BNP Paribas Open, Indian Wells | 7-17 март, 2013 |

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
16.810
Поени од реакции
15.916

После првиот гренд слем во Австралија и неколку турнири од послаба конкуренција, конечно започнуваат мастерсите, турнири кои од пред некоја сезона носат наслов Мастерс 1000.
Прв мастерс турнир веќе долго време е турнирот во Индијан Велс, турнир кој некои го нарекуваат и петтиот гренд слем во сезоната. И поради тоа што на него учествуваат најдобрите тенисери на денешницата, а и по тоа што го имаат еден од најголемите терени во светот, за атрактивност и не станува збор.

Интересно на овој турнир оваа година ќе биде и враќањето на Рафаел Надал на тврда подлога, и сите тие очекувања да се врати назад на старите патеки. Досега тоа што го покажа на земјените терени и те како ветува дека ќе го гледаме стариот Рафа, а тоа значи и голема конкуренција за титулата на овој турнир, но ќе видиме како ќе се снајди на тврда подлога и како ќе реагираат неговите колена.
Како главен фаворит сигурно ќе е Новак Ѓоковиќ, првиот на АТП листата, ланската сезона настапот на турнирот го заврши во 1/2 финалето, загуби од домашниот тенисер Џон Иснер, па така, речиси е сигурно дека тие поени ќе ги одбрани.
Титулата од ланската сезона ја брани Роџер Федерер, во финалето како што е познато го совлада Џон Иснер во два сета, речиси и не гледавме некое возбудливо финале.
Оваа година можен дуел во 1/4 финалето се очекува да биди Федерер - Надал, тоа ќе е така заради падот на Надал на АТП листата.
Во оваа цела „фрка“ не треба да се заборави и на Енди Мареј, тенисер кој минатата година премногу напредуваше во својата кариера, повеќе на психички план отколку на физички, со што резултираше со овојување на УС Опен, а и златен медал од Олимпијадата во Лондон.
Тој е во делот каде што е и Новак Ѓоковиќ, па нивен дуел треба да се очекува во 1/2 финалето, со напомена ако овие двајца стигнат до таму.

Главни носители на турнирот:
1. Новак Ѓоковиќ
2. Роџер Федерер
3. Енди Мареј
4. Давид Ферер
5. Рафаел Надал
6. Томас Бердих
7. Хуан Мартин Дел Потро
8. Џо Вилфред Цонга.


Најмногу титули на турнирот има освоено Роџер Федерер и тоа 4, во 2004, 2005, 2006 и ланската сезона 2012.

Награден фонд на турнирот:
$ 4,330,625

Телевизија која ќе го пренесува турнирот:
Спорт Клуб/ Не е исклучена можноста турнирот да се емитува и на МРТ (?)

Ждреб:
http://www.bnpparibasopen.com/~/media/C980334A710A41F18189CEF20BEDF9CB.ashx

Официјален сајт:
http://www.bnpparibasopen.com/


Се надевам на добра дискусија тие десетина дена, а и малце повеќе активност во потфорумот.
 
Член од
4 јануари 2013
Мислења
162
Поени од реакции
89
Ајде НОЛЕ со тебе сме !!!!
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Ајде Мареј можеш Тиии! Со тебе сме!
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.810
Поени од реакции
15.916
Mало резиме на досега одиграните мечеви на турнирот, сеуште нема директни преноси, ќе се започне од утре, 20 часот.

Изненадување направи Брандс од Германија, го совлада Багдатис, оставајќи му да одземе само 6 гема и тоа во вториот сет, кој го доби во тај брејк.
Хјуит ме изненади со играта во прво коло, го совлада Росол во три сета. Не очекував од него да помине во наредна рунда, но ете се случи.
Гулбис го продолжува победничкиот низ, после триумфот во Делреј бич, еве сега забележува победа и во прво коло против Фелисиано Лопез, за потсетување Гулбис играше и квалификации на овој турнир.
Гофан ( RocknRolaa ) триумфираше над веќе мизерниот Троцики, кој полека но сигурно ќе паѓа на АТП листата, во голема криза е .

Ова е од тие поинтересните натпревари во прво коло. Како што може да прочитам на нет, подлогата е успорена, па нема баш да му одговара на тие што се специјалисти за тврда подлога т.е малце побрза од предвиденото.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.608
Изненадување направи Брандс од Германија, го совлада Багдатис, оставајќи му да одземе само 6 гема и тоа во вториот сет, кој го доби во тај брејк.
Да ти кажам Брандс ме олесни за 3500 денари, баш беше изненадување, посебно за мене. :pos:

Како што може да прочитам на нет, подлогата е успорена, па нема баш да му одговара на тие што се специјалисти за тврда подлога т.е малце побрза од предвиденото.
Дали ова го прочитал Psyside ? :rolleyes:

Одлични мечеви денеска, почнуваат носителите со својот настап на турниров.

Програмата ќе се отвори со мечот Ферер - Андерсон (20 часот), во истиот термин ќе играат и Вердаско против Ниеминен.

Иначе комплексот содржи 8 терени и нормално дека ќе има 8 натпревари во тек. СпортКлуб каналите ќе пренесуваат мечеви со полна пареа (само машкиот дел од турнирот, женскиот ќе оди на Eurosport), паралелно ќе има 2 преноси, еден на СпортКлуб и уште еден меч на СпортКлуб+.

За гледање интересен меч би требало да биде Федерер - Истомин кои би требало да започнат околу 23 часот по наше време, а во 4 часот на утро ќе игра домашниот миленик Херисон против Рафаел Надал. :)

Заборавив да пишам за еден од моите миленици, Ернестс Гулбис :D Чоекот си е дефинитивно приказна за себе, но... интересно 15 од последните 17 меча му се победи, значи има само 2 порази и тоа не од било кого... од Бердих и од Дел Потро каде изгуби прилично тесно и неизвесно. :) Во 1 часот после полноќ, ќе игра против Јанко Типсаревиќ кој според АТП листата е убедлив фаворит, но обложувалниците фаворитската улога во блага доза му ја даваат на Ернестс Гулбис со квота која се движи од 1,70 до 1,85. :)

Можеби малку оф топик, но додека сме кај Гулбис, едни од најскандалозните изјави кои ги дал, некои од нив се изјавени многу брзо, годинава... (отворете spoiler :) )

Би сакал марихуаната да е секаде легална како во Ротердам
- после поразот од Дел Потро годинава на турнирот во Ротердам.

Не сакам премногу тренинзи и тенис, но потоа размислував дека би морал да одам на колеџ или како паразит да живеам од парите на моите родители. Тогаш сфатив дека всушност го сакам тенисот и дека е најдобро да играм тенис и да одам на тренинг.
- околу тоа дека може да се повлече во секој момент бидејќи е финански обезбеден... знаејќи го фактот дека неговото семејство е едно од најбогатите во Латвија, можеби и најбогатото кое во своја сопственост има авио-компанија.

Па се обидувам што повеќе да пушам, што помалку да спијам и што повеќе да пијам.
- на тоа како се обидува да го искористи својот талент.

Беше забавно, малку спиев, а потоа ја платив казната и отиде наредниот турнир... Штета што не можев да останам бидејќи само за 2 дена имав меч...
- откако поминал вечер во затвор во Стокхолм поради што бил фатен со проститутка.

Има уште многу многу, и сите вие знаете како игра Гулбис, може да го победи секого... но и да изгуби од секого, па и од Лазар Магдинчев... а знаеме дека ги има победено Федерер, Ѓоковиќ, Бердих...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Дали ова го прочитал Psyside ? :rolleyes:
Дали било 2x успорено од пред 10 години или 2.2 не менува многу, поентата е дека 90% од турнирите се успорени до немај каде.
--- надополнето: 9 март 2013 во 12:16 ---
Дали ова го прочитал Psyside ? :rolleyes:
Дали било 2x успорено од пред 10 години или 2.2 не менува многу, поентата е дека 90% од турнирите се успорени до немај каде.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.810
Поени од реакции
15.916
Во 4 ќе игра Надал, против Рајан Харисон, последен меч е тој на програмата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom