Стрелец
El Mariachi
Денес на плоштадот Македонија во Скопје Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ постави голе плакат со сите „бисери„ на претседателскиот кандидат на СДСМ, професорот Љубомир Данаилов Фрчковски. Со оглед на начинот на кој професорот, сега и претседателски кандидат Фрчковски се обраќаше во јавноста во своите колумни, изјави, конверзација со своите политички неистомисленици, Унија на млади сили ги забележа сите овие, недолични за еден професор, изјави, притоа истакнувајќи „како професорот и претседателски кандидат ќе ги објасни овие свои изјави пред меѓународната заедница, пред граѓаните на Република Македонија на кои треба да ја изложи својата програма„ , сакалќи притоа да укажат, каков претседателски кандидат е личноста која на ваков вулгарен начин се изразува.


