањето потомство е најважно. Ако цел живот работиш и градиш кариера ќе ти поминат најубавите години и оп остана без семејство или на ептен млади години се земале, имаат 5 деца, а не работат и на најубавите години ќе ти помине целиот живот со нервоза.
А вака, ем брак, ем работа, ем деца ( не значи дека треба 5, али 1-3 може).......... и полека по полека ќе успееш во секој смисол, зошто вака има и некој да биде со тебе и во добро и во зло...., а вака сам/а градејќи гариера ќе немаш со кој да го споделиш тоа :)
 
Тоа е се супер, но што ако не најдеш човек по мерка? За мене е многу подеструктивно да се земеш со некој туку така, за да не бидеш осамен, да направиш деца и да живееш мизерно и ти и човекот со тебе и децата кои ќе израснат во нехармонична средина.
 
Па ќе видиш, нема одма деца да правиш..... , затоа јас мислам дека живеењето во иста куќа со партнетот/партнерката пред брак е најдобро, прво подобро да се осознаете, а и да се навикнете на вашите навики, па ќе видиш ако не иде прекинуваш :)
 
Па има вистина во тоа дека во пар е се полесно, меѓутоа сепак сето тоа е индивидуална работа. Ако ме прашаш мене, јас лично имам впечаток дека разведената жена може многу повеќе да напредне во кариерата отколку било која друга жена (најверојатно има повеќе мотив).​
Од друга страна пак, гледајќи ги денешниве деца кои се повеќе прават деца на 17г. (несакајќи :noze: ) и се женат/мажат на 18г. всушност гледам дека се е испревртено и дека веќе и изборот брак/кариера е небитен.​
На крај-краева секој со својата среќа и сфаќања :).​
 
Тоа е се супер, но што ако не најдеш човек по мерка? .

Тешко денес да се најде по мерка не заради нешто друго туку поради фактот дека многу си ги грешаваат сопствените мерки се преценуваат.
 
Тешко денес да се најде по мерка не заради нешто друго туку поради фактот дека многу си ги грешаваат сопствените мерки се преценуваат.

И да е преценување во прашање, повторно тоа е индивидуално. :) Секој сам за себе.
 
Посакуваме да живееме во некој амерички филмски живот што може постои само на филм .

ШТО БИ ПРАВЕЛА 35 ГОДИШНА ЖЕНА САМА ВО МАКЕДОНИЈА????????
ке има швалер,кариера у некоја фирма што ке ја затворат за 3 години,а таа после ке дреме дома
 
Истото што би го правел и 35-40 годишен маж сам во Македонија.
И ако е сингл, тогаш нејзиниот партнер би се нарекувал љубовник, а не швалер... just saying :)
 
Тоа е се супер, но што ако не најдеш човек по мерка? За мене е многу подеструктивно да се земеш со некој туку така, за да не бидеш осамен, да направиш деца и да живееш мизерно и ти и човекот со тебе и децата кои ќе израснат во нехармонична средина.
Каков е тој човек по мерка?
 
Каков е тој човек по мерка?

Човек кој ќе биде компатибилен со тебе, со кого можеш да разговараш, човек кој ќе го сакаш и ќе те сака, со кого ќе имаш меѓусебна почит и разбирање. Човек со кого си горе-доле на иста бранова должина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom