Борби со кучиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е грешка која многу ја прават,таа моќ треба да се потроши,потребни се долги прошетки,везден игра,а како што кажа Демијан,многу сакаат да влечат нешта,предмети.Ако не се шета и истрчува продолжително може дворот да ти го демолира,на една позната особа сите зелени храсти,така како грмуски и ги искорна,од сто му беше досадно,а она не го шеташе доволно.
Нешто тромаво бирај,мастивите скоро сите од наполитански...англиски(има гинеколку)дури и во стан се чуваат иако се огромни,булдок американски можеш ем се многу фенси,има женски да ти се лепат оти се неодоливи:smir:.На мене тоа ми беше пресудно и кога го нарачав прашав прво кои се помрзливи,несакам темпераментни оти неможам да му пружам се што му е потребно за да живее нормално.Со него одиме по ресторани,на летни тераси,и на фризер заедно одиме ми одговара на стилот да скратам.
 
Имам гледано во живо вакви борби уште како дете, тоа крв лета насекаде а околу луѓе се собираат и ги бодрат кучињата да се изедат. Најчесто не се оди до крај туку едниот се повлекува и сето тоа за добра сума пари
 
Борбите со кучиња се актуелна појава кај нас богзнае од кога. Дегенерици специјално одгледуваат огромни кучиња и ги хранат со живо месо за да станат подиви. Се обложуваат, и тоа големи пари паѓаат на овие настани.

Не сум запознаена со целиот процес на борење, не знам кога престанува борбата. Понекогаш кога едното куче ќе умре, а ако се смилуваат, тогаш го тргаат од борбата со сериозни повреди. Трагично.

Сум била сведок на неколку вакви „купци“ на кучиња кои ми нудеа пари да им продадам едно куче што го чувам во маало. Кучето е големо, прекрасно, силно, но мирно. Никогаш не би го дала на такви дивјаци, и ме интересира дали има некој закон со кој се забрануваат овие борби?
Можам да ги пријавам тие што ми нудеа пари?

Па уште кога видов дека една ваква борба се популаризира на еден дегенско-ретардирано-раперски спот онака „од финта“ ми прекипе. Па добро бе мајку му, како може некој да ужива во такви гнасотии? Сеуште ли постојат луѓе на примитивно гладијаторско ниво на развој?

Не е само тоа...говедата си ги вежбаат кучињата на обични улични кучиња. Еднаш едвај спасивме едно, го врзале за столб да не може да се брани и го с`снаа нивното да го распарчува.

Дегени, дегени, дегени.
Но што е најважно...

КАКО ПРОТИВ НИВ?
На ист начин. Врзување скотот на столб и му го пушташ токму неговиот пит бул да го глода.
 
Nema nikakva ubavina vo ova kuce,trebalo da se konsultiras so stilist pred da zemes.


Ејјјјјјј!Што ти е на тебе транвеститу еден?!Ти на мене ќе ми го вреѓаш кучето!Дојди кажи ми го тоа у лице,а не преку форуми.Сум требал со стилист да се консултирам.


Никој несмее да го вреќа моето куче!Нека биде јасно тоа!
 
Nema nikakva ubavina vo ova kuce,trebalo da se konsultiras so stilist pred da zemes.

Значи темава е за борби со кучиња, а не за убави/неубави кучиња.

А ова со стилистиве некоја мода? Каква убавина бараш од куче? Да го фарбаш и фризури да му правиш? Сешто, Боже, сешто.
 
Ццц темава од борби со кучиња ја направивте стилистички кучиња.Па дај луге не можете на некој да му кажете пример што чува пит-бул од мало,да го смени со чивава зашто само било опасно според некои луге што ги мразат тие кучиња.Сопственикот си го знае своето куче како очите и не може да го смени тоа никој,само заради тоа што сте гледале некои клипови со борби со кучиња.Не се истите кучиња тие.Јас сум против борбите со кучиња,треба таквите луге што дозволуваат да гинат нивните кучиња за само да земат пари,да изиграваат главни момци во маало и да се прават мафијаши,еден пиштол во глава и ај со здравје.

П.С-Јас порано имав германски овчар,ми почина:(:(,а како човек беше кучето.
Сега имам шарпланинец и кучето е за милина.
Со луге е од мало и со други кучиња,па сега кога го шетам секаде немам гајле,само некои се плашат од неговата големина,нема врска.
 
Значи темава е за борби со кучиња, а не за убави/неубави кучиња.

А ова со стилистиве некоја мода? Каква убавина бараш од куче? Да го фарбаш и фризури да му правиш? Сешто, Боже, сешто.


Да темава е за борби со кучиња,ама се сведува на плукање на расата Бит Бул од некои недоволно информирани луѓе.Едно нека е јасно дека во такви борби има секакви кучиња.Има шарпланинци,ротфајлери,стафорди,мелези,кафкавски офчари и многу други!

Значи ќе повторам по којзнае кој пат.Како ќе го научиш такво ќе биде кучето.Можам и пикинезер да спремам за борба!Доста веќе со таа предрасуда на питот.Има различни луѓе што чуваат ваква раса на куче,некој го чува од мерак,а некој за борба.Нема ништо лошо кај тоа куче ако го чуваш како што треба да се чува и негува!Храброста,одличната мускулатурна градба и пресилниот стисок на вилица се сепак маана на ова куче!Убиец не се раѓа!
 
Има еден идиот во Струмица, "рапер" e Геле го викат, прави вакви борби со кучиња. Идиотизам, незнам што да кажам друго.
 
е незнаев дека и кај нас ова го има а во америките лежат затвор и по 6-7 а можи и повеке години за оваа работа то треба да се убие ни затвор не помага за нив
 
имам другарче, со татко му чуваат Пит Бул. Кучето е убиец. Изгледа ептен страшно, како да е програмирано да убива, те јаде со поглед..
Го носат на борби со кучиња и можете да замислите кој е победникот..
Убива и волци...партали ги праи. Имам гледано и клипови и ептен се creepy.
Редовно има тренинзи и има специјална справа за него.
Јас сум дефинитивно против борби со кучиња.Тоа е болест човече.. :lud:
 
Имам еден другар навлезен е нешто во тој "филм", јас ни малку не се палам на вакви работи, гледав еднаш и ми станаа одвратни, греота бе за кучињата.
 
јас имам 3 куцинја шарпланинци па 1 во месецот ги борам
 
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=20347

Еве ви тема ако сакате да дискутирате за Пит Бул териерот и за другите раси за кои некои членови имаат предрасуди, во оваа дебатирајте со За или Против и зошто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom