Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
Битолчани само да вас известим Пеце камионџија направи лепо чукање у Београд данас .Два аута је почистио ,једног је на знак попео(то нисам видео одавно) Нема жртава ,ће се врне данас пошто је и камион лепо искршио Лепо кажу у Скопљу најопаснија возила носе БТ табле. ајд у здравље.:)
 
Сограѓани кај има бе отпад на коли кај нас ми треба за колата некоја ситница поточно капак за фаројте од внатре да не ми влегва вода

Kaj Ipce ebago ako nema koli cuvaat deloj za po stari koli ...
 

Уште од сега кажувам да му се исушат рацете на битолчаните што нема да гласаат за стадионот односно за тој што ќе биде против било каков капитален објект во Битола !

ps.Истото важи и за тие што го изгласа наплаќањето на паркингот !
 
Не сум видовит ама... опозицијата ќе ги дај амандманите овие од власта ќе кажат дека се нереални барањата (иако со истите проекти Двојче стана Тројче) и ќе ги одбијат... Ние ќе останиме со прстот в уста, ќе чекаме да се распаднат и стадионот и салата, тој шо има слика од копанки нека ја однеси и нека ја остај таму да видат тие шо не виделе како изгледал домот, ако не се истумбат кај свлечиштето...
А и да беше обратно кој е на власт, ист ќе беше епилогот (n)

Многу ги заболе и едните и другите за Битола... Каков стадион каков бакрач, то е проект од преку 20 милиони евра а тие немат една метла тргнато 8 години. Не бил под нивна капа ова она... Шо ако пуштеше Двојче 20 души да ги реновираат соблекувалните и да има барем елементарни услови без да е под нивна капа стадионот? Ќе го клаеа затвор? :sneaky:
Тие се фалат дека 10 километри ќе го реконструирале Градско-Прилеп, а од сите 55 километри дали 5 се магистрален пат како шо треба да е. Кај се Битола-Прилеп и Битола-Ресен?
Кај се тие проекти за гасификација и за аеродром?
Како одма го напраја то зонското а овие другите работи не се ни гибнати? Па уште ќе ми речи некој дека убо е шо ќе се наплаќа... Многу убо, тие ќе не тепат ние ќе се радваме (y) Во два мандати едно ново паркинг место не успеаа да клат.

И врв на кретенизмот, ко славеа победа по изборите истураше, Драгорот за малце не претече... Тие му викаја на контра кандидатот појави се со бродот по Драгорот :pos:

Битола е убав град само ако си обезбеден за цел живот и единствено си гледаш театар дури го пиеш кафето на корзо... Е само за то е Битола.
 
браво за буџетот - предвидени средување на излезите и влезовите на приградските села :facepalm:

и то.
 
Море сите досегашни Битолски гарнитури во парламентот треба да се обесат јавно на плоштад,море какво бесење,треба на гилотина....
Толку значи сме мизерни,како една пратеничка група(еден куп ги имаше,башка шо речиси да нема состав на влада без Битолчанец во неа),како еден не мрдна во партиите(каде шо имаат една и едниствена задача-лижачи и да речи А СО БИТОЛА ШО ПРАЈМЕ...
Иди Грујо на митинг пролетта,вика абе ДВОЈЧЕ ДАВАЛ ИДЕИ,ДЕМЕК ОСЛОБОДВАЊЕ ОД ДАНОК,КОМУНАЛИИ ЗА НОВИТЕ ТН.ИНВЕСТИТОРИ..
Е па ко е јак тој Тројче зошто не му речи на Грујо:Бато,шо прајме со автопат до Битола,шо прајме со невработеноста во Битола.како една капитална инвестиција нема во последните 20 години(доста само со Кромберт,3 ПАТИ,да,да ТРИ ПАТИ ЈА ОТВОРАА(Т) ИСТАТА ФАБРИКА.еден куп лопати фрлија,како не му се смачи....
Па немам видено негде 3 пати да отвора иста фабрика,па не се салам овие?односно народот не е салам шо се лажи уште...
За жал,нема луѓе шо останаа шо имаат моќ да влијаат на централата,ете зато ќе си останиме слепо црево,станавме слепо црево од 97 наваму,и ќе си останиме уште долго време...
Зошто нема никакво лоби,нема ништо....само кавги на тв,вие украдовте толку,вие вака,вие така...а градот си еба матер....
Гледам во Дневник денес се фалат за завршени патишта во нивниот мандат(од 2006 наваму)..
Автопати се знај,се градат само околу Скопје,шо е нормално,зошто се настегаја таму,кадро некдро се замина таму,пола Битола се пресели таму....:tapp: ...
Во ниту еден ебан пат не сме спомнати(ниту магистрален,ниту регионален)...
Ко ќе видам напраени 26 км Страцин-Пробиштип,8 км Гарски Мост-Бошков Мост,Тетово-Јажинце 16 км и да не ги редам(да не се нервирам)овде кај нас ниеден см регионален пат..
Останаја со закрпени улици(пола од нив напраени со фондој за локален развој од ЕУ)....
Не треба само кружни текој(шо се градат по 3 години):eek: треба автопати,треба регионални патишта,пат за инвеститорите да се решат да вложат во Битола...
И кој да ти вложи во Битола?кај да вложи?како да вложи?..
За железничките врски да не прајме муабет,се е кажано,гледајте на шо личи станицата се е јасно...
Па пичка ви матер неспособна,влез со Грција мизерија,дупки,тесен пат,и како ќе развиваме трговија?пат за Охрид мислиш на Рели возиш,за Прилеп да не прајме муабет,ридој изникнаја на патот,полош е од порано(а нема ни 10 години патот),е вакви патишта ни градат овде.....
Море овде треба да се случи една револуција,дури си ќутиме вака ќе не дупат како сакат,еден куп влади се сменија,никој со прст не мрдна...
Зошто да мрднат,ко полтроните од Битолските разграноци си ќутат.....тие си напраја за Скопје,и така пратениците си живеат во Скопје,во Битола идат само ко ќе има избори да се прат КОЛКУ ГО САКААТ РОДНИОТ КРАЈ...море мрш таму...
Па сега ние чекаме стадион,сала......кој ќе ти напрај сала?кој се замара за спорт овде....
То плочките на Широк Сокак ги искршија,никој со прст не мрда да смени нешто,освен пред Манаки,да се покажат пред странците...
То е Битола,џабе си влегваме во филмој,добро кажа wiliam tell погоре,Битола ти е убав град ако имаш пари(најчесто наследени од дедо,баба)и да си седиш по цел ден на кафе,ништо да не работиш(шо за многумина е реалност)и да фаќаш сеир,за бисниси,за развој на мало стопанство,трговија одамна не сме....
Одма ќе те турнат и да сакаш да работиш....шпиони колку сакаш...
За жал Битола со овие луѓе шо ја водат не тера никаде,позицијата се е кажано за нив,опозицијата се бетер...класични потрковци на централата
То е,какви луѓе таков град....
Вака ќе биди се додека за Битола не се заземат Битолчаните,луѓето шо си го сакаат градот,да речат доста е,сега ќе си гледаме за Битола,доста играат по ноти на друг,за да градат споменици во друг град,со нашите пари,за Битола од трите подолгото...
Се додека не дојдат локал патриоти на власт ќе не газат....
 
Страмно е телекомуникациската кула да се гради на водно. Пелистер ја има втората по висина котна точка во ЕВРОПА. Намерно одбрана за да достига сигналот низ цела Егејска МАкедонија па и пошироко. Аналоген домет имал до АТИНА РИМ ИСТАНБУЛ ... Сега се воведува дигитален сихнал и нашава македонија главниот антенски систем го става на ридчето Водно. СРАМОТА. Како ќе го чуваме македонизмот во соседните држави без Пелистер. Сварно кај нас владее длабок скопјанизам и незнаење. И во право се грците што не викаат СКОПЈЕ држава.




Кога сме кај лагите на двојче еве што сретнав на фб од пред некој месец ...Ветено не остварено:
1.Пат за Херклеа преку тумбе кафе
2.Стадион
3.Црква на ридот над Баирот каде е крунисан последниот македонски цар Радомир син на Самоил.
4.Топловод од РЕК
5.ПАт за Гевгелија преку МАриово.
6.Црква Св.Нектарии на место каде е Рудо ЈАгне до Драгор.
7.Паркови- ниту еден.
8.КАтни гражи- ниту една
9.Подвожњакот пред Јавор да се среди.Ништо мириса -за срамота сред град.
10.Споменици, бисти, спомен плочи беа ветени над 10. Од на Гаврило РАдомир -Илнденците-до НОБ- ниту еден.
11.Затворен базен.
12.Ниту една улица не се прошири или кај нема торотоар да се одкупи и прошири.
12. Признавам со преасфалтирање на улици се добри, ама ништо ново иновативно, провокативно, интузијастичко, нешто споменичко за векови.


ps.Абе мили мои со граѓани само барајте плукајте зборајте, јавувајте по тв и радија, пишете на нет и социјалните мрежи било што да правите само да се бара постојано од сите за да добиеме оти со овие се види само под притисок нешто може да се добие со арно мамата ни ја ебаа сите до сега !Сакаме капитален објект во Битола ! Сакаме стадион ! ! !
 
http://www.utrinski.mk/?ItemID=124687BB6002084DB102D2258172CFFE
Шо се жалите бе,па за нецела година речиси 9 000 луѓе се вработија,вака ни во Скопје не е:pos:
Улав го праевте Двојче ко велеше дека за некоја година ќе увезваме работници од другите градој :icon_lol:

некој си прави математики како него шо му одговара,онај другиот вели дека разликата е во отселувањето,па првиот го потсеќа дека невработеноста била од времето на првиот,како папагали веќе очигледно е дека се купува време........шо има да бараме вина сега кај друг кога помина скоро деценија од менувањето на власта во БТ........уште карти да побараат за претставиве на ТВ :facepalm:
 
И едните и другите во последно неможам да ги сварам,да не излези дека одбирам страни,по мое ова бројка ја намалија пред се со Кромберг,со индивудуалните земјоделци(ми се чини како самовработени се водат),а и најповеќе ваљда се иселват.Разбрав дека сеа и во Бугарскиот конзулат можи да се земи нивни пасош,па ваљда ќе се зголеми и бројот на бугаризирани Битолчани.Не ги обвинвам,за преживување се работи,па за некоја година искрено ако не се опрај градов можи и јас да побарам од тие пасоши,па после нека брчи кој сака демек сум ја продал државата:cenzura:
 
Дечки, во Битола некое мотелче, место за два вечери спиење? По приступачна цена? :D
Фала.
 
Дечки, во Битола некое мотелче, место за два вечери спиење? По приступачна цена? :D
Фала.
Зависи како идиш, со шо идиш, кај планираш да одиш.
Ако идиш со кола и планираш да шеташ низ град и до пелистер оди капри, ако ти е само за низ град токин хаус или милениум, цените не би требало да се високи(иако се на широк сокак). Епинал поарно да не го спомнувам дека не е баш ефтино. Сеа само овие ми паднаја на ум, ако ми текни уште нешто ќе допишам.
Hotel Kapri, Tokin House, Millenium Palace
ПС:
Gold Capitol International - на патот за грчка граница(одма до царински терминал (има и ноќен клуб со певаљки))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom