Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.857
После жестока расправија со некого, ако сме кажале навредливи и лоши зборови, се случува да се извиниме, затоа што наводно не сме мислеле така. Бараме оправдување во моменталната нервоза која не обземала, кажуваме дека не знаеме од каде ни дошле тие зборови и бараме прошка врз таа основа. Можеби психата ни функционира така, да сакаме да го повредиме тој што не повредил нас, но дали во такви моменти поради тоа е можно и да лажеме или да не сме свесни што зборуваме?
Но, реално гледано, дали тогаш не сме најискрени? Дали кога сме повредени и лути не го кажуваме токму тоа кое ни тежи и смета цело време? Како е можно ако некои работи кај соговорникот не ни сметаат, да му ги кажеме кога се караме?
Колку верувате во тоа? Како вие се однесувате кога се карате, дали потоа ги користите споменатите изговори и дали верувате во нив доколку некој друг ви ги каже?