Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
Денес односно вечерва како што знаете во Битола беше премиерот ,па ние ја искористивме шансата директно во четири очи да го прашаме за стадионот !
Одговорот беше дека, стадион тие не ветиле туку друг ,мислејќи на градоначалникот ,на тоа реплицирав дека тој е од истата партија и дека за стадионот исто беа запознаети на трибината пред две години каде Ставревски рече дека ќе го разгледаат прашањето..
Премиерот пак одговараше дека тие не ветиле и за тоа треба да одговори владе и го бараше ама тој се скри како глушец на дождот.
Од нас следуваше образложение дека од него нема што да бараме, туку да го истегни за уши владе,да си го острвари ветеното и барем едната трибина да ја направи.
Но за жал премиерот пак даде ист одговор дека не може да вети, пак ќе разгледале ветеното од владе....
Сепак ова нас нема да не поколеба, одиме до крај со нашето барање , за исполнување на нивното ветување!
#СакамеСтадион во #Битола
 
Џабе е Горан... Стадионот е однапред загубена битка.
Само џабе си го губите времето и енергијата. Ако денес не ви стана јасно, јас незнам кога.
За жал и во опозицијата не глеам кадарни луѓе од Битола шо ќе можат да излобират некоја капитални инвестиција. И тие ќе бидат само статисти и бројка за гласање во парламентот и ништо друго.
Нема глас да му слушниме од ко ќе заминат Скопје. Дури се тука во Битола се гласни, галамат, глумат локал патриоти... Ама ко ќе го поминат плетварот се мачиња. Предат таму, гласот не му се слуша.
 
Ваков чоек 10 години е алфа и омега во градот.Доволно е да се види шо градоначалникот и ќе заклучиш до шо дереџе е стигнат градот.Ако треба и Дпмне да останат на власт,само копиљо да го видам кај шо оди апсана,се да му конфискуват и до седмо колено да ги исплаќат криминалиите шо ги има напраено.:misticen:
 
до кога ќе мислите дека двојче цела лакрдија ја прај, а тие дузина шерифи што делат со него и ги нема во јавност ??
 
Посран е, низ пачајци му течи на клептоманот... Како кобра фрла отров оти знај дека во вратот почнаја да му дишат и новинарите и обвинителите.
Овај ако не заврши в затвор, тогаш сериозно треба да се засрамиме шо живејме во ваква средина.
Докторо е школски пример за злоупотреба на јавна функција. Не треба да си правник, доста е да ги прелисташ документите на општината само и одма ќе воочиш милион злоупотреби.
 
до кога ќе мислите дека двојче цела лакрдија ја прај, а тие дузина шерифи што делат со него и ги нема во јавност ??
Добро,ако паѓа Двојче ќе паднат и секретари на општина и уште некој функционери(шо имат лапнато тендери,јас 2-3 знам тешки пари покрај клептоманот шо напраја),се подразбира то.Ама за Двојче,со самата појава шо е страшно антипатичен,стварно мерак ќе ни се напрај.
 
Добро,ако паѓа Двојче ќе паднат и секретари на општина и уште некој функционери,се подразбира то.Ама за Двојче,со самата појава шо е страшно антипатичен,стварно мерак ќе ни се напрај.
рекетари,дилери и останато
 
Не е муабетот дали ќе го турнат Газето низ вода(а очигледно е дека ќе го турнат),џабе ако легни тој в затвор ако продолжат со ваквиот третман на Битола...
Шо ќар ќе имаме ние како град ако легни?Освен морална сатисфакција,оти батето му стапна на гла на сите....
Ништо нема да се подобри ако тој шо ќе дојди после него си тера со истата песна...
Очигледно е дека не дупат како сакат,и ако не се промени драстично односот на владејачката партија кон Битола тешко на градот...:ban:
 
Жалосно ...:(
Битола за 5-6 години ќе стани град на духови. Масовна миграција на млади луѓе се дешава во последниите 2 години од градот. Се повеќе млади бегаат надвор и таму си ги основаат своите семејства.
Само едно прашање имам кон господата од општина... За кој ја градите новата населба во касарната? Од градот секој ден се иселват а тие градат како да се доселват секој ден луѓе.
Жалосно сварно... Ми се чини дека генерациите од 80та до 90та година , одприлика 10 генерации се иселени од градот. Ги нема буквално. Во градот егзистираат само средношолци и постари од 40 години.
Неофицијално се збора дека од градот се иселени над 20 илјади житела во последните 4 години. Моментално градот брои не повеќе од 60 илјади а на последниот попис во 2001 прва имало над 90 илјади.

А пак ние бараме спорт и стадион ???:busi: За кој ? :facepalm:
Дури и овај распаднатиот стадион и она салата никаква нема да можиме да ги исполниме за некоја година.
 
Дечки, ајде малку помош. Ми треба информација за сите клубови за боречки вештини во Битола. Дали има карате клуб, каде се одржуваат тренинзи ако има, дали Златко сеуште го работи клубот за Винг Чун, за кик бокс знам каде има...

Благодарам за информациите...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom