Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
Другар,
Дали би споделил рецептура..по колку грама , што како, дозирањето ... и како да се земаат со храна ...кои ги купуваш,од каде, сигурно веќе ти е проверено што и како е најдобро
Нема уникатна рецептура, јас ги земам по потреба, ако јадам храна која не ги содржи дополнувам од суплементи, ако имам појако кардио или на жешко време пак суплементирам.

Калиум и Натриум треба да ти се скоро 1:1 сооднос, кога го суплементирам првиот најчесто е околу 2-3гр дневно, а ми варира и во однос на солта што ја јадам.

Магнезиум дополнувам скоро цело време, 400мг дневно, форма: глицинат, хелат, а често правам комбо со пола цитрат.

Калциумот е заебан за суплементација, добро е да го комбинираш со Д ама поарно оди со апла мали дози отколку да направиш поголем проблем (кардиоваскуларни проблеми и сл). Од суплементи ретко внесувам повеќе од 500мг.

Од витамини внесувам к2, д3, цинк, некогаш активен б комплекс, ц витамин особено во сезони на сезонски грип, омега 3. Некогаш кога ме мрзи да ги мислам земам мултивитамин, ама најчесто одделно бидејќи имам поголема контрола што, кога и колку внесувам.

Додека бев во мкд 90% од времето го земав од iherb.com, ако најдеш низ мкд од Now nutrition земи ги локално да не плаќаш достава и царина.
 
Електролити, некој да препорачате добри, овие во апрека некој што ги има некако многу малце има содржај....

Пробај со ultima repleshiner. Го има преку iherb. Баш јас него го одбрав поради составот. Штета што во ЕУ, многу малце има производи од нив. А и за електролити срање е понудата. Јас сакав од Том Брејди брендот за електролити да го земам. Ама во Еу курац. И споредував па овие од ултимеј горе доле ист состав имаат. Околу 50€ е. Ама речиси 90 дози. Ако пиеш по една. Штета што дури и преку iherb мала е понудата од нив. Во Америка имаат повеќе вкусови.
 
Ја го најдов на промоција, затоа прашав. 2.5кила за 1900ден.
:neetaka:
Додај уште 500 денари и ќе си земеш далеку подобар. 1900денари за 2.5кг ќе пиеш само мелени бисквити со стевиа.
 
Другари работам у една фирма за производство на витамини(Swiss quality). Да видите како се прават и каква кинезарија пиеме, никад нема да суплементирате ако немаш вистинска потреба :)
 
Го има некој пробано протеинов? Према ценава стварно е ок
ezgif-3-f2dc9c8626.jpg
 
Го има некој пробано протеинов? Према ценава стварно е ок
Прегледај го приврзокот 392592
јак вкус, густа текстура. Доста го фалат мене лично не ми одговара.
 
Го има некој пробано протеинов? Према ценава стварно е ок
Прегледај го приврзокот 392592

За смути е одличен. Јагода го имам пробано нас, екстра е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom