Блиц вести

  • Креатор на темата Креатор на темата lav
  • Време на започнување Време на започнување
Bog da ja prosti Jugoslavija.
Cestitki i dobredojde za dvete novi nezavisni drzavi u komsii

Crna Gora

i konecno i na sila Srbija
 
Ѓорчев се надева на 60.000 гласа
Земјоделската народна партија на изборите очекува од 55 илјади до 65 илјади гласа, а на најголем успех се надеваат во „четворката“, каде што очекуваат 4 пратеници. За петтиот ќе се борат во „тројката“, рече пред кавадарчани лидерот Марјан Ѓорчев.

Пред или по изборите, ЗНП би влегла во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, ДОМ и НСДП. Ѓорчев рече дека сега имале неусогласености за конечната верзија на документот што треба да го потпишат со партијата на Груевски. Според него, новата влада ќе ја сочинуваат токму овие три партии, а се надева дека ним ќе им се приклучи и Земјоделската.

На власта, која минатиот пат им ја исклучила струјата правдајќи се дека стаорец го прегризал десеткиловолтен кабел, Ѓорчев и' порача дека ќе и' се стемни во јули, кога ќе види колку гласови освоила.

Ѓорчев ја претстави партиската програма насловена како „Македонија е фабрика под отворено небо“ и вети биодизел за земјоделците, по цена од 20 денари за литар.
 
ПОДДРШКА ЗА ПОРЕЧaни

ДОМ бара пат низ „Јасен“
Демократска обнова на Македонија го поддржува барањето на граѓаните од Порече патот Скопје-Кула-Порече повторно да се отвори за јавен сообраќај. Здружението на граѓани „Порече“ собрале 10.000 потписи за повторно отворање на најблискиот пат од Скопје до Порече, кој минува низ ловниот резерват „Јасен“.

- ДОМ утврди дека приказната за „Јасен“ продолжува со необјасниви разврски. Владата лани во март одлучи да асфалтира 7 километри пат низ ловиштето, а во септември донесе забрана за изградбата, без логично објаснување. ДОМ бара Владата да одговори зошто се држи затворен патот преку резреватот? Зошто се гради подолг пат наместо да се доврши најкусиот? Дали ловџиската страст на политичарите од власта е поважна од интересот на граѓаните - се вели во соопштението на партијата.

Демократска обнова на Македонија го пренесе ставот на Здружението „Порече“ дека ќе ги повикаат граѓаните да не плаќаат струја и да не гласаат на изборите ако не биде изграден нов дел од патот долг 7 километри, како замена за потопениот.

Најкраткиот пат од Порече до Скопје беше затворен во 2003 година, при изградбата на вештачкото езеро Козјак. Оттогаш жителите од овој крај поминуваат 200 километри за да стасаат до Скопје.
 
СТРУМИЦА

Груевски вети 150 милиони евра за аграрот
Организираниот криминал во земјава, вклучувајќи го и случајот „Југ“, не' оддалечува од ЕУ, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Промовирајќи ја програмата „Преродба во 100 чекори“, Груевски вчера од Струмица порача дека сериозно ќе се бори против организираниот криминал и корупцијата.

- Ќе правиме коалиција со партиите што навистина ќе ја прифатат нашата програма, особено за борбата против корупцијата и криминалот и обврските што Македонија треба да ги исполни за приклучување кон ЕУ - рече Груевски.

Тој најави национален акционен план за развој на земјоделството преку поттикнување на приоритетните производи, кои се барани во европските земји.

- Во нашиот мандат буџетски субвенции за земјоделското производство ќе се зголемуваат секоја година, наместо да се намалува сега. До 2010 година ќе обезбедиме три пати повеќе средства за директна поддршка на земјоделците, преку фискални олеснувања, програми за обука и помош и странски инвестиции. Се очекува во овој сектор да влезат над 150 милиони евра. А ДДВ за земјоделските репроматеријали и механизација ќе се намали од 18 на 5 отсто - додаде Груевски.
 
BushMan напиша:
Груевски вети 150 милиони евра за аграрот
Организираниот криминал во земјава, вклучувајќи го и случајот „Југ“, не' оддалечува од ЕУ, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Промовирајќи ја програмата „Преродба во 100 чекори“, Груевски вчера од Струмица порача дека сериозно ќе се бори против организираниот криминал и корупцијата.

- Ќе правиме коалиција со партиите што навистина ќе ја прифатат нашата програма, особено за борбата против корупцијата и криминалот и обврските што Македонија треба да ги исполни за приклучување кон ЕУ - рече Груевски.

Тој најави национален акционен план за развој на земјоделството преку поттикнување на приоритетните производи, кои се барани во европските земји.

- Во нашиот мандат буџетски субвенции за земјоделското производство ќе се зголемуваат секоја година, наместо да се намалува сега. До 2010 година ќе обезбедиме три пати повеќе средства за директна поддршка на земјоделците, преку фискални олеснувања, програми за обука и помош и странски инвестиции. Се очекува во овој сектор да влезат над 150 милиони евра. А ДДВ за земјоделските репроматеријали и механизација ќе се намали од 18 на 5 отсто - додаде Груевски.

Прв пат слушам дека ако фатиш криминалци кои се бават со трговија со луге не оадлечува од Европа?

Ке колаицирал груевски само со оние кои ке ја прифатиле програмата, добра декларативна заложба, ама зоштио Столе Андов му раскинува на Груевски кога е тој еден од творците на програмата

Ке се борел со корупцијата, нека објасни како со министерска плата од 35.000 денари купи два стана во центарот на Скопје, изгелда економијата ставрно му е во малото прсте
 
OBI VAN напиша:
Прв пат слушам дека ако фатиш криминалци кои се бават со трговија со луге не оадлечува од Европа?

Ке колаицирал груевски само со оние кои ке ја прифатиле програмата, добра декларативна заложба, ама зоштио Столе Андов му раскинува на Груевски кога е тој еден од творците на програмата

Ке се борел со корупцијата, нека објасни како со министерска плата од 35.000 денари купи два стана во центарот на Скопје, изгелда економијата ставрно му е во малото прсте

ZNAES ZOSTO MU RASKINNUVA STOLE ANDOV OTI TOJ NEMA KARIES NA ZABITE A SITE STO IMAAT KE OSTANAT
 
ПРОТЕСТ ВО КУМАНОВО

ПРОТЕСТ ВО КУМАНОВО
Врховниот суд налага исплата на поротниците
Врховниот суд во петокот упатил писмо до претседателот на Основниот суд во Куманово во кое се налага да им бидат исплатени надоместоците на кумановските судии-поротници. Тие две недели штрајкуваат и ја блокираат работата на судот бидејќи не им се исплатени надоместоци за две години.

- Во писмото му се налага на претседателот на судот да ни ги исплати заостанатите надоместоци од 500 до 600 евра за педесетина поротници одделно - вели Трајче Николовски, претседател на Штрајкувачкиот одбор.

Иако штрајкуваат, поротниците присуствуваат само на претреси по кривични постапки.

Претседателот на судот не одбива да им ги исплати надоместоците на судиите-поротници, но се жали дека нема пари и дека финансиската состојба на судот е тешка поради заостанати долгови по повеќе основи. Згора на тоа и парите од буџетот се намалени, а надлежностите проширени.
 
СОНК ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВИ МАСОВНИ ПРОТЕСТИ

СОНК ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВИ МАСОВНИ ПРОТЕСТИ
Бучковски го нарече Цветановски манипулант
Премиерот вчера го обвини претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура дека манипулира со вработените

31590A587C93444AA7B2A99B79CA277F.jpg

Премиерот Владо Бучковски вчера го обвини претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Дојчин Цветановски дека манипулира со вработените во овие ресори. СОНК најави дека утре, на денот на просветарите, неговото членство ќе излезе на масовен протест бидејќи Владата не ги почитува колективните договори. Синдикатот се закани со генерален штрајк во образованието и прекин на учебната година на 5 јуни ако не се исполнат барањата.

„Не би сакал да помислам дека Цветановски свесно манипулира со СОНК, пред се', со вработените во образованието, науката и во културата, злоупотребувајќи ги за политички цели и лична корист“, му напиша премиерот на синдикалецот и го покани денеска на средба во неговиот кабинет.

Бучковски тврди дека сите коефициенти утврдени со колективните договори се почитуваат од Министерството за образование.

„Ако им се исплати надоместок од 760 денари на класните раководители во основното образование, кој никогаш досега не бил исплатуван, во голема мера ќе се пробие претходно договореното зголемување на масата на плати од 12 проценти. Заради ова, а и затоа што во моментот нема точна евиденција кои наставници се и одделенски раководители, Министерството за образование предложи овој додаток да почне да се исплаќа во износ од 69 денари со платата за месец мај“, стои во дописот.

Премиерот смета дека треба да се менуваат колективните договори со СОНК.

Цветановски најави дека денеска ќе го каже својот коментар на обвинувањата од премиерот. Тој изјави дека Владата признава оти не ги почитува колективните договори со тоа што сака да ги менува.

Синдикатот бара целосно почитување на потпишаните колективни договори и на Спогодбата помеѓу СОНК и Владата, продолжување на целодневната настава и повлекување на измените во Законот за основно образование, со кои воспитувачите треба да дополагаат уште 17 испити за да предаваат во нултата група од деветтолетката.
 
ДИЛЕМИ ЗА ПОДГОТВИТЕЛНАТА ГОДИНА

ДИЛЕМИ ЗА ПОДГОТВИТЕЛНАТА ГОДИНА Пинг-понг со шестгодишните деца
Никој не знае како децата ќе одат од училиште во градинка, ни чија обврска е превозот ни колку и каде ќе плаќаат родителите...
A3915DDC7519C84692EDC1BFEEAFD05E.jpg

За шестгодишниците, кои од септември задолжително ќе тргнат во подготвителната година, има три варијанти: до пладне во училиште, а по часовите во градинка; на целодневна настава ако ја има во училиштето, или - кај бабите и дедовците.

Наставничките ќе имаат обврска да ги однесат децата од осмолетката до градинката, ако зградите се блиску, а ако се далеку, ќе му ја мислат родителите. Во Министерството за образование креваат раменици и велат дека прават се' што е според Законот за основно образование.

- Нема да биде посложено ако шестгодишниците прво се во училиште, па потоа во градинка. Родителите во тој случај ќе плаќаат за ручек или за дневниот престој таму. Законски, немаме обврска да се грижиме за децата по завршувањето на настава - велат во Министерството.

Родителите се револтирани од „времетраењето“ на наставата. Што ќе прават децата по часовите? Кој ќе ги земе напладне? Ќе има ли во тој случај дневен престој или целодневна настава? Зошто подготвителната настава не може да се одвива во градинките? Ова се најчестите прашања што си ги поставуваат родителите.

- Ова е несериозно. Само експериментираат со децата. Тие се премногу мали за сами да одат во градинка или да се вратат дома. Кој ќе одговара ако им се случи нешто? - реагираат родители.

Во детските градинки велат дека може да ги прифатат шестгодишниците, но дека ништо нема да преземат се' додека не добијат „зелено светло“ од министерствата за труд и социјална политика и за образование. Во повеќето од нив сметаат дека Министерството за образование треба да организира превоз ако осмолетката е оддалечена од градинката.

- Иако на родителите може да им понудиме разни можности за да ги згрижиме децата, засега ништо не преземаме бидејќи немаме никакви насоки од министерствата. Тие треба да го решат овој проблем - коментираат во повеќе скопски градинки.
Шок за децата Шестгодишниците ќе бидат шокирани и измалтретирани, коментираат стручњаците.

- Како никој да не мисли на децата. Тие ќе бидат целосно збунети. Ќе немаат време да се навикнат на средината. Да не зборуваме дека физички ќе се изморат ако ги префрлаат од едно место на друго. Кај нив може да се јави отпор кон училиштето - сметаат социолозите.
 
ИНЦИДЕНТ ВО СЕЛОТО ВОЗАРЦИ, РОСОМАНСКО

ИНЦИДЕНТ ВО СЕЛОТО ВОЗАРЦИ, РОСОМАНСКО
Ракета падна во селски двор
Бевме преплашени од силното невреме. Гледавме во небото и се молевме Господ да не' чува. Само Бог и липата во дворот не' спасија, кога слушнавме дека нешто удри во дрвот, мислевме дека е експлозија

29C97633672C6548939A9516D809092A.jpg

Бевме преплашени од силното невреме. Гледавме во небото и се молевме Господ да не' чува. Само Бог и липата во дворот не' спасија, кога слушнавме дека нешто удри во дрвото, на само неколку метри од нашите соби. Мислев дека е експлозија.

Вака Блаже Митревски од селото Возарци, Кавадарско, го опишува стравот што го предизвика една залутана градобијна ракета, која деновиве, по грешка, завршила во нивниот двор. Пред неколку години во Кавадарци загина жена од градобијна ракета што по грешка падна во станбен објект.

Токму затоа, последниов инцидент предизвика страв и паника меѓу жителите на селото Возарци. Остатоци од ракетата се' уште има во неколку дворови.

Неколку секунди пред да се случи инцидентот, тие забележале како нешто свети и со голема брзина се движи и паѓа во селото.

- Децата си играа во дворот. Заврна дожд, па се засолнија под терасата од куќата. Само што влеговме дома, слушнавме силна експлозија. Долго потоа во воздухот се чувствуваше мирис на барут. Имавме среќа затоа што некој можеше да загине - раскажуваат во семејството Силјанови.

Герасим Ивчев ги забраздувал пороите од дождот во дворот кога, како што вели, нешто паднало од небото на само неколку метри од него. Подоцна сфатил дека се работи за „погрешно адресирана“ градобијна ракета.
585F64E43C6D6945A3D13130F61DF675.jpg

Градобијните ракети биле испукани по невремето и врнежите од град што го зафатиле селото Сирково, Росоманско, за да се спасат другите села.

Панче Димитриев од селото Возарци, кој пред 7 години активно бил вклучен во заштитата од град, вели:

- Основно правило во заштитата од град е дека не смее да се пука над населено место. Но од детонацијата, можно е да се измени правецот на движење на ракетата. Можно е да се работи и за неисправна ракета ако навреме не се отвориле перките.

Раководителот на Секторот за заштита од град во Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје, Александар Каранфиловски, потврдува дека се известени за инцидентот во Возарци и најави дека ќе излезат на местото на настанот.

- Секое техничко средство има процент на неуспешност. Ракетите што ги користиме имаат максимум два процента неуспешност од која било причина - вели тој.
 
КООРДИНАТОРОТ НА ПАКТОТ ЗА СТАБИЛНОСТ КАТЕГОРИЧЕН

Годинава не очекувајте преговори за членство Македонија не треба да очекува дека за време на финското претседателство со ЕУ во втората половина од годинава ќе добие датум за почеток на преговори за членство, изјави координаторот на Пактот за стабилност Ерхард Бусек во Брисел.

- Не сакам да шпекулирам со датуми, меѓутоа знам дека до крајот на годинава, за време на финското претседателство, нема да има датум за преговори со Македонија. Помеѓу македонското и хрватското зачленување во ЕУ ќе помине подолг временски период и тоа од повеќе причини, а една од нив е референдумот што во Франција треба да се одржи за зачленувањето на Македонија - вели Бусек.

За првиот човек на Пактот за стабилност, ситуацијата во Македонија е добра кога станува збор за безбедноста и за примената на Охридскиот договор.

- Од аспект на Охридскиот договор работите се одвиваат позитивно. Неодамна разговарав со Али Ахмети, кој, без да го прашам, јасно ми кажа дека албанските партии во Македонија одлучуваат заедно со своите македонски партнери и дека не гледаат ниту кон Тирана ниту кон Приштина - вели Бусек.

Но, во однос на европската интеграција работите се посложени и потешки.

- Потребни се многу длабоки промени во борбата против корупцијата, во администрацијата, во борбата против криминалот. Кандидатскиот статус во Македонија даде погрешен впечаток дека преговорите за членство ќе се одвиваат по некој автоматизам и дека ќе почнат набргу - вели Бусек.

Тешкотиите во чекорењето кон ЕУ ги има во повеќе области. Регионалната соработка, според Бусек, исто така е недоволна не само во Македонија, туку и во сите земји во регионот. Се слушаат премногу декларативни заложби, меѓутоа на теренот малку се случува, а иницијативите што постојат се во организација на Пактот за стабилност или самата Европска комисија.

- На регионот му недостига капацитет - тврди Бусек.

Пред донесувањето на одлуката за трансформирање на Пактот за стабилност во регионална организација на чие чело треба да застане лидер од регионот, Бусек предупредува дека регионот мора поконкретно да ја покажува својата европска определба, подобро да се организира на регионално ниво и подобро да му го пренесува на Брисел придонесот на Југоисточна Европа во европската градба.
 
ПРЕГОВОРИ ВО АЛБАНСКИОТ ПАРТИСКИ БЛОК

Ахмети со Вејсели, Џафери со Хоџа
Владејачката ДУИ и опозициската ДПА во трка за повеќе гласачи и за посигурна победа атакуваат врз помалите опозициски партии на Албанците. Деновиве ќе се знае дали партијата на Али Ахмети ќе направи предизборна коалиција со ПДП на Абдулади Вејсели, а партијата на Арбен Џафери со НДП на Џезаир Шаќири-Хоџа.

- Веќе имавме средба на која изразивме желба да се здружиме со ДПА, бидејќи сметам дека така може да победиме. Но, за тоа треба да одлучи партијата на Џафери - вели Басри Алити, претседател на НДП.

Тој најави дека утре ќе се знае дали партиите ќе настапат заедно. Услов НДП да прифати предизборна коалиција со ДПА е да добие две пратенички места во шестата изборна единица и во „двојката“, а при евентуална победа и неколку функционерски места во извршната власт. НДП во шестата изборна единица бара сигурна позиција за лидерот Басри Алити, а во „двојката“ уште еден пратенички мандат за Џезаир Шаќири. Според НДП, за партијата на Џафери било прифатливо да им отстапат еден пратенички мандат и место на заменик-министер во идната влада.

Висок функционер на ДПА потврди дека по барање на НДП имало средба за можна коалиција.

- Не е точно дека на НДП и' ветивме пратенички места. Ако сакаат да коалираат со нас може да добијат функција во извршната власт - вели висок функционер на ДПА.

Според извори од ДУИ, до крајот на неделава треба да се реши дилемата дали ќе има предизборна коалиција со ПДП. Официјално и во двете партии велат дека разговорите се во тек. Неофицијално, неизвесно е дали ќе има договор бидејќи ПДП побарала пет пратенички места, ДУИ за партијата на Вејсели би отстапила најмногу две.
 
ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО БИТОЛСКАТА КАСАРНА

Дисциплинска за офицерот што тепал регрути
Воено-дисциплинска комисија на Министерството за одбрана ја утврдува одговорноста на поручникот Игор Чавлевски од битолската касарна, обвинет дека тепал војници на вежба на 9 мај годинава. Поручникот се' уште не е суспендиран, а се води истрага за тоа како постапувал со војниците, тврдат воени извори.

Војникот Фатон Селмани, кој е во бегство од денот на инцидентот, тврди дека поручникот тепал десетина војници додека имале обука во гаѓање.

- Ни удираше клоци и шлаканици. Мене ме удри двапати во ногата и еднаш во ребрата додека бев во лежечки став. Клоцаше и викаше, не знам зошто. Баравме да одиме во стационарот во касарната, но десетарите не ни дозволија - тврди Селмани.

Тој вели дека избегал по вежбата и оттогаш не се вратил во касарна. Војникот тврди дека еден од неговите другари од водот на поручникот Чавлевски една недела е во стационар, поради гребнатинки на носот што ги добил од ќотек од поручникот.

Воени извори потврдија дека поручникот не се однесувал според правилата на службата, но демантираат дека тепал војници. Тие ги демантираат и тврдењата дека поручникот бил преместен во друга единица, а потоа и суспендиран на 30 дена. Против поручникот нема да се преземаат никакви мерки додека не заврши истрагата, тврдат армиски извори.

Од Генералштабот на АРМ вчера соопштија дека повел дисциплинска постапка за да утврди што точно се случувало на обуката на 9 мај. Според Генералштабот, за време на обука на војниците од касарната „Стеван Наумов-Стив“, поручникот Игор Чавлевски, командир на вод, не постапувал според пропишаните правила и прописи. АРМ не даде подетална официјална информација за тоа како офицерот ги прекршил правилата.

За настанот е формирана дисциплинска комисија. Според Законот за служба во АРМ, таква комисија се формира за потешки дисциплински прекршоци и кога треба да се утврди дисциплинска повреда за која се предвидени потешки казни. Законот наложува формирање комисија кога треба да се изрече едногодишна забрана за унапредување, враќање на должност на понизок чин до две години, деградирање во понизок чин, престанок на работниот однос и губење чин.
 
ОБУКА

Полицијата учи човекови права
Дводневна обука за полицијата за Европската конвенција за човекови права почна вчера во Охрид. Обуката е наменета за командири на полициски станици, а предавачи се експерти од Советот на Европа.

Акцент на работилницата ќе биде ставен на заштитата на човековите права и примената на овие принципи во секојдневното работење на полицијата

Ралф Кроушо, експерт на Советот, смета дека полициите во земјите во транзиција добро ги познаваат човековите права, но она што треба да се направи е практично да се применат принципите од резолуцијата за заштита на човековите права на теренот.
 
независни кандидати

Кирчо Ташков и Панчо Минов носители на листи
Носители на независните кандидатски листи во четвртата и во петтата изборна единица ќе бидат актуелниот градоначалник на Кавадарци Панчо Минов и Кирчо Ташков од Битола, соопштија вчера од Министерството за правда.

Само тие, од вкупно осум вакви иницијативи, успеале да соберат доволно потписи за своите кандидатури.

Јулијана Георгиевска, раководителка на Одделението за Избирачки список во Министерството за правда, соопшти дека 38.000 граѓани ги провериле податоците. Само 423 од нив поднесле барање за промена на податоците - 229 барале да се изврши промена на адреса или на презиме, 94 да бидат запишани во списокот бидејќи ги немало, а 100 лица биле избришани поради смрт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom