TWEETY***
Мy life..my rules..any questions?
- Член од
- 18 февруари 2006
- Мислења
- 2.041
- Поени од реакции
- 66
- Возраст
- 36
рахитис
Во првите месеци најчесто заболување во детската возраст е рахитисот. Во зимските месеци многу полесно и побрзо се развива. Рахитисот е болест на најмладото доенче, болест на меки коски поради нарушена минерализација, поради дефицит или отсуство на витамин Д, кој учествува во ресорпцијата на калциумот и фосфорот во цревата, што е битно за минерализација на коските што растат. Причини што доведуваат до рахитис се: невнесување на витамин Д, нарушена ресорпција преку цревата, болестите на црниот дроб и на бубрезите. Се јавува и кај деца што примаат некои лекови што го нарушуваат метаболизмот на витаминот Д.
Рахитисот е болест на зимскиот период, поради отсуство на сонце, кое е битно во создавање на витаминот Д во кожата. Најчесто се развива во периодите на детството кога растот е најбрз и тоа до една година, од третата до четвртата година и во пубертетот. Од рахитис се разболуваат деца што не добиваат Д-витамин или не се изложени на сонце и воздух. Првите знаци на рахитисот се невролошки (често го врти главчето и на задниот дел од главата му паѓа косичката), потење и меки коски. Најрано се јавува краниотабес - омекнување на коската на тилот на главата. Со појак притисок на коската на главата таа се вдлабнува како тениско топче. Тоа се појавува уште во вториот месец на животот. Друг знак на меки коски е еднострана залежаност на главата и создавање на деформитет на главата. Натамошни знаци се задебелување на рачниот зглоб, рахитисички бројаници на ребрата, рахитисогена тетанија или грчеви, рахитисична тифоза (кога ќе седне детето, со горниот дел паѓа напред) и хипотонија на мускулатурата (големо стомаче).
Дијагнозата се поставува врз база на биохемиските знаци: калциумот е нормален во крвта и ако ресорпцијата е намалена тој се ослободува од коските. Калциумот паѓа само напролет ако нема витамин Д и калциум преку уста. Тогаш децата ги добиваат тие рахитисични грчеви.
Концентрацијата на фосфорот е намалена поради намалената ресорпција во цревата. Алкалната фосфатаза е зголемена како знак дека е зголемена активноста на остеокластите. Дијагнозата лесно се поставува врз база на клиничките знаци и зголемената алкална фосфатаза. Нема потреба од радиолошко испитување на зглобовите за докажување на дијагнозата. Лекувањето на рахитисот е со давање на вообичаени дози на витамин Д, 5,000 дневно во вид на капки, преку уста во тек на три недели.
Заштита од рахитис кај новороденото е давање витамин Д уште од првите денови. Дозата на витаминот Д зависи од поднебјето во кое детето живее, од животните услови, од начинот на исхрана, а може да има улога и конституцијата, па дури и расата.
Средна дневна доза витамин Д се смета дека е 400 единици во капки или во таблети. Во втората и третата година на детето му се дава иста доза само во зимските периоди. Водниот раствор има предност пред маслениот (вигантол) поради неговата подобра ресорпција. Моновитаминската терапија - само витамин Д, има предност пред АД-солуцијата. Деца на мајчино млеко, на вештачка исхрана хранети со индустриски млека во кое има додадено 400 единици витамин Д во литар, ја добиваат истата доза. Кај деца што брзо растат и кај недоносени деца се даваат 1000 единици дневно. Кај деца со болести на црниот дроб (болести во цревата, кога е нарушена ресорпцијата), витамин Д се дава инфрамускулно (во инјекција) и тоа 50 илјади еднаш месечно. Деца што примаат терапија за превенција против грчеви треба да добиваат 1000 единици дневно. Ударни профилактични дози од 200 и 300 илјади не се даваат поради нивното токсично дејство (анорексија - намален апетит, повраќање, затвор и хипотонија или млитавост на мускулатурата). Потребна е исхрана богата со калциум (млеко и млечни производи) и престој на воздух со многу сонце.