Билјард

  • Креатор на темата Креатор на темата Lud!0t k0nj
  • Време на започнување Време на започнување
Нели ти сметат ак се фаљам. Сеа ме тераш да сум кењо. Зато признај си ти пубо.

Иначе, денес изгубив 2-1 во кегли од Болиглава. Првата партија се врати од негатива од 40 чунчиња и ме тепа 101-89, втората ме тепа поштено, додека третата го тепав 53-49, кога него му требаа само две чунчиња за победа, а јас напрајв 23 чунчиња во серија и го тепав. :pipi:

Ме4е да те потсетам јас реков дек ми сметат ко ке се фаЉиш. :wink: а на PoolGirl се и сметат...:pos2: се зезам :smir: туку...таман денес ке играме и ке видите резултати...
 
Е и заборајв да ви се пофалам го победив Болиглава 2 партии на GrandBilliards...јеиии :ojea: се радвам
 
Ги знае некој НАЈТОЧНО правилата на билјард? (стандард играта, со 8 што треба на крај да ја внесеш)

Зошто како што гледам, тие правила што повеќето (читај сите) ги знаеме и практикуваме, врска си немаат со правилата што треба да бидат.
 
Штосот е што нема единствени правила. Разни асоцијации си користат различни правила кои горе-долу се исти само со некои варијации а башка настануваат и варијации кај нас. Така нешто имав читано кога ги барав правилата :wink:
 
Ги знае некој НАЈТОЧНО правилата на билјард? (стандард играта, со 8 што треба на крај да ја внесеш)

Зошто како што гледам, тие правила што повеќето (читај сите) ги знаеме и практикуваме, врска си немаат со правилата што треба да бидат.

Нашиве правила се просто "деформирани". Има голема разлика од официјалните правила до нашите. Изиграј неколку партии GrandBilliard и ќе ти стане горе долу јасно што ми е зборот:)
 
Јас да прашам,по дебатата вчера со Корун :

Што ќе се случи ако удрите ваша кугла која се наоѓа пред половина,а нели не смеете (белата отишла во дупка предтоа)?

И следно лето,ви закажувам Mexican standoff,Скопјани vs Охриѓани* :zlo:

*во чест на протестот,ќе играме во Струга :)
 
Според нашиве пос*ани правила другиот е на ред, без да ја мести белата топка каде сака. По светски правила може да ја мава и ако е пред половина.

За другото: Bring it on.:)
 
Јас да прашам,по дебатата вчера со Корун :

Што ќе се случи ако удрите ваша кугла која се наоѓа пред половина,а нели не смеете (белата отишла во дупка предтоа)?

Не смееш да удриш било што пред половината според „правилата“ што ги знам јас. Само од средишните дупки па нагоре. А што ќе се случи не знам :pos:

EDIT: Абе во Скопје како се билијардите, на жетони или на саат и колку се движи цената?
 
Нашиве правила се просто "деформирани". Има голема разлика од официјалните правила до нашите. Изиграј неколку партии GrandBilliard и ќе ти стане горе долу јасно што ми е зборот:)

Секој ден играм GrandBilliard (KORUN ми е никот таму), и баш од таму ги гледав правилата што ВРСКА НЕМААТ со "нашите" правила кои сите ги практикуваат.

Искрено, малку глупо е да можеш на крај да ја ставиш 8 каде сакаш.

НАШИ ПРАВИЛА:

  1. Не смееш ДИРЕКТНО да ја мавнеш црната топка во текот на цела игра освен на крајот. Во спротивно ЈА ГУБИШ ПАРТИЈАТА!
  2. Црната топка мора да ја внесеш онаму каде што си ја внел последната твоја топка
  3. Белата топка одкога ќе влезе во дупка, можеш да ја местиш во средината на почетната половина од масата, местејќи ја само напред или назад
  4. После правило 3, НЕСМЕЕШ да мавнеш топка што се наоѓа во половината каде што е белата топка
  5. Ако ДИРЕКТНО мавнеш топка што не е твоја (играш со полни, мавнеш шарена) тогаш таа топка противникот ја носи рачно во дупка и тој е на ред
  6. Ако при разбивање, влезе некоја топка, тогаш тие топки (шарена или полна) се твоите и со нив играш до краj
  7. Си правиш фаули (со белата не удираш ниедна топка, или директно ја внесуваш во дупка) колку сакаш
ОФИЦИЈАЛНИ ПРАВИЛА

  1. Смееш директно да ја мавнеш црната топка. Доколку ти играш со шарени топки, тогаш противникот е на ред.
  2. Црната топка ја внесуваш каде сакаш
  3. Белата топка одкога ќе влезе во дупка, ја местиш во почетната ЧЕТВРТИНА од масата, КАДЕ САКАШ во тој дел.
  4. (Уште не сум го испитал ова, ај после ќе видиме на GrandBilliard што ќе кажат :) )
  5. Ако ДИРЕКТНО мавнеш топка што не е твоја, противникот е на ред. Нема внесување топки рачно
  6. Ако при разбивање пример, влезе шарена топка, а тебе поубаво ти се наместени полните, си внесуваш полни. Тогаш ти играш со полни, а шарената што влегла е на противникот, си им направил услуга :)
  7. Имаш право на 3-5 фаули.

Ако ви текнат уште некои вакви правила, пишете ги, па кога ќе идеме групно на билјард, да играме КО ШТО ТРЕБА барем една партија, да видиме како изгледа :)
 
Секој ден играм GrandBilliard (KORUN ми е никот таму), и баш од таму ги гледав правилата што ВРСКА НЕМААТ со "нашите" правила кои сите ги практикуваат.

Искрено, малку глупо е да можеш на крај да ја ставиш 8 каде сакаш.

ОФИЦИЈАЛНИ ПРАВИЛА

  1. Смееш директно да ја мавнеш црната топка. Доколку ти играш со шарени топки, тогаш противникот е на ред.
  2. Црната топка ја внесуваш каде сакаш
  3. Белата топка одкога ќе влезе во дупка, ја местиш во почетната ЧЕТВРТИНА од масата, КАДЕ САКАШ во тој дел.
  4. (Уште не сум го испитал ова, ај после ќе видиме на GrandBilliard што ќе кажат :) )
  5. Ако ДИРЕКТНО мавнеш топка што не е твоја, противникот е на ред. Нема внесување топки рачно
  6. Ако при разбивање пример, влезе шарена топка, а тебе поубаво ти се наместени полните, си внесуваш полни. Тогаш ти играш со полни, а шарената што влегла е на противникот, си им направил услуга :)
  7. Имаш право на 3-5 фаули.

Ако ви текнат уште некои вакви правила, пишете ги, па кога ќе идеме групно на билјард, да играме КО ШТО ТРЕБА барем една партија, да видиме како изгледа :)

Во врска со 3 и 4:

Ако при разбивањето влезе и белата топка заедно со некоја друга(исклучок црната), тогаш се мести топката во ПОЧЕТНАТА ЧЕТРВРТИНА на масата.

Ако во тек на играта ја внесиш белата или направиш било каков фаул, противникот може да си ја намести топката КАДЕ САКА на масата.

И тоа со црната. Црната на крај ја пикаш во дупка која ти ја одбираш, е сега ако ја пикниш во друга дупка од таа што си ја одбрал трeба да си ретардо.:)
 
:pos:

А што ако на крај:

1. Ја внесувам црната топка и после тоа влегува и белата
2. Ја внесувам црната топка, ама претходно (во друга дупка) влегува белата па потоа црната топка (ова се случува од еден удар)

Јас мислам дека МОРА САМО црната топка да влезе за да победиш.

Некои викаат ако влезе белата па црната, губиш, а ако влезе црната па белата, победуваш.

Е сеа кое е како е зашто е...... :uvo:
 
1.Не смееш ДИРЕКТНО да ја мавнеш црната топка во текот на цела игра освен на крајот. Во спротивно ЈА ГУБИШ ПАРТИЈАТА!

Го знам како: противникот има право на два удара

3.Белата топка одкога ќе влезе во дупка, можеш да ја местиш во средината на почетната половина од масата, местејќи ја само напред или назад

Се мести помеѓу првата и третата точка на спунтот во права линија на средината

ОФИЦИЈАЛНИ

1.Смееш директно да ја мавнеш црната топка. Доколку ти играш со шарени топки, тогаш противникот е на ред.
3.Белата топка одкога ќе влезе во дупка, ја местиш во почетната ЧЕТВРТИНА од масата, КАДЕ САКАШ во тој дел.
5.Ако ДИРЕКТНО мавнеш топка што не е твоја, противникот е на ред. Нема внесување топки рачно

Ако ме држи сеќавањето добро, мислам дека во трите ситуации противникот ја мести белата топка каде сака, за третото само не сум сигурен. За фаулите тоа досега на клиенти не сум го сретнал. Искрено, тоа со црната топка не ми се допаѓа да си одбираш дупка, некако ептен лесно излева, поинтересно ми е кога имаш една одредена дупка и таму ја внесуваш

ЕДИТ: Ако ги внесеш и црната и белата без разлика на редослед губиш. Така е и официјално
 
:pos:

А што ако на крај:

1. Ја внесувам црната топка и после тоа влегува и белата
2. Ја внесувам црната топка, ама претходно (во друга дупка) влегува белата па потоа црната топка (ова се случува од еден удар)

Јас мислам дека МОРА САМО црната топка да влезе за да победиш.

Некои викаат ако влезе белата па црната, губиш, а ако влезе црната па белата, победуваш.

Е сеа кое е како е зашто е...... :uvo:

НАЈОФИЦИЈАЛНО:pos::

-Ако внесеш друга топка(вклучено и бела) и црната ја губиш партијата... секаде во светот:pos:.
 
НАЈОФИЦИЈАЛНО:pos::

-Ако внесеш друга топка(вклучено и бела) и црната ја губиш партијата... секаде во светот:pos:.

Мислев на крај на партијата, кога имаш САМО УШТЕ црната топка да ја внесеш :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom