Билјана Беличанец

  • Креатор на темата Креатор на темата Јаневски
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.949
Поени од реакции
1.510

----
Автор: А. Антевска
Извор: https://sdk.mk/index.php/naslovna/akterkata-biljana-belichanets-pronajdena-mrtva-potvrdija-od-mvr/
----
АКТЕРКАТА БИЛЈАНА БЕЛИЧАНЕЦ Е ПРОНАЈДЕНА МРТВА, ПОТВРДИЈА ОД МВР
12.228
7 април 2019 Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)
biljana-belicanec.jpg

Актерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa Билјана Беличанец е пронајдена мртва, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МВР.

Неофицијално, од извори на истрагата дознаваме дека е најдена обесена во бања во стан во центарот на Скопје. Смртта ја пријавил член на семејството во сабота околу 22.40 часот.

Имаше неполни 46 години. Зад себе остави две малолетни деца.

Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје.

Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017.

Нејзини последни претстави се “Господа Глембаевски”и “Последните Македонци” во Драмскиот театар.

Беличанец глумеше во повеќе ТВ-проекти како “Здраво генијалци“ и натсихронизираше гласови во турски серии, од кои најмногу беше позната по улогата на Хурем во „Сулејман Величествениот“.

Двете деца и се од првиот брак со познат скопски стоматолог.

Неодамна втор пат се омажи со режисерот Сашо Миленковски.
biljana-belicanec.jpeg

----


Почивај во мир... :(
 
Последно уредено:
Актерка која навлезе во политичките води благодарение на моќници (С.М.), позната по својата арогантност и доста контроверзен лик. Еден период имаше шпекулации дека е голем љубител на алкохолот како и на опојните дроги, но без разлика на се почитувана помеѓу актерите. Очигледно пловела во немирни води, и решила да си го најде својот спокој.
Нека почива во мир.
 
Почивај во мир Туфи :place:
 
Билјана Беличанец беше снаата во приказните свекрва и снаа, во Момчето што се стори пијаница и во приказната Бакалот и момчето со шутракот...
 
Вчера и денес фејсбукот е бомбардиран со истава вест. Незнам дали секаде е така,ама тоа е причината што најмногу до 2-3 македонски портали лајкувам. Сите истата вест,рафално ја шеруваат.
RIP
crkva-sveka-14252.jpg
 
Вчера и денес фејсбукот е бомбардиран со истава вест. Незнам дали секаде е така,ама тоа е причината што најмногу до 2-3 македонски портали лајкувам. Сите истата вест,рафално ја шеруваат.
RIP

Тоа ќе да е до твојот фејсбук.
Јас дознав тука на форумов.
 
Жално за децата.
Не ја познавав лично, меѓутоа у круговите у кои движам на големо се зборуваше дека била целосно оддадена на алкохол веќе долго време, па ова и не ме изненади многу.
Сум ја гледал во театар неколку пати и мислам дека голема животна грешка и е што залута во политика. Имаше глумечка харизма, за разлика од политичката, која веројатно и воопшто ја немаше.
Лесна земја.
 
+1 од тие што мислат дека не и требаше политичката кариера. Извонредна актерка, специфичен глас и пред се убава жена за разлика од Лила Филиповска левел кичот со кој сме бомбардирани. Нека почива во мир, депресијата не е лесно минлива.
 
И вака малце офф, ќе успее ли било кој наш актер/музичар/јавна личност да се упокои без коментар од Весна Петрушевска? Дај нека ја отепа некој, аман женава, отров.
 
И вака малце офф, ќе успее ли било кој наш актер/музичар/јавна личност да се упокои без коментар од Весна Петрушевска? Дај нека ја отепа некој, аман женава, отров.
Дај да видиме.
 
Дај да видиме.
Почивај во мир драга моја Беличанец❤️❤️❤️
Не сакаше социјални мрежи и ги презираше.Денес сите се стручни за депресијата(патем најжестоки емоции, па некаде прочитав дека “модерно” било, бог да чува), сите си поигруваат што се случило и секој има своја теорија.Болно, тажно...што би рекла ти :”Весне , најважно е да не си ставаш бигор на душата..”
Не се послуша себеси ....тешко, многу тешко....
56331099_10219114733717996_1890274978813706240_n.jpg
Ама не може бе чоече за сите што ќе умрат а се во најмала рака релативно славни женава да има коментар. Оток, како се излажа оној Јанко да ја земе сигурно и до денес не му е јасно
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom