Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.511
Нема уникатна рецептура, јас ги земам по потреба, ако јадам храна која не ги содржи дополнувам од суплементи, ако имам појако кардио или на жешко време пак суплементирам.Другар,
Дали би споделил рецептура..по колку грама , што како, дозирањето ... и како да се земаат со храна ...кои ги купуваш,од каде, сигурно веќе ти е проверено што и како е најдобро
Калиум и Натриум треба да ти се скоро 1:1 сооднос, кога го суплементирам првиот најчесто е околу 2-3гр дневно, а ми варира и во однос на солта што ја јадам.
Магнезиум дополнувам скоро цело време, 400мг дневно, форма: глицинат, хелат, а често правам комбо со пола цитрат.
Калциумот е заебан за суплементација, добро е да го комбинираш со Д ама поарно оди со апла мали дози отколку да направиш поголем проблем (кардиоваскуларни проблеми и сл). Од суплементи ретко внесувам повеќе од 500мг.
Од витамини внесувам к2, д3, цинк, некогаш активен б комплекс, ц витамин особено во сезони на сезонски грип, омега 3. Некогаш кога ме мрзи да ги мислам земам мултивитамин, ама најчесто одделно бидејќи имам поголема контрола што, кога и колку внесувам.
Додека бев во мкд 90% од времето го земав од iherb.com, ако најдеш низ мкд од Now nutrition земи ги локално да не плаќаш достава и царина.