за 3000 евра .. не баш, ама со 6 -7 илјади се можи... татко ми и јас пред да го реализираме проектот имавме 7 илјади евра.. јас тогаш имав 18 години и му бев главен помошник.. крајната цел на првата фаза на проектот беше мини фарма за кокошки.. .. тогаш бев средно и бев дома во Прилеп и помагав секој ден, посебно при градењето, а потоа и во целокупната работа во мини фармата... ЕЕЕ тогаш видов каде се раѓа лебот... преку лето преку 12 тина сати бев таму, маста ми излезе... на почеток ги истрошивме скоро сите средства од буџетот, ама потоа дојдоа доходите, како од продавање на јајцата во локалните подавници така и од продавање на живи кокошки.. за таа работа бев јас задолжен.. одев шетав во локални продавници и маркети и им ги нудев производите , некогаш сам некогаш со таткоми, не ретко тоа што немаше да го предадеме во продавниците и маркетите го подававме на пазар, како во прилеп така и во кавадарци, неготино, велес... откако почнаа доходите многу малку пари татко ми од нив издвојуваше како плата за него, чинам околу 12.000 се другото одеше на храна и на нови животни.. така бројот на кокошки експоненцијално почна да расте 100 - 200 - 400-700, доходите се зголемуваа секој месец од мала фарма преминавме во средна фарма и сега има луѓе вработени таму доходите се се поголеми и поголеми, а татко ми сепак зема 12.000 иако сега комотно може да си зема преку 1000 евра месец.. тие вишок ги враќа во фармата.. сега како втора фаза планира да отвори фарма за кози и крави, за втората фаза веќе купил ниви кои ќе бидат пасишта, бидејќи планира сам да ја произведува храната . Како последна фаза од проектот, а и животна желба му е мала локална млекара - за производство на мариовско сирење, кашкавал и други млечни производи. Тоа е негова животна желба се надевам дека ќе ја исполни.... а јас пак студирам на електро и нз дали ќе го продолжам неговиот проект