Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Денес во гимназиите а можеби и во стручните училишта, освен стандардните паралелки во кои целосната настава се изведува на македонски јазик и кирилично писмо, се` повеќе се среќаваме со билингвални паралелки. Во нив учениците некои предмети ги изучуваат на странски јазик, или па бројот на часови по тој јазик им е со зголемен неделен фонд од на пример 4 или 6 часа. Нормално, сето тоа е потпомогнато од странските амбасади во државата.
Пример средни училишта во Скопје кои изведуваат билингвална настава :
СУГС "Раде Јовчевски - Корчагин" - француска паралелка
СУГС "Орце Николов" - англиска паралелка; француска паралелка
СУГС "Јосип Броз - Тито" - германска паралелка
Во сите овие училишта наставата по некои предмети(математика, физика, биологија..) се изучува на горенаведениот јазик, со присуство на лектор, додека во гимназијата "Јосип Броз - Тито" не се изучуваат предмети на германски јазик, туку нивото на германски јазик е високо, т.е. неделниот фонд на часови од вообичаени два е зголемен на шест.
Прашањето ми е : Дали вие кога би можеле повторно да се запишете во средно училиште, би одбрале билингвална настава или повторно би учеле во стандардна паралелка или па обратно(за оние кои веќе завршиле), а дали тие на форумов што моментално се во средно училиште и учат во билингвална паралелка би сакале да се префрлат во стандардна паралелка?