Бодибилдинг суплементи

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување
Среќна нова година момци! Многу повеќе gains оваа 2015-та, повеќе среќа, пари за суплементи, и успеси во било која посакана цел за оваа година.

Да се подстопли малце и сакам да почнам cut, би можеле ли да ми препорачате некој топач до кај 1.500 денари? Воедно и ако може да ме уведете малце, дали би изгорел многу мускул, дали треба режимот на вежбање да го смалам (помали тежини, повеќе репови?), искрено за колку време ќе видам вистински резултати од него со средена исхрана?

Фала ви.
 
Зголеми ги протеините, прави варијации со јаглехидратите (пример 4 дена ниски хидрати до 100 грама после петиот ден зголеми ги и потоа пофторувај го циклусот. Калориите секако треба да бидат благо намалени од тоа што го трошиш. Тренингот со тежини ист како и кога си на маса, ако имаш сила и мотивација вметни и кардио. Моето мислење е дека нема некоја особена разлика дали ке користиш топач или не. Времето зависи од тоа колку имаш масти, и би требало да имаш минимална загуба на мускул според овој начин. Да бев на твое место со тие 1500 ден би си купил 7 кг стек.
 
Ете уште еден доказ дека се добри суплементите.Откако дојде на функција секоја година се по асална и по асална е од тоа што беше,реално :D ја подмладуваат суплементите,заебавајте се вие :D
 
Ете уште еден доказ дека се добри суплементите.Откако дојде на функција секоја година се по асална и по асална е од тоа што беше,реално :D ја подмладуваат суплементите,заебавајте се вие :D
Колку се подмладува толку по-пуберетстко и е бркчето :D
 
Последно уредено:
Дали треба да земам BCCAs и Глутамин?

Слободните амино киселини се апсорбираат побрзо отколку whey protein. Вашиот систем ќе се чувствува многу подобро ако земете BCAAs и глутамин во слободна форма.

На пример споредете ги Глутамин,BCAA што се наоѓа во whey protein со BCAA или Глутамин во слободна форма. Тоа е исто како да се споредува чаша вода со црево за полевање. Ако користите црево за полевање, треба да почекате водата да протече пред да се користи..

:pos:
 
Имам за продавање пре-вораут N.O. Xplode 450gr, цената е 1500ден. Кој е заинтересиран во инбокс
81jTRERt5vL._SL1500_.jpg
 
Комбинација од трибулус и аргинин истовремено да се конзумира, дали би било корисно?
 
Никогаш не сум користел досега суплементи,но бидејќи никако не можам само преку обична храна да ја внесам дневната протеинска доза(2г*кг), сакам да започнам.Нешо истражував и видов дека најисплатливо би ми било whey protein изолат да земам,сеа пошо никогаш не сум користел до сега,некој поефтин бренд да препорачате ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom