Кај пржо за 500 денариРустико за 11 евра
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Кај пржо за 500 денариРустико за 11 евра
И други медијуми го јавија истото. „Битолчани ќе добијат парно “ - извести Вечер
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=FF968213F079DE4180DCBC925B2DCE26
Од РЕК Битола ќе се испорачуваат 200 мегавати
Замолувам да ми кажете колку километри е одалечен РЕК од Битола? Колку жители има Битола?
13тина километри е Рек од Битола
а за жители груба бројка од 80 илјади...
Значи водата треба да патува барем 25 километри ( од РЕК до Битола и да се врати 2*13 = 26)
Ако моќноста на затоплувањето е 200 мегавати, може да се пресмета протокот на водата која ќе циркулира во една секунда. За температурна разлика од 40 степени тој проток ќе изнесува 1200 литри во секунда.
Ако земеме дека хидрауличниот отпор на цевководот изнесува само 2 метри на еден километар. Значи вкупниот хидрауличен отпор бил 25км * 2 метри = 50 метри
Сега можеме да ја пресметаме моќноста на пумпата која е потребна да ја придвижува тата вода за проток од 1,2 кубици во секунда, напор 50 метри и степен на корисност 80% Моќноста на пумпата е минимум 750 киловати
Плус и далеку е. Ако водата се движи со брзина од 1,5 метри во секунда за да стигне во Битола и требаат речиси два и пол часа
Ова е набрзина пресметано, ако некој сака нека пресмета поточно
А и многу ми се гледа 200 мегавати за 90 илјади жители.
Мислам дека влегуваат во инвестиција која ќе пропадне исто како и ТЕ - ТО
на линкот што го објавив фигурира некоја си сума од над 60 милиона евра за првата фаза од планот..........не знам што и како,но во програмата на градоначалникот стои дека ова ќе го оствари,а ова се првите сигнали на работа........живи били па видели како ќе се одвиваат работите,нормално дека не можеме да земиме дека сите жители ќе ги користат услугите,како и што е предвидено за индустрискиот сектор......капитални проекти на Битола очајно и требаат,па да видиме......
Градоначалникот по занимање е драмски уметник, така да тој не стои зад ова. Знаеш како се вели: Што знае дете што е триста кила
Според мене зад ова стои идејата да РЕК прејде на гас. РЕК произведува 72% од струјата во Македонија и пестанокот на работа на РЕК ќе значи потполн колапс. Тие одамна требаа да најдат сериозно решение но не најдоа ништо друго освен идеите на Топлификација
„Визионерите “ од Топлификација со години ја пласираат ова идеја. И велат тоа е когенеративно искористување на горивото... знаете тоа е многу добро .... тоа е Карнотов циклус ( намерно напишав Карнот бидејќи тие така велат инаку тој се викал Карно, тие се целосно неписмени ) . Од гасот ќе добиваме струја и топлина и тоа ќе биде многу рентабилно. И сите ќе бидат среќни и весели.
Инаку нема тука ништо, тоа се само празни муабети, Нема никаква пресметка дека ќе биде така. Ако ја спроведат оваа идеја ќе гледеме како ќе ги присилуваат Битолчани да се вклучуваат на парно и ќе гледаме како струјата ќе поскапува и поскапува и поскапува за сите
Овде се работи за природни закони. А законите на природата се посилни од сите други закони. За жал кај нас
политичариве мислат дека се што лета се јаде
Осмели се, паркирај кола.
Проект на општина Битола.
Со здравје да си го носиме од денес.
![]()
И пред салата Младост е платен паркингот или само во центар?
Осмели се, паркирај кола.
Проект на општина Битола.
Со здравје да си го носиме од денес.
![]()