Болести на коските

  • Креатор на темата Креатор на темата TWEETY***
  • Време на започнување Време на започнување

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Возраст
36
рахитис

Во првите месеци најчесто заболување во детската возраст е рахитисот. Во зимските месеци многу полесно и побрзо се развива. Рахитисот е болест на најмладото доенче, болест на меки коски поради нарушена минерализација, поради дефицит или отсуство на витамин Д, кој учествува во ресорпцијата на калциумот и фосфорот во цревата, што е битно за минерализација на коските што растат. Причини што доведуваат до рахитис се: невнесување на витамин Д, нарушена ресорпција преку цревата, болестите на црниот дроб и на бубрезите. Се јавува и кај деца што примаат некои лекови што го нарушуваат метаболизмот на витаминот Д.

Рахитисот е болест на зимскиот период, поради отсуство на сонце, кое е битно во создавање на витаминот Д во кожата. Најчесто се развива во периодите на детството кога растот е најбрз и тоа до една година, од третата до четвртата година и во пубертетот. Од рахитис се разболуваат деца што не добиваат Д-витамин или не се изложени на сонце и воздух. Првите знаци на рахитисот се невролошки (често го врти главчето и на задниот дел од главата му паѓа косичката), потење и меки коски. Најрано се јавува краниотабес - омекнување на коската на тилот на главата. Со појак притисок на коската на главата таа се вдлабнува како тениско топче. Тоа се појавува уште во вториот месец на животот. Друг знак на меки коски е еднострана залежаност на главата и создавање на деформитет на главата. Натамошни знаци се задебелување на рачниот зглоб, рахитисички бројаници на ребрата, рахитисогена тетанија или грчеви, рахитисична тифоза (кога ќе седне детето, со горниот дел паѓа напред) и хипотонија на мускулатурата (големо стомаче).

Дијагнозата се поставува врз база на биохемиските знаци: калциумот е нормален во крвта и ако ресорпцијата е намалена тој се ослободува од коските. Калциумот паѓа само напролет ако нема витамин Д и калциум преку уста. Тогаш децата ги добиваат тие рахитисични грчеви.

Концентрацијата на фосфорот е намалена поради намалената ресорпција во цревата. Алкалната фосфатаза е зголемена како знак дека е зголемена активноста на остеокластите. Дијагнозата лесно се поставува врз база на клиничките знаци и зголемената алкална фосфатаза. Нема потреба од радиолошко испитување на зглобовите за докажување на дијагнозата. Лекувањето на рахитисот е со давање на вообичаени дози на витамин Д, 5,000 дневно во вид на капки, преку уста во тек на три недели.

Заштита од рахитис кај новороденото е давање витамин Д уште од првите денови. Дозата на витаминот Д зависи од поднебјето во кое детето живее, од животните услови, од начинот на исхрана, а може да има улога и конституцијата, па дури и расата.

Средна дневна доза витамин Д се смета дека е 400 единици во капки или во таблети. Во втората и третата година на детето му се дава иста доза само во зимските периоди. Водниот раствор има предност пред маслениот (вигантол) поради неговата подобра ресорпција. Моновитаминската терапија - само витамин Д, има предност пред АД-солуцијата. Деца на мајчино млеко, на вештачка исхрана хранети со индустриски млека во кое има додадено 400 единици витамин Д во литар, ја добиваат истата доза. Кај деца што брзо растат и кај недоносени деца се даваат 1000 единици дневно. Кај деца со болести на црниот дроб (болести во цревата, кога е нарушена ресорпцијата), витамин Д се дава инфрамускулно (во инјекција) и тоа 50 илјади еднаш месечно. Деца што примаат терапија за превенција против грчеви треба да добиваат 1000 единици дневно. Ударни профилактични дози од 200 и 300 илјади не се даваат поради нивното токсично дејство (анорексија - намален апетит, повраќање, затвор и хипотонија или млитавост на мускулатурата). Потребна е исхрана богата со калциум (млеко и млечни производи) и престој на воздух со многу сонце.
 
РБЕТЕН СТОЛБ

Проблемите кои се јавуваат на рбетот се многу и варираат. Околу 20 милиони нервни влакна поминуваат низ рбетниот столб. Некои од нив носат информации кон мозокот, мускулите, цревата, внатрешните органи, и обично низ целото тело.
Овие нерви излегуваат преку задната страна на рбетниот столб и од таму кон целото тело.
Лошото држење (став), стресот, остри движења, паѓање, лоша исхрана или лош душек можат да предизвикаат два вида на проблеми кај рбетниот столб:
1. Изместување на еден од прешлените од своето место на кое обично е споен со другите соседни прешлени. Ова е најчест проблем кај 70% од случаите.
2. Дискус хернија: друг тип на проблем е дискус хернија (дисковите се направени од рскавица и формираат еден вид на ублажувач на удари помеѓу два прешлена).
Кога дискот ќе ја изгуби својата форма и ќе излезе помеѓу прешлените поради низа причини, тоа се нарекува хернија.
Секој од овие два проблеми може да притисне некој од нервите кои поминуваат преку рбетниот столб до целото тело, предизвикувајќи многу видови на проблеми, од главоболки и болки во стомакот па до болки во грбот познати како лумбаго.
Ние ќе се концентрираме особено на болките од горниот дел до тртичната коска (долниот крај на рбетот).


OrrangeArrow.gif
Симптоми:

болка во грбот е многу честа кај постари луѓе.
Болка, која е предизвикана од било која од претходно споменатите причини, обично го зафаќа горниот дел од грбот (зафаќајќи ги дисковите помеѓу петтиот, шeстиот и седмиот вратен прешлен) и го отежнува седењето подолг временски период.
Друг чест проблем се јавува на базата на рбетниот столб (дисковите помеѓу третиот, четвртиот и петтиот слабински прешлен) отежнувајќи го движењето и стоењето на едно исто место подолго време.
Овие болки обично се нагли, остри болки особено оние во долниот дел на грбот. Болка во долниот дел на грбот може да биде предизвикана со притискање на ишијадичниот нерв при што болката се протега до стапалото.

OrrangeArrow.gif
Причини:

има многу причини: пад, лошо држење на работа или при учење, спиење на лош душек, сообраќајна несреќа, повреда при спортување или вежбање, тумор, инфекција, гојазност, стрес итн. Деформација или проблем во рбетниот столб може да бидат предизвикани од некоја болест на коските, зглобовите или мускулите како што е остеопороза, реуматоиден артрит и остеоартрит.


OrrangeArrow.gif
Препорачан третман:

Најдобро е да се појде на ортопед кој ќе направи рендген снимка и внимателно ќе го проучи проблемот.
Следново се некои совети, вежби и предложени хранливи додатоци кои ќе помогнат во олеснување на болката во грбот, кај помалку сериозни случаи:
Ставете топло: ставете топло на болниот дел од грбот употебувајќи термофор. Држете го барем 10 минути. Ако го употребувате овој третман со топлина, топлината може да предизвика и болка на местото каде што сте ја аплицирале. Во тој случај обидете се со:
а) ќесе со лед: ставете неколку коцки лед во крпа и ставете ги на болното место. Ова е особено од корист ако сте претрпеле повреда и почнува да се јавува оток. Ледот ќе го намали воспалението и ќе ја намали болката во поголемиот број од случаите. Како и при третманот со топлина, треба да го употребите оној третман кој најмногу Ви одговара.
б) Апликација на топло и ладно: почнете со нанесување на топлина 10 минути, потоа 10 минути ладно (лед), и потоа 10 минути одмор, без ништо. Продолжете го ова до еден час. Овој метод е најчест и најпрепорачуван од специјалисти.
ц) Аналгетски масла. Постојат најразлични видови на масла на пазарот. Сепак бидејќи е откриено дека смесата од алое со еукалиптус (топол лосион) дава одлични резултати во олеснување на болката, било да е во мускулите или во зглобовите и рбетниот столб. Алоето има одлични својства за намалување на воспалението и пробива длабоко, работејќи каконосач за транспорт на други елементи како што е еукалиптус. Исто така ја намалува болката.
д) Вежби за намалување на болката.
не треба телото да Ви биде ладно кога почнувате со вежбање. Затоа прво загрејте се, или со покривање со ќебе или со лесни вежби за загревање.
1). Легнете на земја на ќебе пружено преку душек. Доближете ја левата нога кон телото, ставајќи ги рацете така што да ја држите надколеницата прегрната. Дишете нормално. Почувствувајте го затегањето во грбот додека десната нога Ви стои исправена. Држете ја ногата свиткана кон телото три секунди, потоа истегнете ја назад и одморете се. Направете го истото и со другата нога. Направете ја оваа вежба 10 до 15 пати со секоја нога.
2). Свиткајте го рбетниот столб во слабинскиот дел.
Ротацијата на рбетниот столб е нормално движење, кое треба да го направите од време на време за да ја одржите мобилноста и флексибилноста на рбетот, помагајќи ја наместеноста на прешлените.
Следната вежба ќе даде подвижност во слабинскиот предел на рбетниот столб.
Легнете на земја на грб со раширени раце. Свиткајте ги нозете во колена и потоа завртете го целиот долен дел на телото на лево, а потоа на десно неколку пати.
Направете ја оваа вежба неколку пати пополека, држејќи ги колената во место и останете на секоја страна по пет секунди.
3). Друга корисна, едноставна вежба: седнете на работ на Вашиот кревет со стапалата на земја малку раширени. Ставете ги рацете на страните на креветот и нежно наведнете се напред неколку секунди (10 до 15). Почувствувајте го затегањето во рбетниот столб и дозволете му на задниот дел на рбетот да се отвори. Полека исправете се помагајќи се со рацете. Направете го ова 10 пати.
4). Треба да спиете на страна со нозете свиткани во фетусна положба. Ова ќе ги отвори прешлените, олабавувајќи ги дисковите и нервите. Со оваа положба Вашиот грб добро ќе се одмори.
Се препорачува да ставите мала перница меѓу нозете за да ги одделите малку. Не поминувајте премногу време седејќи или стоејќи во исто место. Пред све, ако возите, немојте да возите повеќе од 30 минути без одмор.
Исхрана:
Коските кои се кршливи, слаби, декалцифицирани, инфицирани, воспалени или скршени бараат многу хранливи додатоци за да заздрават.
Стресот предизвикува брзо губење на минерали во коските и го блокира форммирањето на нови протеини. Кортизонот, кој се секретира во текот на стрес, извлекува калциум од коските.
Магнезиумот и витаминот Д се есенцијални за абсорбција на калциум, основен елемент на коските.
Витаминот Е ги одржува коските флексибилни.
Витаминот Ц ги одржува коските здрави и врши превенција на инфекции.
Исто така, потребни се и протеини за поправање и одржување на коските.
Во согласност со ова постои само една работа што треба да се нагласи: единствениот сигурен начин за превенција на болката во грбот е добрата физичка кондиција. Исто така треба да се биде свесен за начинот на кој некои активности треба да се изведуваат. Еве неколку корисни совети од физикален терапевт:
Никогаш не подигајте товар употребувајќи ги грбните мускули. Наместо тоа, свиткајте ги колената и подигнете со нозете, стомакот, рацете и рамените мускули.
Прегрнете го предметот. Откако ќе го подигнете предметот, држете го блиску до Вашето тело. Ако држите нешто тешко подалеку од Вашето тело, тогаш грбот е изложен на голем притисок.
Вртете се, немојте само да се виткате во половина. Телото не е создадено за седење подолго од 20 до 30 минути. По седење повеќе од еден саат, притисокот на рбетниот столб значително се зголемува. Тоа е доволна причина за да станете на секои половина час и да се разодите на Вашето работно место.
Подигнете ги стопалата. Со дигање на Вашите стопала на столче или на некој друг подигнат предмет се намалувапритисокот од стоењето. Ако останете во истата положба подолго време, сменете ја ногата на која ја префрлате тежината.
Раздвижете се. Обидете се да не останете во истата положба или на истото место подолг временски период. Држењето на телото почнува да се менува по 20 до 30 минути стоење.
Наведнете се малку. Ако останете да седите малку, станете и свиткајте го грбот наназад неколку пати дневно. Луѓе кои стојат подолг временски период или подигнуваат многу работи над глава треба да го извиткаат грбот нанапред. Седнете во столица и обидете се да ги допрете колениците со рамениците.
Одморете се. Грбовите на возачите на камиони завршуваат прилично оштетени, заедно со стресот од седењето подолг временски период, тие исто така трпат од тресењето предизвикано со движењето на камионот. Сите возачи на камиони треба да запираат како што е пропишано и да поодат и да се протегнат.
 
АРТРИТ

Артритот се јавува како болка или воспаление и/или разградување на зглобовите.
Постојат два типа:
1). Остеоартрит е деформација која се формира кога рскавицата меѓу коските се разградува, до степен на исчезнување на рскавицата, предизвикувајќи триење на коските една од друга, најчесто на краевите.
2). Реуматоидниот артрит, кој е различен од остеоартритот во тоа што се јавува по целото тело, ја воспалува рскавицата и зглобната мембране, каде што коските се поврзуваат. Ова предизвикува губење на синовијална течност (масна течност која служи за подмачкување и заштита од триење и дегенерација на коските).
Оваа болест не е честа, но кога ќе се случи бара медицински третман

OrrangeArrow.gif
Симптоми:
воспаление и болка во зглобовите, која прво почнува во шаките и стапалата, но исто така може да се јави и во рбетниот столб и во други делови на телото. Влажната клима и студеното време ја зголемуваат болката. Движењето може да биде отежнато и исто така може да предизвика деформација во зафатената регија на телото (шаки, стопала итн.). Воглавно се зголемува со промената на времето, ограничувајќи ја слободата на движењето.

OrrangeArrow.gif
Причини:

Се препорачува да се елиминира црвено месо, алкохол, цигари и други токсични елементи. Алергија на одредена храна може да предизвика воспаление во зглобовите. Најчести се: брашно, шеќер, полномасно млеко, компири и црн пипер. (Пробајте ги овие внимателно за да видите дали некое предизвикува воспаление во зглобовите).
-Избегнувајте путер и пржена храна
- Црвеното месо содржи масна киселина наречена Арашидонска киселина. Оваа киселина во голем дел допринесува за воспаление на ткивата.
- Вегетаријанската диета го попречува и блокира процесот, а арашидонксата киселина се претвора во вопалителни простагландини.
- Истите користи се најдени и при консумирање на рибино масло од свежа риба која содржи полинезаситени масни киселини (ЕПА) (корисни масти) како Омега-3 и Омега-9, или олеинска киселина која се наоѓа во маслиновото масло.
- Токму поради ова се препорачува да се јаде многу риба како што се сардина, туна, лосос заедно со големи количества на маслиново масло.
Откриено е дека боровинките, кои се од истото семејство како и капините, јагодите и црешите, претежно со темно воилетова-сина боја, содржат биофлавеноиди кои се однесуваат како антивоспалителни и анти-оксидирачки агенси (нектар од Алое Вера со боровинки ги зајакнува и многукратно ги зголемува резултатите).
Цврсто се препорачува да се консумира овој тип на овошје во големи количества. Истиот третман се препорачува при болка во коските.
Други елементи кои се ефективни против реуматоиден артрит се:
-Селен, моќен антиоксидант кој игра важна улога во блокирањето на производството на воспалителни простагландини.
-Витамин Е, кој комбиниран со селен е многу помоќен

Други корисни елементи се:
-Цинк
-Витамин-Ц и магнезиум
- Гинсенг
Овие му помагаат на телото да се адаптира во моментите на стрес и тензија, овозможувајќи на надбубрежната жлезда адекватно да ги секретира телесните антивоспалителни и стабилизирачки хормони, со што се успоруваат или дури елиминираат проблемите предизивикани од реуматоиден артрит. Откриено е дека стресот го предизвикува овој тип на артрит.
Добар начин да се детоксицира телото е преку постење 1 до 3 дена, консумирајќи најмногу овошни сокови.
Пробиотикот и Алое Вера гелот се многу препорачливи поради нивната силна прочистителна и детоксицирачка моќ во цревата.


OrrangeArrow.gif
Препорачан третман:

Не консумирајте црвено месо
- Земајте рибино масло со Омега-3
- Зголемете го внесот на бакалар, сардине, туна и маслиново масло Омега 9
- Многу портокали и грејпфрут (Вита. Ц)
- Многу свеж зеленчук во салати.
- Големи количества на јагоди, цреши и боровинки
- Минимизирајте го внесот на сол, шеќер и брашно.
- Испијте 1 или 2 чаши обрано млеко дневно (содржи големи количества калциум кој е важен)
- Јадете сирење и интегрална пченка
- Се препорачува да се земаат Витамини А, Б комплекс, Ц и Е и минералите: селен, манган и калциум.
 
Коскени скршеници се случуваат случајно или поради некој недостаток како Витамин Д и Калциум. Можат да се јават и поради остеопороза.


Симптоми: Деформација на екстремитетот, попречено нормално движење на екстремитетот, болка, или чувство на триење меѓу коските.


Причини: Несреќи, недостаток на калциум, остеопороза, итн.

Препорачан третман:
Првин, имобилизирајте го лицето со фрактура и хитно однесете го на лекар да ги намести коските исправно за да можат да зараснат. При зараснувањето мора да се формира ново ткиво за да зараснат коските и да се поправи оштетеното ткиво.
Поради тоа, потребно е следново: протеини, минерали, (калциум, фосфор, магнезиум и калиум) и витамин А, Ц и Д.
Се препорачува да се прекине со јадење на рафинирани јаглехидрати како што е кристалниот шеќер бидејќи го елиминираат калциумот.
 
ОСТЕОПОРОЗА

Остеопороза се јавува кога ќе се намали вкупната маса на коските, оставајќи ги нежни и кршливи. Ова е честа болест која се јавува кај жените во менопауза.


Симптоми: коски кои лесно се кршат, болка околу коската или намалување на должината на коската. Оваа болест обично се јавува кај жени кои имаат 30% намалена коскена маса. Се јавува во почетокот на 40-тите години од животот и ги зафаќа околу 25% од жените во менопауза.


Причини: -неспособност за абсорпција на доволно калциум преку цревата
- нерамнотежа меѓу фосфорот и калциумот
- недостаток на естроген (хормон) кај жените
- недостаток на физички активности
- недостаток на Витамин Д кој е потребен за абсорпција на калциум.


Препорачан третман: Најчесто предложен третман е диета богата со:
Минерали: калциум, магнезиум, фосфор, бакар и флуор и витамини: Ц, Д, Е и Б12; заедно со протеини.
Млечни продукти како млеко, сирење и јогурт содржат многу калциум.
ВНИМАНИЕ! Остеопорозата може да предизвика непоправлив деформации на рбетот. Не престанувајте со земањето на калциум по 40-годишна возраст, особено ако сте жена.


 
Сколиоза

Што е сколиоза?
Нормално, рбетот има три кривини, една на вратот, една во горниот дел на грбот и една во долниот дел од грбот. Овие кривини може да се видат ако детето се посматра странично, но ако се гледа од назад рбетот изгледа прав. Сколиоза е странично искривување на рбетот. Наместо да биде прав, тој добива облик на буквата S или на буквата C.

Што ја предизвикува?
  • Во најголемиот број на случаи, не знаеме што ја предизвикува.Тоа е т.н. идиопатска сколиоза.
  • Кај некои деца постојат други проблеми, како повреди кои доведуваат до мускулен спазам, повреди на рбетот, нееднаква должина на нозете или проблеми со мускулната контрола ( на пр. церебрална парализа), кои доведуваат до странично искривување на рбетот. Ако овие проблеми можат да се излекуваат ќе се излекува и сколиозата.
Кој може да ја добие?
Може да ја добие секој, во било која возраст. Почесто се јавува кај девојчиња отколку кај машки. Апроксимативно 1:10-20 девојчиња развиваат сколиоза во периодот на интезивен раст, во раната адолесценција ( од 9-14 години). Во најголем број на случаите сколиозата е блага и нема потреба од третман. Кај машки , сколиозата е поретка. Кај нив најчесто се јавува на возраст помеѓу 12-14. Може да се јавува фамилијарно. Ако родителот, братот или сестрата имаат сколиоза треба да се прегледа детето.Кои се знаците и симптомите?
  • Обично нема болки.
  • Едното рамо е повисоко од другото.
  • Нееднаков ( ирегуларен) струк .
  • Едниот колк е повисок од другиот.
  • Наведнатост кон едната страна.
  • Ребрата се испакнати на едната страна од градниот кош.
  • На рентгенска слика се гледа сколиоза
Како се третира?
  • Повеќето деца немаат потреба од третман. Единствено треба да одат на контролни прегледи, за да лекарот види дали се влошува искривувањето.
  • Ако се влошува, докторот може да предложи детето да носи корсет. Корсетот оди под рацете и го опфаќа градниот кош, долниот дел на кичмата и колковите.
  • Ако и понатаму продолжува искривувањето докторот може да советува хируршка интервенција со која ќе се исправи кичмата. Обично хируршката интервенција е успешна.
Дали може да се превенира?
Не. Сколиозата не може да се превенира.
 
Osteoporoza

Osteoporozata e mnogu cesto zaboluvanje koe se karakterizira so namaluvanje na gustinata na koskite, a bukvalno znaci "porozni koski".
Najseriozni posledici od ovaa bolest se skrsenici na koskite obicno na prslenite, na kolenata i na podlakticata duri i po minimalen udar ili paganje.
Osteroporozata e narecena uste i tivka epidemija a ovoj zvucen prekar go nosi zatoa sto sipmtomite na bolesta potesko se zabelezuvaat od strana na pacientite, pa duri i od strana na lekarite.No za smetka na toa, komplikaciite seriozno go zasegaat zaboleniot i moze da dovedat do invaliditet, pa duti i do smrt.
Od ovaa bolest stradaat duri 250 milioni luge niz cel svet.
Za sekoja vtora zena i za sekoj osmi maz, postari od 50 godini postoi rizik od ovaa bolest, a se ocekuva do 2025 godina brojot na zitelite nad 50 godini bolni od osteoporoza da se udvoi.
Vo R. Makedonija ima okolu 130 000 potencijalno zaboleni koi poradi namalena cvrstina na koskite se izlozeni na visok rizik od seriozna skrsenica predizivkana od osteoporoza.
Lekuvanjeto na ovaa bolest treba da bide vo prosek najmalku od 3 do 5 godini za da dojde do nadoknaduvanje na zagubenata koskena gustina.
 
TWEETY*** напиша:
АРТРИТ


OrrangeArrow.gif
Симптоми:
воспаление и болка во зглобовите, која прво почнува во шаките и стапалата, но исто така може да се јави и во рбетниот столб и во други делови на телото. Влажната клима и студеното време ја зголемуваат болката. Движењето може да биде отежнато и исто така може да предизвика деформација во зафатената регија на телото (шаки, стопала итн.). Воглавно се зголемува со промената на времето, ограничувајќи ја слободата на движењето.

OrrangeArrow.gif
Причини:

Се препорачува да се елиминира црвено месо, алкохол, цигари и други токсични елементи. Алергија на одредена храна може да предизвика воспаление во зглобовите. Најчести се: брашно, шеќер, полномасно млеко, компири и црн пипер. (Пробајте ги овие внимателно за да видите дали некое предизвикува воспаление во зглобовите).
-Избегнувајте путер и пржена храна
- Црвеното месо содржи масна киселина наречена Арашидонска киселина. Оваа киселина во голем дел допринесува за воспаление на ткивата.
- Вегетаријанската диета го попречува и блокира процесот, а арашидонксата киселина се претвора во вопалителни простагландини.
- Истите користи се најдени и при консумирање на рибино масло од свежа риба која содржи полинезаситени масни киселини (ЕПА) (корисни масти) како Омега-3 и Омега-9, или олеинска киселина која се наоѓа во маслиновото масло.
- Токму поради ова се препорачува да се јаде многу риба како што се сардина, туна, лосос заедно со големи количества на маслиново масло.
Откриено е дека боровинките, кои се од истото семејство како и капините, јагодите и црешите, претежно со темно воилетова-сина боја, содржат биофлавеноиди кои се однесуваат како антивоспалителни и анти-оксидирачки агенси (нектар од Алое Вера со боровинки ги зајакнува и многукратно ги зголемува резултатите).
Цврсто се препорачува да се консумира овој тип на овошје во големи количества. Истиот третман се препорачува при болка во коските.
Други елементи кои се ефективни против реуматоиден артрит се:
-Селен, моќен антиоксидант кој игра важна улога во блокирањето на производството на воспалителни простагландини.
-Витамин Е, кој комбиниран со селен е многу помоќен

Други корисни елементи се:
-Цинк
-Витамин-Ц и магнезиум
- Гинсенг
Овие му помагаат на телото да се адаптира во моментите на стрес и тензија, овозможувајќи на надбубрежната жлезда адекватно да ги секретира телесните антивоспалителни и стабилизирачки хормони, со што се успоруваат или дури елиминираат проблемите предизивикани од реуматоиден артрит. Откриено е дека стресот го предизвикува овој тип на артрит.
Добар начин да се детоксицира телото е преку постење 1 до 3 дена, консумирајќи најмногу овошни сокови.
Пробиотикот и Алое Вера гелот се многу препорачливи поради нивната силна прочистителна и детоксицирачка моќ во цревата.


OrrangeArrow.gif
Препорачан третман:

Не консумирајте црвено месо
- Земајте рибино масло со Омега-3
- Зголемете го внесот на бакалар, сардине, туна и маслиново масло Омега 9
- Многу портокали и грејпфрут (Вита. Ц)
- Многу свеж зеленчук во салати.
- Големи количества на јагоди, цреши и боровинки
- Минимизирајте го внесот на сол, шеќер и брашно.
- Испијте 1 или 2 чаши обрано млеко дневно (содржи големи количества калциум кој е важен)
- Јадете сирење и интегрална пченка
- Се препорачува да се земаат Витамини А, Б комплекс, Ц и Е и минералите: селен, манган и калциум.
Фино што си ги постирала овие информации, али пошо имам реуматичен артрит у комбинација со рејнов синдром, морам да кажам дека режим на исхрана и разни сумплементи баш и не се некое ефикасно решение. Болеста првпат ми ја дијагностицираа на 15-ет години и тогаш конзумирав секаква храна.Сега веќе две години сум веганец и зимам секој ден по шака суплементи, а симптомите и состојбата ми се апсолутно непроменети. Така да малку ми е дискутабилен третманов со храна. А, и луѓето што ги гледам на реуматологија најчесто примаат инекции(и тоа само за да им се намалат болките, а не за да им ја лечат болеста) или па пијат јаки анти-реуматици.
 
Болести на коските

Постојат разни заболувања на коските, меѓутоа се смета дека Артритисот и Остеопорозата се едни од најчестите заболувања, кои предизвикуваат промени на коските, а со тоа и доведуваат и до сериозни функционални поремтувања. Поради тоа Македонското Австралиско Добротворно Друштво од Сиднеј Инк. (Macedonian Australian Welfare Association of Sydney Inc. – MAWA) во рамките на проектот за помош на изолираните семејства во западниот дел од Сиднеј, одржа информативна сесија на ова тема, со групата за подршка од Bankstown.
На сесијата беа дискутирани повеќе прашања од оваа област, кои предизвикаа голем интерес. Се надеваме дека овие информации ќе бидат корисни и за Вас.


А р т р и т и с

Артритисот е едно од најчестите заболувања кај луѓето. Според најновите податоци скоро 10% од насeлeниeто во Австратиjа e погодeно со артритис, и приближно околу 1,500,000 луѓe болeдуваат од оваа болeст. Артритисот сe jавува на сeкоjа старосна возраст. До сeга сe познати околу 150 видови на артритис и сeкоj вид различно сe лeкува, затоа e важно да сe знаe од коj вид артрит сe болeдува. Така на пример, остеоартритот е најчестиот вид на артритис, додека реуматоидниот артрит е најтешко заболување на коските, кое што доведува до најголеми промени на коските и со ограничена функционалност на целокупниот коскен систем

  • 1. Остеоартритот (често познат кај луѓето само како ‘артритис‘) е дегенеративно заболување на зглобовите, што доведува до уништување на зглобната ‘рскавица, така што коските се незаштитени и почнуваат да се тријат една од друга. Најчесто зафатени зглобови се: колковите, колената, долните делови од ‘рбетот и малите зглобови на рацете. Се јавува најчесто кај мажи пред нивната 45-та година и кај жени после нивната 55-та година од животот. Како фактори кои может да го зголемат ризикот и доведат до појава на остеоартрит се: повреда на зглобоот, постојано излозување на притисок врз еден или повеќе зглобови, зголемена телесна тежина, или генетски фактори (фамилијарна историја).
Најчестите симптоми на остеоартритот се болка, како резултат на остетените зглобови (поточно зглобнита ‘рскавица). Во текот на денот, со движењето на зглобовите, болката се зголемува. Се јавува и ‘утринска вкочанетост‘, која може да трае околу половина час по станувањето од кревет. Може да се јави оток на заболениот зглоб (или зглобови), како и чувство на топлина. Исто така, може да се појави и т.н. коскени израснувања, што од своја страна доведуваат на ограничени движења во заболените зглобовите.
Дијагнозата се поставува врз основа на прегледот што ќе ви го направи вашиот доктор, земајќи ги во обзир симптомите на кои се жалие, како и рендгенската снимка на болниот зглоб и тестови на крвта.
Терапијата на остиоартритот, во главно е насочена кон решавањето, односно намалувањето на болката и на воспоставување на функционалност на заболениот зглоб. За таа цел, вашиот доктор може да ви препише медикаментозна терапија што ќе го намалат воспалението и ублажат болката на зглобот. Понатаму, физиотерапијата е добра за да го зацврсне и стабилизира оштетениот зглоб. Исто така препорачано е да се намали, како и да се внимава на телесната тежина. Алтернативната терапија како што е масажата и акумпунктураат можат исто така да помогнат при ова заболување. Рeуматоидeн артрит e чeсто заболувањe, така што околу 1-3% од насeлeниeто на Австралиjа болeдува од оваа болeст. Наjчeсто сe зафатeни ситнитe зглобови, како на примeр, ониe на шакитe, стоплата, глуждовитe, лактитe и колeницитe.

  • 2. Болeста можe да започнe одeднаш, но наjчeсто таа полeка сe развива, почнуваjќи нeкадe околу 25-та година од животот, за да околу 50-тата ги покажe своитe видливи знаци.

Причнитe кои довeдуваат до оваа болeст нe сe познати, но сe вeрува дeка таа настанува како рeзултат на порeмeтувањата во самиот имун ситeм на човeкот, и тоа каj ониe луѓe каj кои постои гeнeтска прeдодрeдeност за оваа болeст. Тоа значи, ако иматe нeкоj близок роднина коj има рeуматоидeн артрит, ризикот за вас e многу поголeм да и виe jа добитe оваа болeст во тeкот на вашиот животeн вeк.

Симптоми се потeчeни, вкочанeти, болни зглобови. Постои утринска вкочанeтост на зглобовитe, но исто така постои вкочанeтост и послe подолго сeдeњe или лeжeњe. Болка или осетливоста се повторува, а постои и видливо црвeнило и топлина на кожата над самиот зглобот.

Покрај овие, постојат и така наречени општи симптоми како што се: чувство на замор, мускулна слабост, губeњe на сонот и општо чувство на лоша здравствeна состоjба.
Ако болeста нe сe лeкува, тогаш e можно да сe jават разни стeпeни на инвалидитeт. Соврeмeната тeрапиjа e на такво ниво што можe да спрчи сeриозeн инвалидитeт, сe разбира ако болeста сe откриe доволно рано и ако вeднаш сe започнe со тeрапиjа.

Вашиот доктор jа поставува диjагнозата врз основа на општ прeглeд, вклучуваjчи го и прeглeдот на на вашитe зглобови, испитувањe на вашата фамилиjарна историjа, тeстови на крвта, како и рендгенска снимка.

Што трeба виe да направитe?

• Во колку e потрeбно, намалeтe jа вашата тeжина и внимаваjтe да иматe добро балансирана исхрана.
• Бидeтe активни, движeтe сe, вeжбаjтe зошто само на тоj начин ќе jа зголeмитe подвижноста на вашитe зглобови. За таа цeл, прашаjтe го физиотeрапeутот коj вид на вeжби можeтe да ги правитe сами.
• Наутро истушираjтe сe со потопла вода или искапeтe сe во топла бања, ова ќе ви помогнe така што ќе ви ги рeлаксира мускулитe.
• Разни ортопeдски помагала можe да ви подпомогнат во тоа да ги “заштeдитe” вашитe зглобови. За ова вашиот доктор ќе вe упати кадe трeба да одитe.
• Научeтe сe да jа распрeдeлуватe тeжината на повeќе зглобови. На примeр, кога носитe чаша, носeтe jа со двeтe рацe; или кога jа затворатe вратата, употрeбeтe jа цeла рака, намeсто шаката.

Лeкувањe на Рeуматоидниот Артрит e комплeксно, што значи вклучува комбинациjа на соодвeтни лeкарства, вeжби, одмарањe и сопствeно само-образувањe со цeл подобро да jа разбeрeтe сопствeната болeст, и како на наjдобар начин да сe грижитe за своитe зглобови.




О с т е о п о р о з а


Овој вид на заболување на коските, во последно време зема се поголем замав. Во светот околу 200 милиони луѓе боледуваат од остеопороза .Тоа е болест на коските што е предизвикана од недостаток на калциум и други минерали, па затоа коските се порозни. Остеопорозата се карактеризира со намалена густина на коските поради што и при најмал удар луѓето се здобиваат со скршеници на коските. Скоро 80% од сите скршеници на колкот се резултат на остеопороза.
Кој добива остеопороза?
Најчесто се јавува кај постарите луѓе, особено кај жените после педесетата година од животот, после менопаузата. Тогаш природно опаѓа лачењето на хормони – посебно лачењето на естрогенот, кој ги штити коските.
Други причини за остеопороза се: хиперактивна штитна жлезда, дијабетес, заболување на бубрезите и црниот дроб, ревматски артритис, како и земање на одредени лекови за разредување на крв, на прмер хепарин.

Постојат и други фактори од секојдневниот живот кои непосредно влијаат врз појава на остеопороза, како што се:
недоволно движење, неправилна исхрана, кофеин и висок процент на соли и протеини во исхраната.

Симптомите на оваа многу често заболување тешко се препознаваат. Обично нема симптоми се дури не се доживее прелом, кој најчесто се случува на зглобната чашка, карлицта или рбетот.

Според лекарите, за да се постави правилна дијагноза, потребна е да се земе комплетна медицинска историја, да се направи детален преглед, да се направи ренгенографија на коските и посебни тестови за одредување на густината на коските.

По детално испитување се одредува соодветна терапија. Лекувањето обично трае од 3 до 5 години за да дојде до надокнадување на загубената коскена густина. Начин на третманот се одредува според конкретан случај, но исто така зависи и од договорот помеѓу лекарот и пациентот.
Кога се во прашање жени после менопаузата најповеќе се применува хормонската терапија. Некои жени не се одлучуваат за оваа терапија бидејќи сметаат дека припаѓаат на ризична група која може да добије рак на града или матка. Како и да е, третманот односно, терапијата мора внимателно да се одреди заедно со лекарот, имајќи ги пред вид сите можни околности – ризици и бенефити.

За жал во многу случаии операција како третман е неизбежна, но постојат и многу други начини како да им се помогне на луѓето кои страдат од оваа многу распространета болест.

Што треба да се превземете за да се намали ризикот од појава на остеопорозата?

Лекарите генерално препорачуваат строго да се води сметка за исхраната, да се внесуваат потребни витамини и минерали- особено калциум и витамин Д. Уште од триесетата година од животот треба да се практикува вежбање, како секојдневни прошетки, планинарење, трчање, скијање или спортови со топка.
Никотинот и алкохолот да се избегнуваат колку е можно повеќе.
Многу е важно да се изградат јаки коски за време на младоста. Тоа би допринело коските да бидат по отпорни и по бавно да се намалува коскената маса во подоцнежните години. Меѓутоа, редовна грижа за здравјето и здрав животен стил во текот на целиот живот, како и кај многу други болести на коски, и овде може многу да помогне. Во секој случај, многу е полесно да се спречи појава на остеопорозата, одколку да се лечи.

Од Управниот одбор на MAWA
 
Помогнете,веќе еден месец имам болки во левата нога и грбот,и не ми е угодно кога седнувам на левата страна.Бев на гинеколог ми направи ехо преглед се ми е во ред .КАде да се обратам понатаму имам 18 години?Благодарам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom