Boss

  • Креатор на темата Креатор на темата Bateman
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Не знам колку од вас ја следат оваа нова серија која почна да се емитува октомври годинава.

Bossposter.jpg


Главен лик во серијата е градоначаликот на Чикаго Том Кејн ( го глуми Келси Грамер-ваљда така се чита- популарниот Ферјзер Крејн ) кој е бескрупулозен, човек без морал желен за моќ,на кој на почетокот на серијата му дијагностицираат неизлечива болест која му ги нарушува физичките и психичките функции и со тек на време ќе го направи неспособен за работа.

Серијата е политичка драма за безпоштедна борба за власт, интриги, скандали и сл. Мене лично ми е една од најдобрите серии моментално. Грамер во сосем друго светло од тоа што сме навикнати во Ферјзер, глуми неверојатно, дијалозите се одлични, има интересни ликови.

Серијата досега има пет епизоди, секој петок/сабота навечер излегува нова епизода, првата сезона има 8 епизоди, по 50 минути траат, серијата е веќе продолжена на втора сезона со 10 епизоди.
 
Ја има некој гледано серијава за да сподели мислења. На имбд има добра оценка.
 
Стварно никој не ја гледа серијава, фантастично е добра.
 
Стварно никој не ја гледа серијава, фантастично е добра.

Кој ти кажа дека не ја гледа? :) него дури сега гледам дека има тема, супер, а мислев да отворам :D

Серијата е многу добра, Kelsey Grammer е актериште, а и Connie Nielsen e исто така изворедна како негова жена, и нешто повеќе од тоа, ќерка им е исто така солидна актерка но како најсилен спореден лик во серијата би ја истакнал Kathleen Robertson, која разнесе со нејзината улога на перфектна секретерка, од секој можен аспект :icon_lol:

Тука би ги додал и Troy Garity како одличен лик за улогата на новинар - душкало, и се разбира Martin Donovan во улога на типичен советник, и сите благодети и зла кои доаѓаат од луѓето на ваква функција.

Се на се една страшно добра екипа, која несомнено е совршено избрана, серијава заслужува повисока оценка од 8.1.
 
Кој ти кажа дека не ја гледа? :)1.

Е сега, ако ја гледаш баш ме интересира, имаш позитивно мислење за Том Кејн или го гледаш како негативен лик. Јас мислам дека и да сакаш не може да не ти се допаѓа.

Едино нешто што во серијата ми е чудно, и ми смета помалце е тоа дека секој со секој имаше секс, и тоа онака како тоа ништо да не е.
 
Е сега, ако ја гледаш баш ме интересира, имаш позитивно мислење за Том Кејн или го гледаш како негативен лик. Јас мислам дека и да сакаш не може да не ти се допаѓа.

Едино нешто што во серијата ми е чудно, и ми смета помалце е тоа дека секој со секој имаше секс, и тоа онака како тоа ништо да не е.

Корупцијата и развратноста, се дел од високото општество, така да ништо чудно :D

За Кејн? све најдобро, каков лик, секоја чест! мислам дека ова е на ниво на квалитет на еми материјал, совршенство од глума!
 
Глумата на Келси Грамер е перфектна, од Крејн стана Кејн. И серијата во целина е одлична, по малку ме потсеќа на The Wire според брзината на одвивање на настаните, се е убаво полека разработено.
А за Том Кејн, нормално дека ќе навиваш за него, и во борба со болеста, и во борба со другите гадинки како него, ама не ми се веруваше кога ја шитна ќерка му, тоа беше бомба.
Два палци нагоре, и ја препорачувам на сите што се за врвна (политичка) драма, барем досега е таква.

Него и Коце вака ли решава проблеми, како Boss? :D
 
Глумата на Келси Грамер е перфектна, од Крејн стана Кејн. И серијата во целина е одлична, по малку ме потсеќа на The Wire според брзината на одвивање на настаните, се е убаво полека разработено.

Добра проценка другар, и јас осетив The Wire елементи, во обработката на ликовите како и во текот на серијата - сценариото, ама заборавив да спомнам, а баш тоа сакав прееска да го истакнам.

Иначе Келси Грамер, е маестрален, шокантен сум од неговите способности за трансформација, абе разара, во ниеден момент не ми остава барем малце да се осетам дека сепак е само серија а не реалност, толку добро оформен лик е просто невероватно, се разбира зборам за моментите додека гледаш активно, кога ќе престанеш сосема друг е филингот.

Како и да е, штета што за серијава од овој калибар има толку малце внимание на форумов, згора на тоа оцената на IMDB е малце ниска, мора да има барем 8.8/9-ка.

И да, Келси мора да биде во кандидатите за еми оваа година, едноставно мора.
 
Нели Грамер лани доби Еми за оваа улога?

Грешка, Golden Globe добил лани
 
Каква серија! каква брилијантност!! :cuc:
 
Заврши втората сезона, одлично финале, и подобро од што очекував. Ништо не може да го сруши Кејн.

Само многу криво ќе ми биде ако не ја продолжат серијта со трета сезона, проблем е што е многу малку медиски експонирана, а има квалитет за топ Тв серија во моментот.
 
Да да читав на IMDB се најавува евентуално откажување, значи ќе си пукам во колено, ваква серија да прекинат? :mad:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom