linkovi
Адсенс алат
Гугловиот сајт за блогирање наречен блоггер.цом ви нуди можност за заработка на пари од блогирање. Доколку имате било каков талент за пишување на постови и употребувате популарни зборови и теми кои се читаат на интернет, тогаш можете да ја активирате алатката адсенсе на вашиот блог и да ѕаработите некоја пара преку забавување и блогирање.
До вас е да бидете упорни, инвентивни и редовни во ажурирањето на вашите блогови и со малку трпение одредена сума на пари ќе го пронајде патот до вашиот блог.
Адсенс е алатка за рекламирање што му овозможува на серверот да става реклами со ваше одобрение кои се поврзани со темата за која пишувате. Секако доколку пишувате на некои од светските јазици како англиски, германски, руски, француски, шпански, италијански итн. можноста за активирање на поголем број на реклами е и поголема. Ако пишувате на некои од балканските јазици на пример, нема секогаш да можете да го постигнете максимумот.
Потенцијалниот посетител кој го отвара вашиот сајт ќе има можност, доколку го заинтригирате да кликне еднаш или неколку пати на рекламата од сајтот каде што пишува
ads by google:tv: и со тоа на вашата регистрирана сметка цент по цент ќе доаѓаат доларчињата.
Моето искуство говори дека треба да имате големо трпение и да го рекламирате активно вашиот блог кај пријатели, форуми, на разни сајтови, насекаде во светот па дури и овде на блог.цом.мк и преку линкови и пишување и да правите поголем трафик и посетеност на сајтот. Повеќе блогови на различни теми, поголема можност за џепарац или пристојна заработка. Уште ако направите мрежа на блогери кои меѓусобно си помагаат со кликање од сите страни на светот или од дома, тогаш бидете сигурни дека ќе бидете финансиски наградени.
Значи, заработката се базира на отварање на вашиот блог и кликање на некоја реклама што ќе ја постави Гугл во зависност од темата на блогот. Со секој клик на различна реклама добивате и различна сума во зависност од популарноста на матичниот збор или адвордот, што може да варира од неколку центи до половина долар за обична адсенс алатка по клик, а доколку користите дополнителни адсенс рефериалс алатки или адсенс контент или сл. тогаш кликот на рекламата носи и по неколку долари. Замислете кога стотина луѓе за почеток ќе кликнат во нормални граници на некои реклами, колку би заработиле од ден, денови или седмица на пример? На некој ова му успева и на дневна основа.
Во секој случај, драги блог писатели, ако не можете да заработите за некоја сериозна и постојана плата, сигурно со малку труд ќе имате доволно за провод, излез, или џепарац за вашето хоби. Па кој денес за хоби ни дава пари, да размислиме?
Секоја сума која ја поминува границата од 100 американски долари, Гугл во форма на чек ќе ја достави до вас до крајот на тековниот месец на заработка. Значи ако овај месец како почетници заработите околу 50 долари, а наредниот на пример, 150 долари, кога вашата сметка ќе стане активна, на крајот на вториот месец ќе ви биде испратен чек на 200 американски долари. Итн.
Постојат мал милион сајтови каде што истовремено може да сурфате за трафик и посетеност на вашиот блог преку бесплатно членство. На тој начин и сурфањето ќе ви стане позабавно.
На располагање сме доколку некој од вас сака да воспостави мрежа за заедничка заработка, забава и добро познанство преку размена на искуства на овој план. Па кој сака, нека се обиде.
Ако некој е заинтересиран и може да ги погледа моите линкови на сајтот и ќе види за што станува збор.
другарски поздрав,
аладин_007 :smir:
p.s.
www.ecotravelzone.blogspot.com
www.globnews.blogspot.com
www.computertechnologynews.blogspot.com
www.lifeinfaith.blogspot.com
www.balkanspot.blogspot.com
www.ecologynews.blogspot.com
www.bizzidea.blogspot.com
www.diethabits.blogspot.com
www.sunlight2petrol.blogspot.com
www.christianglobenews.blogspot.com
www.muslimworldnews.blogspot.com
www.crime-forensic.blogspot.com
www.medicine-cure.blogspot.com
www.hidden-macedonia.blogspot.com
www.hidden-croatia.blogspot.com
www.trafficjam.blog.com.mk