Благодарен/а сум за...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Благодарна сум за сите грешки кои ме направиле посилна.
Благодарна сум за сите „пријатели“ кои не испаднале толку добри, ме научија добро да ги проценувам луѓето.
Благодарна сум за прекрасните луѓе кои ме опкружуваат во моментов, без нив би се распаднала.
Благодарна сум за сите убави и не толку убави нешта кои ми се случиле во животов, ме направиле тоа што сум сега.
И секако, благодарна сум за сите особини кои сум ги наследила од мама и тато, без нив мојата суета би била нецелосна.
 
-Благодарна сум на моите родители што ме одгледале и уште ме одгледуваат, што ме воспитале и што ме научиле што е добро,а што не.
-Благодарна сум и на мајка ми што толку се труди за све околу мене и семејството.
-Бладодарна сум му на братми што и покрај сите караници,тука е да ми помогни(ова ретко се дешава,ама битно тука е)
-Благодарна сум му на животов што ми подарил другарки кои никогаш не сум ги заменила за некои си трети личности.
-Благодарна сум им на сите оние што ме почитуваат како ЈАС,а не како ОНАА.
 
Благодарен сум на моите родители...ме воспитале како што треба!+ да не биле они сеа ќе бев инвалид ќе нема да можев да одам...(ехх колку не спиени нојќи имале)
Благодарен сум на моите баба и дедо(и од двете страни...)
Благодарен сум на брат ми(како мал ме челичеше ме буташе од количка...затоа сеа сум јак)
Благодарен сум на другарите...
Благодарен сум на особините што ги имам наследено(посебно тие од мајка ми 80% од неа се)
Благодарен сум на сите убави нешта во животот...
Благодарен сум на МАКЕДОНИЈА...што уште од 3 години знам за целата нејзина територија...поради нејзината макотрпна историја ме натера уште од мали нозе да ја засакам и да имам една идеа и цел...а тоа е МАКЕДОНИЈА(Вардарска+Егејска+Пиринска)
 
Благодарна сум што сум жива!
Благодарна сум што секој ден се будам во топла постела!
Благодарна сум за тоа што секој ден имам храна на масата!
Благодарна сум што ја имам можноста да се образувам и надоградувам!
Благодарна сум што одам на факултет!
Благодарна сум што знам да читам и пишувам!
Благодарна сум што секој ден имам чиста вода за пиење!
Благодарна сум што живеам во мир!
Благодарна сум што имам можност да го пишувам ова!
Благодарна сум што имам облека на себе!
Благодарна сум што имам другари и другарки!
Благодарна сум што имам кој да ме гушне кога ми е тешко!
Благодарна сум што имам љубов во себе!
Благодарна сум што имам фамилија, роднини!
Благодарна сум на се што ИМАМ ВО ЖИВОТОТ!
....а највеќе од се - БЛАГОДАРНА СУМ ШТО ПОСТОЈАМ!

И пред се... благодарна сум што имам очи со кои гледам, уши со кои слушам, уста со која зборувам!


Спотов секој треба да го погледне!
 
Благодарна сум што не сум се родила во запустен дел од Африка и што тежам над 25 кила.

Благодарна сум што секој ден имам храна, вода, покрив над глава и семејство што ме грижи. Чак и милион други привилегии, кои се луксуз за барем пола милијарда луѓе во светов.

Благодарна сум што сум физички здрава и целосна.

Благодарна сум што имам каде да отидам и каде да се вратам.

Се над ова, не треба ни да се осмелам да побарам. Иако веќе го имам.
Настрана од ова што сум се фурала, ја и не сум многу благодарна личност. Благодарна сум за многу малку нешта во споредба со тоа за колку работи сум бесна што ги немам.
Типичен homo sapiens: повеќе го вреднувам тоа што го немам, отколку тоа што веќе го имам. :toe:
 
За втората шанса :nesum:.
 
За компјутерските ваучери за апсолвенти у учебната 2009/10 година.
 
Благодарен сум затоа што имам луѓе кој ме ценат и почитуваат.
Благодарен сум затоа што имам скромен живот како и секој друг.
 
Благодарен сум за Кајгана :aplauz:
Благодарен сум за сите што ме направиле човек
Благодарен сум за здравјето на мојата фамилија
и то...
 
Благодарна сум за тоа што моите родители ми дале живот и се грижат за мене
Благодарна сум што го дочекувам секој нов ден со моите сакани,во топла постела
Благодарна сум за тоа што сум опкружена со љубов,од мојата фамилија и блиски луѓе
Благодарна сум што секогаш каде и да одам,имам каде да се вратам
Благодарна сум што знам дека има секогаш на кого да се потпрам....итн..:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom