- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Под штрајкови се.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
fsreplay напиша:И Маце не се пали толку кога некој ќе каже нешто за Ербас ние само ги кажуваме фактите и за жал Ербас многу лошо стои во моментот што не значи дека ќе биде така и во иднина.
Андроник, sorry ама и мене почна да ме живцираш со површните (не)знаења кои ги имаш од авијацијата. Ти мислиш дека знаеш али веруј дека не знаеш.Андроник напиша:Е ова веќе се сериозни и здрави информации кои тешко можете да ги најдете на странски а камоли на македонски форуми!
Вистина е дека моторите кои ги вградуваат се страшно моќни, на пример GE90 моторите се најмоќни во својата класа, и се вградуваат исклучиво на 777 моделите. Има гласини кои велат дека еден ваков мотор за една минута може да го исцрпи целиот воздух кој се наоѓа во огромната сала на Медисон Сквер Гарден во Њу Јорк. Дијаметарот на еден ваков мотор е 3.4 метри, поголем од дијаметарот на трупот од 737. На еден лет Сеул - Парис AF 777 2005 година откажал едниот мотор и слетале во Иркуртск, Сибир. Единствениот карго носач кој можел да го донесе резервниот мотор бил Антонов Ан124 Кондор. Причините сеуште не се откриени за дефектот.
![]()
Да не зборуваме за вакви ситуации, ги имало премногу. Еднаш еден воен фајтер исто слично како правосмукалка ишмука еден војник, а тоа некој случајно го снимаше.
Ако ви текнува еднаш во Мексико Сити мислам аеродромот беше кога 737 вртел кон паркингот кога едно такси се најде позади трагата на турбуленција (а моторт беше скоро на минимум) а таксито летна како пердув.
Сепак, иако со еден мотор може секако да се стигне до најблискиот аеродром, мене ме загрижуваат овие ETOPS (Extended-range Twin-engine Operational Performance Standards). Ова е дозвола за двомоторни комерцијални авиони да летаат дестинации, на одредени места одалечени повеќе од 60 минути лет од најблизок аеродром за пренасочување или вонредна ситуација!
Ова ги вклучува Boeing 737, 757, 767, 777 и Airbus A300, A310, A320 и A330 — да смеат да летаат долги дестинации претежно преку вода, пустина или одалечени поларни места, кои претходно не беа дозволени за овие летала.
Понекогаш скратеницата на шега ја читаат како Engines Turn or Passengers Swim.
Сепак јас се осеќам посигурен кога се три наместо еден, ако ви текнува на оваа ситуација, БА 747 прелета 5000 км откако едниот мотор откажал,а капетанот одлучил наместо да слетува некаде низ Америка, да продолжи кон Британија.
Човек просто да не знае од кај да почне да ти објаснува. Колку и да ти звучи чудно ова, брзината на одлепување од пистата не зависи од типот на авионот туку од тежината (читај: количеството гориво) и од политиката на авиокомпанијата (SOP). Нема стандардна должина и агол на полетување за одреден тип на авион, туку за одредено оптоварување на авионот.Андроник напиша:Инаку, кога правиме споредби помеѓу Ербас и Боинг, еве една да направиме помеѓу А340 и било кој сличен двомоторен Боинг (757) или четири моторен Боинг. Ако некој летал на А340 и било кој сличен Боинг, разликата во полетувањето е огромна.
Oваа зезалица е за Hawker Siddeley Trident, не за A340.Андроник напиша:Кога полетува А340, му треба време и аголот на полетување е толку мал, што имам прочитано зафрканции дека уствари А340 воопшто не полетува, туку со помош на земјениот лак се крева во воздух.
И пак не си разбрал. За летање на дадена висина троши онолку гориво колку што e >>>моментално<<< тежок и точка! Неговат тежина во текот на летот драматично >>>се менува<<<. Б747 кој од Париз полетал тежок 400 тони, на Холандските Антили ќе слета тежок 250 тони. Во текот на летот, тој постепено ќе се качува се повеќе и повеќе како што троши гориво и олеснува. Авионот ни случајно не ја постигнува максималната висина веднаш, туку дури во подоцнежните фази на летот. Потежок авион троши повеќе гориво. Авион се качува на многу големи висини само откако ќе го потроши поголемиот дел од горивото. Тогаш троши помалку затоа што е полесен и треба да „растрга” помало количество воздух за да не падне.Андроник напиша:Многу ќе кажат дека моторите не се доволно јаки за да го издржат теретот, а од Ербас кажуваат дека тоа е чиста заштеда за гориво. Не ја гледам заштедата ако треба долго време да се вивне на што повисока висина (тогаш моторите навистина штедат).
Глупости.Андроник напиша:И друга шега, ако имаш доволно долги електрични кабли, подобро стави 4 најобични фенови за коса отколку CFM моторите кај А340.
Како па да неАндроник напиша:И Боинг на почетоците со 747 првите -100s верзии имал доста проблеми, P&W првичните JT9D мотори не можеле да го издржат теретот на огромниот Боинг, па пилотите ги возеле до максимум, на што откажувања на мотори биле доста чести.