Бол на Брач

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
39
Со 394,6 км2 Брач е најголемиот далматински остров и трет по големина на Јадранот. Во Брач има повеќе од 20 населби, а меѓу туристите најпознато место е Бол.
bol-brac_640_426.jpeg
Името Бол е добиено од латинскиот назив vallum што значи "погреб" или "земјен бедем".Бол е најстара крајбрежна населба. Се наоѓа во средишниот дел на јужната страна од островот Брач, протегајќи се неколку километри низ морскиот раб. Место изградено од камен и мермер во кое сеуште живее рибарски дух и преполно со стари куќи и згради.
bol_center_l.jpg

bol-night.jpg
Некогашната рибарска населба, денес претставува БИСЕР на хрватскиот туризам, кој може да смести 10 000 туристи. Со својата убавина, бројните плажи, културни содржини, гостољубивост и квалитетно сместување, хотелско и приватно (апартмани и вили), Бол е прекрасен избор за вашиот одмор.
Западно од Бол, се наоѓа едно од најголемите и најубавите природни атракции на Јадранско Море – плажата Златен 'рт, уникатен географски феномен кој секогаш ги остава туристите без здив. Како што велат мештаните на Бол “ Мало место за голем одмор”.
slide-4.jpg


zlatniratbolzr6815.jpg
Плажата Златен 'рт се пружа речиси половина километар во синото море. Поради морските струи и бранови се менува врвот на плажата. Покрај големиот број ресторани и кафичи, во централниот дел на плажата постојат и стогодишните борови дрвја кои во жешките летни денови обезбедуваат засолниште од топлото сонце.
CANNON+EOS+550d+188.JPG

Luksuzna-villa-Zlatni-rat-s-bazenom-na-plazi-Zlatni-rat-u-Bolu-na-otoku-Brac---Dalmacija-11343_1351158453.jpg


Plaza-zlatni-rat-brac.jpg


Сте го посетиле ли Бол? Како се движат цените за престој, храна? Каков е ноќниот живот?Сите впечатоци, искуства и коментари се добредојдени :pipi:
 
Бев пред две години, али со брод на еден ден. Од Хвар со брод до таму. Преубаво е, бевме на истат плажа од шестата слика. И памтам од десната страна дуваше мноогу ветер а од другава не.
 
Јас бев. Супер си е за одмор. Ноќен живот речиси и да не постои, нема дискотека, нема гласна музика, ама има многу фини ресторани покрај самото море. Цените за смештај се движат од 30 евра за соба а двајца па нагоре, студијата почнваат од 40. Скапичко е малку за наш стандард, туристите се генерално италјанци, германци, австријци па на нив им е ок. Ако ви треба повеќе инфорамции пишете ми.
 
Преубав е.Скапо малце нормално,хрватите имаат поголем стандард од нашиот,плажата е прекрасна,има доста млади,претежно германци и италијанци,има и доста топ- лес девојки :D
 
Бев таму едно лето пред 6-7 години на одмор, океј е, само ептен скупо беше маму им :D
 
Сум бил 2 пати таму,додуше скроз на другата страна на островот (кој е еден од најголемите на Јадранот) во Сутиван.Како и да е Бол не се пропушта кога се иде натаму.
Златни рт е феноменално место.На едната страна шиба јак ветар и има огромни бранови (како дете тоа ми беше уживанција),а другата е ептен мирна и многу длабока (за мене лично срање).Има доста нудисти ваму кај што шиба и тие се повнатре накај копното.

Друго нешто не памтам бидејќи не сум бил едно 9 години натаму,а и тоа беше смао не еден ден колку да се отиде на плажата.


п.с Островите се секогаш поскапи од копното,освен Дубровник и можеби Опатија и тој дел секако.
 
Бол по местово!
 
Местово е лудница, почнувајќи од најголемата плажа, Златни Рат, каде што има мнооогу гужва, па после неа следуваат неколку плажи, сите сместени како во мали заливчиња, и се помали, се до последната и најмалата каде што си уживаат нудисти :D Скапичко е малку за наши стандарди, нема дискотеки галама, гласна музика, мирно е местото буквално за одмор создадено. Фотки од мене у продужетак :D

DSC00339re.jpg DSC00452.jpg DSC00503.jpg 120729_150236.jpg 120728_193851.jpg 120729_151630.jpg 120728_141007.jpg DSC00374.jpg 120730_062650.jpg
 
Ајде кој е за од септември, се гледаме на Боловаќа.
 
Планирам да одам од 20,07 до 30,07 , Макарска, има понуда за 200еур 9 нокевања во приватен смештај со вклучен превоз, ште колку ЕУР би ми биле потребни ако во пресметката ги ставиме просетките и патувањата до островите + Сплит а може и Дубровник ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom