Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
Препорачајте нешто за топење масти. Имам 176цм и околу 100-110 кг. Лесно се здебелувам и лесно слабеам, зависно колку внимавам на исхраната. Најтешко слабеам во пределот на половината. Кога ќе се зделелам имам изразен стомак, меѓутоа полесно го симнувам отколку пределот околу половината. Сакам да дојдам до кај 80кг.

Купи си L- Carnitine и секој ден прави по 30-40 минути кардио, плус теретана.

Јас моментално пијам L - Cartnitine, и не сум почуствувал ништо подобро а најприродно нешто што може да се пие, плус дава енергија.

Го зедов кај Ѓороски, можеш тука да го најдеш низ коментарите пишиму, ќе ти каже што да направиш, неговиот збор вреди злато, јас почнав да работам тој како што ќе каже и си имам ефекти :) И јас имаВ над 115кг сега сум на 86 :)
 
Препорачајте нешто за топење масти. Имам 176цм и околу 100-110 кг. Лесно се здебелувам и лесно слабеам, зависно колку внимавам на исхраната. Најтешко слабеам во пределот на половината. Кога ќе се зделелам имам изразен стомак, меѓутоа полесно го симнувам отколку пределот околу половината. Сакам да дојдам до кај 80кг.

Среди си јадењето оти нема магични апчиња без средена исхрана да стопиш. Не се мавтај со Л-карнитин земи вежбај и среди ја исхраната и ќе ослабиш....мн просто помалку внесуваш повеќе трошиш...по интернетов имаш еден куп калкулатори да си пресметаш колку калории ти се потребни да внесеш секој ден и на почетокот ќе си броеш понатаму ако ги јадеш постојано истите јадења веќе ќе ти биде во навика од кое колку треба да изедеш и немаш гајле.
 
момци дали протеинот од соја е добар за спортисти? нешто гледав дека сојата го намалува нивото на тестостерон... го користел ли некој од вас?
 
Зависи колкава количина сакаш да користиш.
Ако користиш 15-30 грама во денот може да биде полезна,но повеќе од тоа не гледам некој бенефит.
Тоа што е добро за секој спортист е добро количество јаглехидрати,протеини и масти.
Нека се држи на основата па потоа нека зема суплементи по потреба.
 
Подобро побарај експертска помош,дојди кај мене во студио ќе збориме
Не сум размислувал,но кога ќе го отворам студиото ќе го направам и тој концепт :)

Абе Стеф, не ми прај мајндфак вака, да му се невиди. Имаш студио или немаш?
 
И да има студио и да нема, неможе да држи курсеви за фитнес инструктори, да обучува и да издава лиценци, без одобрение од националната федерација. Сите оние кои до денсе работеа нешто слично на ова и издаваа решенија ќе мора да се обратат до националната федрација за одобрение за работа, а оние кои ги завршиле тие курсеви да се појават пред комисија за полагање. Тогаш ќе видиме колку научиле и ќе има се потврди или не лиценцата.
--- надополнето: 9 јули 2013 во 09:04 ---
Јас не се љутам на никој и јас сакам дел од колачот и на многу луѓе сум помогнал да си го подобрат животот,само со здрава исхрана и едуцирање за различни стилови на вежбање,базирани на научни студии.
Нема да се карам пак,ќе речам дека го земам од двете страни најдоброто и го правам тоа што најдобро работи за мене и дава резултати на другите.
Што се работи за суплементите,како што многу мислат дека се стероиди и многу луѓе профитираат од тоа,немам ништо против ниеден суплемент,кој е докажан и кој има ефект.
Сега исто рекламираат и подигнувачи на нивото на IGF-1,миостатин блокатори,кој сеуште се рано да се каже дали воопшто работат на луѓе,а целото тоа е профит на компаниите за суплементи.
За личност како вас и тоа што го правите тоа е добро и треба да продолжите напред,но како што реков има одредени суплементи што ги подржувам и се докажани,се бројат на прсти и да не ги набројувам.
Другото е џабе потрошени пари,освен ако немаш амбиции да се натпреваруваш и таму 5 % ти значат голема работа.

Први, далеку си за дел од колачот. Второ 5% во натпреварувачка смисла е огромна разлика. Сликовито, тип 100 метри трча за 10 секунди, а оној кој е 5% подобар од него, за 9,5. Па сега види ти колку ти држи твојата теорија.
И за крај уште еднаш ќе ти кажам, гугул истражување и студирање е многу погрешно за разлика од учење од вистински учители кои читале непосредна литература (не од општо значење) кои примениле се во пракса (голем дел In vivio) и своето знаење го надградуваат секојдневно но не преку гугл, него непосредно преку контакти и конференции со луѓето кои се занимаваат со таа проблематика професионално.
 
што мислите за овој протеин цената му е добра ама квалитетот незнам каков му е
моментално го пијам овој па незнам кој да земам нареден а па не сум некој стручен за да отсетам овој како реагира
ај помош
 
Абе Стеф, не ми прај мајндфак вака, да му се невиди. Имаш студио или немаш?

Имам студио.
И да има студио и да нема, неможе да држи курсеви за фитнес инструктори, да обучува и да издава лиценци, без одобрение од националната федерација. Сите оние кои до денсе работеа нешто слично на ова и издаваа решенија ќе мора да се обратат до националната федрација за одобрение за работа, а оние кои ги завршиле тие курсеви да се појават пред комисија за полагање. Тогаш ќе видиме колку научиле и ќе има се потврди или не лиценцата.
--- надополнето: 9 јули 2013 во 09:04 ---

Први, далеку си за дел од колачот. Второ 5% во натпреварувачка смисла е огромна разлика. Сликовито, тип 100 метри трча за 10 секунди, а оној кој е 5% подобар од него, за 9,5. Па сега види ти колку ти држи твојата теорија.
И за крај уште еднаш ќе ти кажам, гугул истражување и студирање е многу погрешно за разлика од учење од вистински учители кои читале непосредна литература (не од општо значење) кои примениле се во пракса (голем дел In vivio) и своето знаење го надградуваат секојдневно но не преку гугл, него непосредно преку контакти и конференции со луѓето кои се занимаваат со таа проблематика професионално.

Кога ќе излезе законот обавести ме.
 
Значи слушнав ова да не ми се смеете нез колку е точно ми рекова дека протеини се продавале во аптеки имало па кажете што мислите ако има што има и ме интересира има ли нешто да се купи од аптека што е добро за мускулите. Мн ми е важно
 
Има, истите се од Гет Реди.
 
Додај уште 400 денари и земи протеин од сурутка од Диматизе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom