That who you can see, you are not; that which you can observe, you are not; that which you
can become aware of, you are not.
Ако си свесен за мислите, тогаш не си мислите.
Така да битие не е категорија на човечките мисли, туку преку мислите доаѓа до израз.
Ако пробаш да го дефинираш тогаш ќе биде ништо(простор да речеме) и СЕ.
Битието е како холограм, секој дел си е индивидуа и е целото.
Битијата=битието, малку тешко за "разбирање".
А психологија батали, џабе некој да студира и 1000000000 год. овде не станува збор за знаење.
Станува збор за искуство.
Болдот - Така и се обиделе да го дефинираат елејците. Но за да дојдеме до нив и нивното учење, прво треба да се погледне учењето на античкиот филозоф Хераклит.
[FONT="]Во секоја наука се мошне значајни појдовните ставови, принципи, начела од кои зависи целокупното изведување на знаењата. Со таквите принципи во онтологијата се настојува да се открие природата и различните аспекти на битието. Целокупниот космолошки период во античката филозофија е посветен на проучување на природата. Првите филозофи природата ја сфатиле како филис (оттука и физика) и настојувале да го откријат онтолошкиот темел на случувањата. Елејците тврделе дека секаква промена е всушност неможна. Тие го негирале Хераклит кој рекол дека [/FONT]“се тече[FONT="]”. И со тоа се јавила напрегнатост меѓу два дијаметрално спротивни начина на размислување.
[/FONT]
Хераклит
Тој е роден во градот Ефес и требало да ја наследи положбата на врховен свештеник, но се откажал од должноста. Врвот во неговата дејност се случил во 500 година п.н.е.
Учел дека светот не го создале ни боговите, ни луѓето, туку дека бил и ќе остане жив оган кој закономерно се пали и се гаси. Огнот, кој тоj го сфаќал во материјална смисла е прапричината (АРХЕ) и оснoва на сите работи и се наоѓа во постојано кружење (преминува во земја, во водух и во вода).
Тој бил мошне познат по својата хипотеза дека се е во состојба на постојана промена.“Се тече“ – рекол Хераклит. Се е во непрестајно течење и движење, ништо не е постојано. Затоа “не можеме да стапнеме двапати во иста река”. Зашто кога ќе стапнеме во реката вторпат, ниту ние ниту реката не сме исти.
Хераклит исто така истакнал дека светот се состои од спротивности. Ако никогаш не сме биле болни, нема да знаеме како е да се биде здрав. Ако никогаш не сме почуствувале глад, не можеме да почуствуваме задоволство коа сме сити. Според него и доброто и лошото имаат нужно место во поредокот на нештата. Без заемно дејство на спротивностите светот би престанал да постои. За Хераклит, Бог – или Божеството е нешто што го опфаќа целиот свет. Бог најјасно може да се види во постојаните промени и спротивности на природата.
Наместо терминот Бог Хераклит често го употребувал грчкиот збор логос што значи разум. Иако ние, човечките суштества, не размислуваме на ист начин и немаме ист степен на разум, Хераклит верувал дека бездруго постои еден вид “универзален“ разум што управува со се што се случува во природата.
Елејска школа
[FONT="]Во јужна Италија во градот Елеја е создадена школа чии мислители мислеле поинаку од Хераклит.
Наспроти ставот за непрестајното движење и промена на светот, тие сметале дека битието е спротиставено на небитието.
[/FONT]
[FONT="]Тие се обиделе да го објаснат битието врз основа на логичките закони на мислењето. Ако битието е нужно, мора да биде различно од небитието кое не е, не постои. Битието е едно и непроменливо што значи дека и е вечно. Ако е вечно, тоа значи дека нема почеток и крај, ниту настанува ниту нестанува. Тоа е и неподвижно, затоа што ако се движи би требало да има каде да се движи т.е да има празен простор, што противречи на фактот дека битието е едно. Според нив, празниот простор е небитие, а небитието не постои. Тогаш битието мора да е едно, вечно, непроменливо и неподвижно. Битието е божество, но не е личност, туку целина истовидна со целата вселена. [/FONT]