Прашањето е многу деликатесно затоа што сакам да земам кола и да си отворам онлајн фирма во зависност од тоа каде е тоа можно дали Гер или Швајц. и со тоа да ми издадат регистарски табли од таму и да си дојдам овде во МК и да ја возам 6 месеци така. И после 6 месеци рекоа дека за тој период ке се смени власта и ќе го намалат ОГРОМНОТО плакање на царини и ддв према државата.. Во србија на пример е доста по ефтино за разлика од нас. Но да се фокусираме на главната тема, од каде би било подобро да земам кола, во Германија BMW X1 2014 100.000km 245hp цена околу 15 500 евра со одлична опрема и кожни седишта. А Швајцарија имам опција за BMW X1 2018 122 000KM 150hp 16 500 франци но со послаба опрема. Ваши мислења ќе ве молам, и доколку имате искуства за отварање фирма се со цел зимање на регистарски таблички, знам дека сите ми велат подобро тоа да го сторам во Бугарија дека ми е поблиску, но кога ке сум со БГ таблички многу често ги проверуваат колите од полициски доверливи информации и затоа сакам да ја избегнам таа опција.