BJJ - Brazilian jiu jitsu

Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
КОН ВРВОТ НА ЕВРОПА СО БРАЗИЛСКО ЏИУ ЏИЦУ

Бронзен медал за Македонија во бразилско џиу џицу

Текст: Кајгана
Останати спортови | 29 јануари 2013

Клубот „Карлос Маја“ ја имаше таа чест за првпат да ја претставува Македонија на Европското отворено првенство по бразилско џиу џицу кое се оддржа во Лисабон, Португалија од 24-ти до 27-ми јануари. Со преку 2.000 натпреварувачи и 10-годишна традиција, Европското е едно од најпрестижните натпреварувања по бразилско џиу џицу во светот.

На овој прв настап, Македонија го доби и својот прв успех. После неколку напорни борби, Јовановски Александар се избори за третото место во супер-тешка категорија. Со освоениот бронзен медал стана првиот Македонец кој стигнал до победничкиот подиум на Европа во бразилско џиу џицу.

Бразилското џиу џицу е нов и млад спорт во Македонија, а активно се тренира во последните 2 години. Со преку 20 освоени медали на меѓународни натпревари тимот на Карлос Маја е најуспешниот БЏЏ клуб во нашата земја.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
БЏЏ е прекрасен спорт, но немој да се лажете дека не е ефикасна како вештина на улица т.е. реална ситуација. Има огромна разлика од спортско БЏЏ и од Street БЏЏ, два различни концепта што доаѓаат од горенаведената вештина. Побарајте малце на youtube или на google не сакам да замарам :).

Иначе јас почнав во Македонија со ММА, работев неколку месеци се здобив со основа колку толку, после тоа се префрлив во Carlos Maia кај Мартин. Прекрасен клуб, атмосферата е супер, има знаење и искуство во овој клуб повеќе од било кој клуб во Македонија.

Во септември се преселив во Америка и од тогаш почнав да тренирам со Теаm Santos и со Gracie Fighter (клубот на Nick i Nate Diaz). Исто така почнав да работам и Judo со еден од членовите на Yamashita семејството, тие што тренираат Judo знаат за кој зборам.

Од тоа што јас имам собрано искуство, не велам дека е огромно, но ако сакаш како борец дали ММА или БЏЏ или Џудо, мораш да го исцрпуваш најдоброто од секоја вештина. На пример БЏЏ борците не се толку доминанти на Stand Up како што се џудистите, но пак од друга страна џудистите не се толку ако можам да кажам "внимателни" на земја. Од кога почнав со Џудо паралелно , ги доминирав скоро сите во клубот (дури и повисоки појаси) кога беше во прашање Stand Up.

Не сакам никој да навредам кој што тренира кај аце т.е. традиционално ЏЏ , али јас кога бев кај нив во клуб, отидов на 3 тренинзи и "црните" појаси на спаринг ги средив без многу напор, што ме разочара бидејќи во таков клуб никогаш нема да можеш да просперираш. Така да се повлеков од таму, и отидов во Carlos Maia :).
Веќе извесен период постои тенденција на поделба на џудо за Stand Up и на БЏЏ на партер. Поделбата се разбира не важи за врвните (профи) џудисти кои мораат да ги знаат одлично и партерните техники.

Тој што не е „внимателен“ на земја не посветил доволно внимание на истите техники зашто џудо е комплетно опремено за партерна борба само ете се помалку имаат желба да ги тренираат и тие техники додека БЏЏ посветува внимание баш на нив.

Информативен пост во секој случај :).
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
еве една многу интересна демонстрација на ВЈЈ :D
 
Член од
27 март 2006
Мислења
138
Поени од реакции
5

Моја грешка, сакав да кажам не се фокусираат толку на партер колку што се фокусираат на Stand Up-от, али секако дека сите врвни џудисти имаат добра партер игра, но најголемите поени доаѓаат од успешните фрлања, затоа и како што реков фокусот им е повеќе на Stand Up-oт. Различни правила, на тоа се сведува, (и нормално некои концепти). Додека во џудото не сакаш да бидеш на грб, во БЏЏ тоа не преставува проблем дури и за некои луѓе е бенефит, т.е. доминантна позиција да бидат на грб.

Али како и да се пополнуваат една со друга неверојатно, и затоа и препорачувам ако имате можност и двете вештини да ги работите.

Зошто да имам едно оружје кога можам да имам две?

Фала ти на одговор во секој случај :)
 
Ако двете ги учиш до крај (до максимум) и со Џудо и со БЏЏ ќе стигнеш скоро на исто ниво (ако ти се за самоодбрана) зашто ќе мораш да научиш и удари и партерни и стоечки техники но секако со тенденцијава на сепарирање кој има можност за квалитетен тренинг најубаво да ги проба и двете и баш ми е мило дека си нашол дека џудото ти ја подобрило борбата од стоечки став :) .

Јас лично имам респект и за двете зашто (како што спомна) одлично се надополнуваат :).
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.789
Не знам колку е паметно на улица да завршиш на земја бидејки може да се повредиш на некој оштар предмет, а прашање колку е ефикасна вештинава против повеке од еден противник во реална ситуација.
 
Не е ефикасна против повеќе противници, но која вештина е. Ако повеќето противници не се статисти во индиски филм и имаат грам мозок ќе те средат па што сака нека биде :)

А во улични борби сакал-несакал бесконечно пати се завршува на земја.
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.789
Не е ефикасна против повеќе противници, но која вештина е. Ако повеќето противници не се статисти во индиски филм и имаат грам мозок ќе те средат па што сака нека биде :)

А во улични борби сакал-несакал бесконечно пати се завршува на земја.
Точно е меѓутоа ако се тепаш со уличари,али ако наидеш на пример на боксер кој брзо се движи и со брзи раце незнам како ке успееш да се справиш со БЈЈ
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Не е ефикасна против повеќе противници, но која вештина е. Ако повеќето противници не се статисти во индиски филм и имаат грам мозок ќе те средат па што сака нека биде :)

А во улични борби сакал-несакал бесконечно пати се завршува на земја.
Хммм, не се баш така прости работите. Ако си трениран за борба со голи раце (треба и самите дланки и прсти да се тренирани) и си многу брз имаш солидни шанси и со повеќе противници посебно ако не се врвни борци. Сепак што и да е се знае прв чекор е да излезеш од кругот па после или ги средуваш (ако можеш) или бегаш.

Познати се индиски борци кои имале реални борби со повеќе противници ама тренирале како гладијатори што значи можно е ама денес скоро никој нема таков тренинг туку повеќе се оди на здравје и такмичење (со еден противник) :).
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
еве една многу интересна демонстрација на ВЈЈ :D
кој следи ММА знае дека guerrila jiu-jitsu е прилично популарно кај мексиканците, најпознат мајстор во оваа варијација да ја наречам е dave camarillo учител на борци како Кеин Веласкез кој е шампион во тешка категорија во УФЦ, и џон фитч е исто така црн појас кај дејв.
иначе почнав да тренирам греплинг, и отворањето на гард ми е засега најтеѓко, имам многу проблем со отворањето на гардот, нонстоп заглавувам на нешто
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
иначе почнав да тренирам греплинг, и отворањето на гард ми е засега најтеѓко, имам многу проблем со отворањето на гардот, нонстоп заглавувам на нешто
Каде греплаш?
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
максам во прилеп, кик бокс и мма е повеќе ориентиран, чисто граплинг сум таму :)
ај поздрав до максам фајт, ако правите пак турнир во граплинг во прилеп како минатото лето, може ќе се видиме :D
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
ај поздрав до максам фајт, ако правите пак турнир во граплинг во прилеп како минатото лето, може ќе се видиме :D
се надевам брат и до тогаш можи и ќе бидам спремен да учествувам :)
 
Gregory9

Anonymous
Член од
12 јануари 2013
Мислења
231
Поени од реакции
296
Имам желба да почнам да тренирам BJJ... е сега имам неколку прашања. :) Која е цената за членарина низ клубовите во Скопје, колку тренинзи имаат, колку чини опремата за тренинг и дали воопшто има некоја посебна опрема? Мислам дека има некој клуб во околината на Водно тука некаде но не сум сигурен, така сум разбрал од братучедми кој тренира подолго време...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom