Блиц вести

  • Креатор на темата Креатор на темата lav
  • Време на започнување Време на започнување
Две девојки избодени со нож во Тетово

Ева Которинчева е една од жртвите на насилникот кој синоќа во Тетово избоде со нож две девојки. Ева ја повикале во полиција да го идентификува напаѓачот.

Ноќеска околу 23.30 часот Ева беше нападната. Заврши со убод од нож во лактот од левата рака. Нејзиниот дедо раскажува што и се случило.

„Таа доаѓаше кон дома и сакаше да влезе, а тој и пријде и одеднаш ја нападна. Таа почна да се брани и успеа да му избега. Ја расекол на лактот. Таа викаше по помош“, изјави Кузо Которинчев, дедо на Ева Которинчева.

Само еден час по нападот на Ева, непознато машко лице од зад грб ја нападнал 20 годишната тетовка, Даниела Петковска. Инцидентот се случил на Ул: „Предраг Јанчевски“ во близина на населбата Блок 70.

Даниела, која со другарката се враќала од излегување, по нападот изгубила рамнотежа и паднала. Напаѓачот и задал два убода во рацете и еден во бутот на ногата.

Била примена во медицинскиот центар во Тетово по што ја испратиле на домашно лекување.

Полицијата се уште не знае дали има поврзаност на двата случаи. Информираа само дека насилникот е висок околу метар и осумдесет сантиметри.
 
Започна изградбата на дел од цевководот на ХС Злетовица

Пробиштип, 31 мај (МИА) - Екипи на Делта пром од Велес ја започнаа изградбата на 2,7 километри долгиот цевковод за Пробиштип, преку кој жителите на овој град во иднина ќе се снабдуваат со вода за пиење од браната Кнежево, во рамките на хидросистемот Злетовица.

реализирањето на целиот зафат ќе чини 30 милиони денари, а со поставувањето на полиестер цевките ќе се исфрли од употреба досегашниот доводен систем кој беше застарен и не ги задоволуваше стандардите.

Градежните активности на цевководот до Пробиштип би требало да бидат завршени до крајот на јули, кога треба да бидат познати имињата на изведувачите на работите за цевководите за Штип и Свети Николе, како и компанијата што ќе ја гради акумулацијата Кнежево.

Истовремено, оперативата на ГП Пелагонија продолжува со асфалтирањето на патот до акумулацијата во должина од 20 километри, од кој досега се завршени 11 километри. Оваа инвестиција е вредна 3,1 милиони долари.
Извор: МИА
 
asterix_m напиша:
Пробиштип, 31 мај (МИА) - Екипи на Делта пром од Велес ја започнаа изградбата на 2,7 километри долгиот цевковод за Пробиштип, преку кој жителите на овој град во иднина ќе се снабдуваат со вода за пиење од браната Кнежево, во рамките на хидросистемот Злетовица.

Според Киро Кировски, директор на ЈП Злетовица, реализирањето на целиот зафат ќе чини 30 милиони денари, а со поставувањето на полиестер цевките ќе се исфрли од употреба досегашниот доводен систем кој беше застарен и не ги задоволуваше стандардите.

Градежните активности на цевководот до Пробиштип би требало да бидат завршени до крајот на јули, кога треба да бидат познати имињата на изведувачите на работите за цевководите за Штип и Свети Николе, како и компанијата што ќе ја гради акумулацијата Кнежево.

Истовремено, оперативата на ГП Пелагонија продолжува со асфалтирањето на патот до акумулацијата во должина од 20 километри, од кој досега се завршени 11 километри. Оваа инвестиција е вредна 3,1 милиони долари.
Извор: МИА

Предизборие или ????
 
$Филип Капо$ напиша:
Предизборие или ????

Проктот е гредежен и значи гардежни работи а особено цевководи се поставуваат летно време, нема потреба предизборие сите во пробишти со свои очи видоа дека се гради цели две години и сега пред избори нема потреба од заебанции
 
50-ТЕ НАЈВАЖНИ ПРОЕКТИ НА СДСМ ЗА СЛЕДНИТЕ 4 ГОДИНИ

2B7FD03A92D0EF4B934EFA2F3C3E507E.gif

Педесетте најважни ветувања СДСМ на 2 јуни ги промовираше, а ќе ги реализира во периодот 2006/2010 година. За секој од нив, е направена детална анализа, дефинирани се термините во ќе бидат реализирани, а најважно е дека зад сето тоа стои тим кој има капацитет тоа да го реализира.

Започнување и успешно завршување на преговорите за членство во ЕУ
Раст на БДП од 5-6% годишно
100 милиони евра за 200 најуспешни мали и средни фирми
Намалување на придонесите од плати, а со тоа и на општото даночно оптоварување
Брза и едноставна наплата на даноците и придонесите од страна на една институција
Целосно искористување на европските фондови за поддршка на локалниот раст
Зголемување на кредитниот рејтинг на државата до ниво на инвестициски рејтинг (посакувана инвестициска дестинација)
Македонија и понатаму мирна, стабилна и безбедна држава
Продолжување на трендот на намалување на каматните стапки до 6%
Ќе продолжиме да ја намалуваме внатрешната и надворешната задолженост на Македонија од сегашните 39% на 35% од БДП
Обезбедување на дополнителни 23 милиони евра годишно поддршка за земјоделците
Издавање на имотни листови на денот на поднесувањето
Интегрирање на 60.000 земјоделски семејства во пензискиот систем
Дополнителни 65 милиони евра годишно за инвестиции во инфраструктурата
Инвестиција од 600 милиони евра за изградба на хидроцентралите „Чебрен“, „Галиште“ и „Бошков мост“
350 милиони евра нови инвестиции во енергетиката за изградба на термоцентралите „Те-То“ Скопје и гасификација на ТЕЦ „Неготино“
Отпочнување на проектот „Сончев град“ - најубава скопска населба со 12 илјади нови индивидуални станбени објекти во касарната Илинден
Македонските граѓани без визи ќе патуваат во ЕУ
Македонија членка на НАТО
180 километри нови регионални патишта и реконструкција на околу 500 километри постојни патишта
Отпочнување на изградба на автопат од Скопје до Софија и од Скопје до Приштина
Изградба на два нови скијачки центри на Кожуф и Галичица
Завршување на автопатот од македонско-српската, до македонско-грчката граница (коридор 10)
Целосно професионална армија до крајот на 2006 година
Ефикасно судство и скратување на времетраењето на судските постапки
Буџетот за образование ќе се зголеми од 2,9% на 4,0% од БДП до 2010 година
Отворање нова регионална високообразовна институција за технологиите на 21-век во Охрид
Зголемување на средствата за наука од 0,25% на 1% од БДП
Бесплатен интернет за секој ученик, студент и просветен работник
Секој ден бесплатно македонско овошје за секое дете до четврто одделение
Понуда за вработување на 100-те најдобри студенти во јавната администрација секоја година
200 нови асистенти во високото образование
50 стипендии годишно за постдипломски студии на европските универзитети за македонските студенти
Потполно реновирање на постојните студентски домови и изградба на нови со капацитет од 900 легла
Раст на пензиите за 10%
Зголемување на платите во администрацијата и безбедносните сили за 12%
Воведување на трет, доброволен, приватен пензиски столб
Ослободување на пензионерите од трошоците за поштарина при прием на пензија
Пензионерите и децата ослободени од плаќање партиципација за лековите од позитивната листа
Реновирање на сите старечки и пензионерски домови и отворање на пет нови
Бесплатни учебници и здравствена заштита за децата од семејствата кои примаат социјална помош
Целосно покривање на правата на вработените со колективни договори според ЕУ стандардите во првата година од мандатот на владата
Министерството за култура ќе прерасне во Министерство за култура и туризам
Здравствена заштита за сите граѓани на Република Македонија
Изградба на зградата на стариот театар во Скопје и театарот во Велес
Возобновување на куќата на Мајка Тереза
Завршување на спортската сала во Скопје и нејзино преминување во државна сопственост
Нова кардиохиругија во јавното здравство
ЕКГ апарати и биохемиски анализатори за сите установи од примарното здравство
Воведување на здравствена електронска картичка за сите граѓани на Република Македонија
 
Tipce na kogo go boli kurot za programata na SDSM
 
Коментар

Премиер од Илиенци

Македонија од вчера де факто нема премиер.

Владо Бучковски, државјанин на Република Македонија, лидер на СДСМ, професор на Правниот факултет и сегашен претседател на Владата на Република Македонија, го урна сето она за кое сонувале генерации Македонци, се бореле, жртвувале, умирале. Владо Бучковски бесрамно во директна спогодба го предаде и го продаде Илинден, најзначајниот датум во поновата македонска историја. Неговото значење го посла како црвен протоколарен килим пред нозете на бугарскиот премиер Сергеј Станишев.

Македонија не е приватна држава на Бучковски, без оглед колку тој и неговите министри работат по принципот „државата, тоа сум јас”. Националната историја не е ниту негова ниту партиска брошура за достигнувањата на СДСМ, за да му ја дели на секој странски гостин како локум со кафето. Бучковски не е овластен да решава сам од свое име со кого ќе го празнуваме Илинден. Ако сака да слави со Станишев, тоа може да го прави на домашна слава. Само таму може сам да решава со кого ќе јаде сарми и гурабии.

Граѓаните на Македонија не се четвртоодделенци, исто како што ни историските датуми не се изборно овошје за да прави со нив зеленашка трговија. Со кванташката логика што ја демонстрира за најважниот дел од македонската историја, Бучковски докажа дека нема никаков морален и политички кредибилитет и интегритет да ја претставува Македонија од името на нејзините граѓани.

Светите Кирил и Методиј можеме да ги славиме заеднички со Бугарија и со половина од Европа, затоа што нивното дело и значење ги надминува границите на Македонија. Илинден - не! Што ќе слави Бугарија на Илинден? Ослободувањето на Македонија од турското ропство? Секоја чест и почит за поединци-Бугари (оние што така се чувствувале или така морале да бидат запишани), за Албанци, Власи и припадници на други народи или етнички заедници што учествувале во Илинденското востание. Ним ќе им се заблагодариме, овде, во Крушево, во Македонија.

Ако Бугарија е восхитена и инспирирана од делото на македонските илинденци, може да испрати делегација што ќе се поклони на нивните гробови и ќе оддаде почит за нивното дело. Така како што оддадоа почит бугарските граѓани што стоеја простум кога се пренесуваа коските на Гоце Делчев од Бугарија во Скопје. Бугарите можат да изразат почит кон Илинден со тоа што нема да ги спречуваат Македонците да се поклонат на гробот на Јане Сандански, со тоа што нема да им праќаат „маргиналци” со националистички и асимилаторски пароли, со тоа што нема да го поттикнуваат државниот обвинител да ги суди Македонците, а заводот за статистика да ги брише од листите за попис. Така се слави Илинден. Она што Бучковски не го разбира е дека на Бугарија не и' важен празникот, туку контекстот од „празнувањето”.

Бучковски, кој, за жал, лета во воздух и кога не е во владиниот авион, не направи ништо друго освен што најави потврда на бугарската теза дека Македонците и Бугарите се еден народ во две различни држави.

И тоа во време кога Бугарија е на тапет во Стразбур поради непочитување на правата на малцинствата, меѓу кои и на македонското.

Бучковски еден месец пред избори и' зададе катастрофален автогол на Македонија. Споредбата е далеку од соодветна, но човекот што половина мандат го помина во тренерки покажа дека ги разбира само спортот и спортскиот речник. Токму како последица на неговата „успешна и развојна политика” меѓу две тури фудбал, илјадници македонски државјани извадија бугарски пасоши, не за да одат во Бугарија, туку да збришат што подалеку пред Бучковски да ги „европеизира” до степен да имаат приходи од едно евро на ден.

Илинденскиот „излет” на Бучковски е повеќе од опасен. Тој директно ќе придонесе за заладување на засега коректните односи помеѓу двете земји.

И покрај тоа, сите надлежни институции молчат, што не е добро за нас. МАНУ спие, јавноста гледа сеир, историчарите одговараат само ако ги прашате. Во една нормална држава за ваков излет на Бучковски би заседавал Советот за национална безбедност. Но, овде веројатно се' уште мислат дека безбедноста може да се загрози само со оружје.

Со негување ваков ментален код, подобро е следниот премиер да го избереме меѓу препродавачите на пазарот во Илиенци. Полош од овој, нема да биде.

Катерина Блажевска
 
ПРЕМИЕРОТ ДОБИ ПОДДРШКА

И Љубчо на Илинден со Бугарија

128EA0BDBBD3E346AF9C7CB343B07700.jpg

Заедничка прослава на Илинден не е ништо друго, туку европска тенденција,изјави во Битола неформалниот лидер на ВМРО-Народна Љубчо Георгиевски

Заедничка македонско-бугарска прослава на Илинден не е ништо друго, туку европска тенденција, а постојат и историски факти што го оправдуваат заедничкото славење на востанието, изјави вчера во Битола неформалниот лидер на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски. Таа партија ја поздрави идејата на македонскиот и на бугарскиот премиер за заедничкото чествување на празникот.

- Македонската историја под влијание на југословенската 50 години забранува да се употребува вистинското име со кое востаниците го нарекуваа Илинден, а тоа е Илинденско преображенско востание. Тогаш во координирана акција на Тајната македонско-одринска револуционерна организација во исто време се крена востание на две места: Илинденското во Крушево, Македонија, и Преображенското во Странџа, Бугарија. Сите акции, дури и штабот, биле заеднички. Ако тоа го зборува историјата, ние немаме ништо против заеднички да се прослави моментот кога македонските и бугарските востаници соработувале против турската империја - објасни Георгиевски.

Тој е прв водач на политичка партија во земјата што директно го поддржа премиерот Владо Бучковски во намерата за заедничко, македонско-бугарско, чествување на празниците. Бучковски на средбата со бугарскиот премиер Сергеј Станишев најави дека ќе има заедничко прославување на празниците.

Ваквата најава предизвика бран партиски, но и реакции на историчарите со кои идејата беше категорично отфрлена.

За Институтот за национална историја е неприфатливо националниот празник Илинден да се прославува со претставници на земјата што не го признава македонскиот идентитет.

Бучковски прексиноќа на скопската телевизија Скај нет изјави дека бил погрешно разбран оти сака да прави ревизија на историјата.

- Во овој момент нема клима заеднички да го славиме Илинден. Тоа го прифаќам како факт и се повлекувам од каква било поддршка на идејата, која не е моја. Мислев дека е време, не да правиме ревизија, туку да се обидеме во регионот да направиме поинаков дух на разбирање и европеизација. Тврдам дека се' уште во Бугарија има ретроградни сили на кои ќе им биде тешко да дојдат и да се поклонат пред наши илинденци и да признаат дека тоа е најголемиот македонски празник - изјави премиерот Бучковски.

Милошоски: Георгиевски не би се согласил со мене

На прашањето како го коментира отфрлувачкиот став на ВМРО-ДПМНЕ за оваа идеја, Георгиевски рече:

- Кога би го прашале Антонио Милошоски, сигурен сум дека тој би се согласил со моите ставови.

Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека се воздржува од коментар.

- Ако го кажам своето мислење, сигурен сум дека Георгиевски нема да се согласи со мене - изјави тој.
 
ИСТОРИЧАРИТЕ ПРОТИВ ПРЕДЛОГОТ НА БУЧКОВСКИ
Заеднички Илинден е негација на македонската нација
Емил Зафировски

Македонските историчари збеснаа по предлогот на премиерот Владо Бучковски најголемиот македонски празник Илинден во иднина да се прославува заедно со Бугарија. Според нив, тоа би значело целосно прифаќање на идеите на Санстефанска Бугарија и негирање на македонската нација, јазик и култура.

Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја, смета дека станува збор за политичка одлука, која нема никаква врска со историјата.

- Зачуден сум како може да се предложи такво нешто кога Бугарија не ни го признава ниту јазикот ниту нацијата. Ова е политичка одлука, со политичка тежина и не сакам да навлегувам во тоа. Најверојатно политичарите имаат премногу добри советници штом не ги консултираат историчарите. Постојат државни институции за фолклор, за јазик, за литература и за старословенски јазик. Државата ги плаќа овие институции, а ниту една од нив не е консултирана при изнесување на предлогот - вели Чепреганов.

Според него, нема никаква основа Македонија и Бугарија заеднички да го слават Илинден.

- Ако го славиме Илинден со Бугарите, дајте да ги славиме и другите историски моменти што не поврзуваат. Како што рече еден колега, треба ли да ја заборавиме Ваташа и стрелањето на 12-те момчиња? Нека најде доблест бугарскиот премиер да се извини за Ваташа, па потоа, ако веќе мора, Македонија нека прави политички компромис за Илинден. Ние сме историчари, но тешко е да се биде професионалец онаму каде што политиката сака да контролира се - кажа Чепреганов.

Историчарот Новица Вељановски, автор на учебниците за основно и средно образование, вели дека идејата е апсурдна и ако се реализира ќе значи поддршка на тезите за голема Бугарија.

- Ние низ историјата имаме спротивставени интереси со Бугарија и нема никакви услови за заедничка прослава на Илинден. Бугарија не ги признава македонскиот јазик, нација и култура. Тие сметаат дека во Македонија живеат Бугари, а за нас тоа не е прифатливо. Не постои ниту еден празник што би можеле заедно да го славиме со Бугарија. Можеби има простор да се одбележат заеднички настани, но празник - никако. Ако го славиме Илинден со Бугарите, значи дека се согласуваме со идеите и тезите на Санстефанска Бугарија, кои во целост ги негираат постоењето на македонската нација, јазик и култура. Тоа значи дека ја прифаќаме тезата дека еден народ, бугарскиот, живее во две држави - вели Вељановски.

Бучковски викендов, на средбата со бугарскиот премиер Станишев, рече дека во иднина Македонија и Бугарија би можеле заеднички да го слават Илинден.

ilinden.jpg

За Бучковски тоа е проевропски

Заедничката прослава на Илинден со официјални претставници на Бугарија ќе биде само потврда на самобитноста на македонскиот народ, изјави вчера премиерот Владо Бучковски

- Идејата е многу позитивна и треба да наиде на одобрување кај јавноста. Бараме начин да се почитуваат нашите празници. Поканата на прославата да дојдат и претставници на другите земји е европски манир - изјави тој.

СПМ: Идејата е великобугарска

Предлогот за заедничка прослава на Илинден е великобугарска идеја за негирање на македонската нација, изјави Зоран Витанов, портпарол на Социјалистичката партија, на вчерашната прес-конференција.

- СПМ јавно прашува дали премиерот Бучковски смета дека во Илинденското востание учествувале и бугарски востаници. Според нас, поводот зошто Бугарија сака да го слави Илинден е многу јасен. Тоа е дека за Бугарија македонската нација не постои, а македонските востаници од Илинденското востание се Бугари - изјави тој.

Витанов праша дали во програмската определба на СДСМ стои заедничкото славење на Илинден со Бугарија и редефинирањето на македонската национална историја.
 
Реакции по предлогот за македонско-бугарска прослава на Илинден

Бучковски: Историчарите се пречка за Европа

Не може да одиме напред ако постојано од историчарите и од Бугарија и од Македонија не наоѓаме нишки што ќе овозможат отворање на европски перспективи, изјави вчера Бучковски

Премиерот Владо Бучковски вчера ги обвини македонските историчари дека се пречка за европските перспективи што ги отвораат политичарите со идејата за заедничко-македонско-бугарско чествување на Илинден.

- Дел од историчарите не сака да го прифатат предизвикот што им го нудат политичарите. Сметам дека во минатото немало доволно добра клима и политичка волја за тоа. Да оставиме до следниот Илинден со добрата волја на политичарите, историчарите да излезат малку од рововите во кои се закопани. Инаку, не може да одиме напред ако постојано од историчарите и од Бугарија и од Македонија не наоѓаме нишки што ќе овозможат отворање на европски перспективи - изјави вчера Бучковски.

Идејата за заедничко чествување на Илинден и други празници на Македонија и Бугарија, која ја промовираа премиерите Владо Бучковски и Сергеј Станишев, најде на категорично отфрлање во јавноста. Историчарите од Институтот за национална историја завчера го осудија потегот на македонскиот премиер бидејќи со тоа ќе се бугаризира националниот празник на Македонците.

- Покојниот претседател Борис Трајковски ја обнови идејата во Сандански. Сега, идејата почна од Прванов, а Станишев ја пренесе. Реков дека годинава не планираме нешто слично - вели премиерот Бучковски.

Тој ги повика македонските историчари да излезат од „своите ровови”

- Нема добра волја, имам многу повредни приоритети отколку јас да го пробивам патот - рече тој.

Во јавноста не стивнуваат реакциите поради најавата на Бучковски и Станишев. Извршниот комисионер на НСДП и носител на листа во четвртата изборна единица Веле Митаноски, промовирајќи ја изборната програма на својата партија во Прилеп, го обвини премиерот Бучковски дека на своите неистомисленици пред изборите им лепи етикети на маргиналци и предавници.

- Нека дојде во Прилеп или нека појде во Ваташа и нека праша со кого и против кого борците од 1941 година испишуваа заедничка историја - додаде Митаноски. Според него, посетата на бугарскиот премиер Станишев е дел од предизборната кампања на СДСМ.

- Тоа што Бучковски го продаде Илинден и што легна на бугарското брашно за еден народ во две држави е цената што требаше да ја плати пред Станишев. СДСМ и неговите водачи на ист начин постапија во 2002 година молејќи посета од бугарските социјалисти како што во иста функција двапати беа во Софија. Тоа е само нивно предизборно „на ти го-дај ми го” и ништо повеќе - рече Митаноски.
 
А дали навистина со таква заедничка прослава се негира македонскиот народ? Зошто?
Востанието било направено и испланирано од заеднички центар на ВМРО, и само вториот и седмиот округ решиле да се дигнат на востание, а другите пет округа апстинирале.
Јас ги поддржувам и лидерот Љубчо Георгиевски, како и премиерот Бучковски барем по ова прашање.
 
Востанието било подигнато во Македонија и во него се бореле и Македонци, Албанци, Власи Бугари и други. Значи гинеле заедно за слободна Македонија и сега ако некој сосед сака да им одаде почит на тие борци кои паднале ЗА МАКЕДОНИЈА не е никакво предавство, ама се користи за пред изборите
 
КОАЛИЦИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ЗАЕДНО ИМА ТИМ КОЈ ЌЕ ЈА ДОВЕДЕ МАКЕДОНИЈА ДО ЕУ

Коалицијата За Македонија заедно има тим за успешно водење преговори за полноправно членство на Македонија во Европската унија, тим кој во првата година од новиот мандат ќе ја доведе државата до одредување на датумот за почеток на преговорите, рече на денешната прес-конференција потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

"Коалцијата знае како, кога, колку брзо и со кои средства Македонија ќе стане членка на ЕУ. Македонија логично и природно припаѓа на Европа. Историски, културно, а не само географски. На Македонија и се потребни европските вредности и стандарди и токму поради тоа сака да стане членка на ЕУ", рече Шекеринска потенцирајќи дека во изминативе четири години Коалицијата ЗА направила многу за Македонија да го добие кандидатскиот стаус со што и се отвораат претпристапните фондови на Унијата. "Коалицијата", рече Шекеринска, "има за цел во наредниот период успешно да ги води преговорите и до 2010 година да ги постигне критериумите за полноправно членство во Унијата, а не да одредува датуми кога ќе се добие полноправно членство што не зависат само од Македонија, туку и од земјите членки на ЕУ".
 
Мижи да те лажам.
 
asterix_m напиша:
КОАЛИЦИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ЗАЕДНО ИМА ТИМ КОЈ ЌЕ ЈА ДОВЕДЕ МАКЕДОНИЈА ДО ЕУ

Драг мој Астерикс,

Од причина што ти и сличните како тебе знаете само да спамирате со шаблонски постови поткрепени од партиските главучи, отворив една тема која сите вие ја избегнувате.

Ете уште еднаш ве молам да ми ја објасните состојбата во македонското стопанство и економија, да ми го опишете просечното македонско семејство, да ми ја покажете куповната моќ на граѓанинот и уште многу други работи кои се однесуваат на средната класа (која за жал ја нема во МКД), објаснете какво е тоа приближување кон ЕУ, кога визите поскапуваат и кога границите се повеќе се затвараат.

Темата е овде:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=7086
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom