Бора Бора - романтичниот остров

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Локација
Скопје
Бора Бора е остров од групата Заветрени Острови кои спаѓаат во Француска Полинезија. Се наоѓа на 260 километри од главниот град Папетеа. Опкружен е со корални гребени и лагуна. Во средината на островот се наоѓаат остатоци од некогашниот вулкан во облик на два врвови – Пахие и Отемануа кои достигаат висина до 727 метри

Во 2000 година бројот на популација изнесуваше 4 000. Најмногу е населен Ваитапе којшто се наоѓа на западниот дел на островот.

Името Бора Бора потекнува од тахичанскиот јазик и означува “Прво раѓање“. Изворно се изговара “пора пора“. Јадењето е ограничено на морско и кокосово.

За време на Втората светска војна, после јапонскиот напад на Перл Харбор на 7 декември 1941 година, Бора Бора станува јужнопацифичка американска воена база. Тоа го означува првото воено присуство во историјата на островот. Базата е затворена на 2 јуни 1946 година, меѓутоа голем број на војници останаа да живеат таму, заедно со нивната фамилија.

Денес островот зависи од туризам. Најмногу го посетуваат американски и јапонски туристи кои постојано доаѓаат на оваа туристичка дестинација и се воодушевени од прекрасната природа и преубавите плажи..

bora-bora-01.jpg
bora-bora-03.jpg
bora-bora-06.jpg
ugejtgrq1.jpg
og0tmp7o1.jpg
3riqqpcw1.jpg

Островов е прекрасен. Но по нашиве туристички агенции тешко да се види аранжмани за Бора Бора. Но и да има, скапи би биле. Така да, сега за сега можеме само со слики да поминеме.
 
букирај авион, букирај хотел и то је то, не ти треба никаков аранжман од туртистички агенции ;)
 
букирај авион, букирај хотел и то је то, не ти треба никаков аранжман од туртистички агенции ;)

Не е така едноставно како што мислиш. Треба неколку авиони да смениш до таму. За хотел е најлесна работа.
 
ништо страшно ;)
-и да умрам сега да не ми е жал
бар на слика ги видов
а да дојде лето ете ме пак на Пчиња
кој многу од “елите,вип,и кул“- ни на слика не ја виделе
 
bora-bora.jpg

cq5damweb720405.jpeg

Бора Бора, е островот дел од Француска Полинезија, кој е опкружен со лагуна и корални гребени… Овој остров, што во превод значи „ прво раѓање “ е сé поомилена дестинација помеѓу туристите… Оние кои биле, кажуваат дека Бора Бора е вистински рај кој не постои на друго место…
Островот е оддалечен околу 260 километри од главниот град Papeetea. Она што прво ќе Ве фасцинира се остатоците од некогашниот вулкан со облик на два врва, Пахие и Отемануа, обраснати со густа зелена шума. Најчеста храна на жителите во ова место се јадењата од кокос и морските плодови…
Првобитното население, овде се доселило пред 1.100 години, а за нивното постоење денес сведочат преубави храмови. На еден од храмовите се врежани и свети желки.
Прв Европјанец кој стапнал на овој преубав остров бил Џејмс Конор, кој после бродоломот во 1792 останал да живее таму, стапувајќи во брак со девојка, жител на Бора Бора.

Па бил некој од вас?
Или сака оди :ROFLMAO::vozbud:
 
Јако ќе биде сега некој да даде инфо за некој аранжман за таму.
Ако има нешто 10 дена 1500 евра нешто така,
не ќе да е лошо. :)
 
Си ја зацртав како крајна дестинација после цел свет, кога ќе се рока моја музика од шанковите а јас ќе си го ладам на бело песоче со исончани газиња, цициња мициња итн..здравје, после непал и тајланд, се гледаме на бора. Кој е за, нека пише ќе му пратам трансакциска.
 
Ја планирам за Аргентина да одам, па може од таму со некој брод да фатам, пошо сакам и р‘тот Добра надеж да го видам. ;)

Ќе ме земеш со тебе?! :pos:

Ех... со години барам ја некој што ќе ми прави друштво.
Ама се госпоѓи, никоја не сака да кампува во планина.
не и важно што ќе оди еве да речеме Кенија...
важно било кога ќе се вратиш да се пофалиш дека
си спиел во хотел....
Сите сакаат да спијат во хотелче со базенче со 5 ѕвездички...
и да слушам по цел ден....
ЛИЛАААААААААА, колку е топло овде... :facepalm:
 
Ова за Аргентина и Р'тот сериозно? :)Абе, и јас барам друштво за вакви дестинации, ама никој нејќе таму, сите сакаат на "поелитни" дестинации како Грција, Бугарија, Црна Гора... и тако даље.
п.с. Танзанија со Занзибар, е одлична дестинација ;)
 
Хотелот што го гледате на сликите е Four Seasons (ланец на хотели) и еве колку е математиката за 10 дневен престој (од 1 сеп до 10 сеп 2012) Confirm Your Stay.pngConfirm Your Stay.pngConfirm Your Stay.png
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom