Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера бев во Битола и градот ви е топ ... Широк сокак, чаршијата, џамиите, саат кулата, паркот ... супер сте поздрав !
 
сограѓани ќе се оди вечер на журката Трново шо ја организират моторџиите ?
 
сограѓани ќе се оди вечер на журката Трново шо ја организират моторџиите ?

Да :D

Eве 2 клипчина како беше (со лош квалитет се, со мобилен снимани)
На ова првото НАМАЛЕТЕ ГО ГЛАСОТ :icon_lol:



Битола на Македонија и донесе злато од Грција

z5.jpg

„ Она што некој не го ни замислуваше дека е можно а сите знаевме дека е реално. Битола а со тоа и Македонија со четири светски шампиони - еден светски вице - шампион и три бонзени медали! Нашиот тим освои 7 медали" вака вечерва радосни на големиот успеах рекоа од Академијата за боречки вештини "ЗА-НЕД-ДО" – Битола, по големиот успех на Светското првенство во Атина, Грција.
z7.jpg

На граничниот премин Меџитлија екипата на Тера Телевизија ( Неда Маретиќ и Тони Тошески ) ги пречекаа, заедно со нивните семејства, пријатели и членови на Боречката Академија.
Пред повеке од 30 години започна со работа Кунг фу клубот "Битола"од Битола, кој денес прерасна во Академија за боречки вештини (кунф фу, џиу џитцу, самоодбрана, работа со традиционално оружје, кик бокс, семи контакт, ultimate fight, тае бо, таи чи...
z3.jpg

Откако е основан кунг фу клубот после него се основани повеке клубови ширум нашата земја, за подоцна да биде и основан првиот македонски кунг фу фул контакт сојуз на Р. Македонија.
z1.jpg


Признаниата на клубот се надалеку познати како во нашата земја така и надвор од неа. Учесници на многу, балкански, европски и светски напревари ширум светот, исто така учесници на многу телевизии, на многу манифестации, а за успехот на членовите нема зборови, безброј весници се полнат со натписи за нашите успеси. Првото зачленување во светските асоцијации беше во WАКО, а подцна и во WКА, КИК, Светската Про Кик Организација...
 
Инаку да прашам да не знае некој како одат цените по мотелите - хотелите во Битола? и ако знае некој нека пише ... :D
 
Битола деновиве е најзагаден град во државата, а концентрацијата на ситна прашина во воздухот достигна кулминација. Четврти ден по ред битолската мерна станица на Министерсвото за животна средина покажува 20 пати поголема концентрација на ситна прашина или 1000 микорграми на метар кубен, наспроти дозволената гранична вредност од 50 микрограми. Со тоа, индексот на загадување во градот под Пелистер е на нај високо ниво во државата. Податоците на официјалната веб страница на Министерствот за животна средина се најалармантни за денешниот ден кога концентрацијата на ситната прашина од 6 часот утрово до пладне беа во постојан пораст и достигнаа речиси 1000 микрограми на метар кубен. Битолчани велат дека чувтсуваат потешкотии при дишењето.

-Тоа се чувствува уште во раните утрински часови, посебно до пладне е страшно неподносливо. Се чувствува и мисрисот и спарнината, што е невообичаено за временскиот период во Битола. - Воздухот е многу тежок, а најмногу проблем имаат болните од астма. –Воздухот изгледа како да е затемнат, велат анкетираните битолчани.

Оваа ситна прашина или суспендирани честички, како што стои на веб страницата на Министерството, се едни од најтешките загадувачки суспстанции во воздухот и продираат длабоко во респираторниот систем на луѓето, а можат да предизвикаат и сериозни заболувања. Специфично е што прашината има највисока концентрација во зимски период, а се емитува во атмосферата од електраните, греењето во домаќинствата, издувните гасови на автомобилите. Со оглед на тоа дека станува збор летен период и намалена фреквенција на автомобили, РЕК Битола останува главен извор на загадување.

Според домашната законска регулатива, пречекорување на концентрацијата на ситната прашина е дозволено 35 дена во текот на годината. Но, Битола веќе има пречекорувања од 43 дена. И покрај ваквата сотојба, досега нема никаква препорака за населението. Денеска не можевме да добиеме официјален став од локалната самоуправа, а молк и од еколошките здруженија, чии активисти се вработени во јавните установи низ градот, па се поретко реагираат за еколошките проблеми.
Inaku drugoto e super(tinja)
 
Значи не било до водата како шо не лажеја комунистите шо има убај чупина и кабадајчари до воздухот било :facepalm:
Кај се сега општинските и државните власти да кажат шо ќе преземат да беше случајот во метрополата имаше на сите телевизии по сто пати да се јавуваат и уклучваат во живо од мерните станици ама за провинција Велес и Битола кој ги еба важно да се полни буџетот и да има струја за скопјаништата и за јужниот сосед а за да сменат филтри на оџаците ќе почекаме да го продадат РЕК па после ќе прајме мубает како и за вложвање во Битола за намалвање на штетите во некој подобри времина на реформи надградени и порширани и плус сега(за едно 100 год) ко ќе ни направат топлната и гасификацијата ќе се намали загадувањето и ќе ни посадат дрва(шо ги запалија за да ги шитнат) со уште една акција засадија иднината и чекај ,доживеј пензија ако можеш (n)
Тоа е таква ни била судбината Македонија да се сака со дела а Битола кој ја еба :mad:
За тоа од Битола има најмногу што избегале од оваа држава и живеаат во странство !Бегајте деца барајте си го чарето оти ние бевме слепо црево а сега со ова загадувањето и дебело црево во државата и за крај све да му ебам на сите досегашни власти шо ја уништија Битола и од град ја направија :гомце: на партиски послушници и град во кој сељаците ни ја решаваат судбината :sick:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom