B
Bafra
Гостин
Почитуван FARANG гледам дека доста си запознаен и често си ја посетувал Кина .Јас наредниот месец треба да одам во Zhengzhou , и поима ненам кај одам и како ке биде. Може ли да ми пишеш нешто, како да извадам виза, дали брзо ја даваат, дали е скапо или не , дали лесно се снаога со прошетки низ други градови( препорачан транспорт воз или авион или што знам). препорачан хотел или друга опција каде да се сместам. Ти благодарам мноогууу
Кинеска амбасада ти е кај Св.Петка црквата (МВР) . Ако идеш службено побарај си писмо од фирмата што идеш да ја посетиш, лесно се добива виза. Имаше по брза постапка и (се напаќа повеќе) и регуларно . Има телефон јави се да видиш кои денови работат и што ти треба. Цена прашај си (мислам 70Еур беше за брза)
Летај со Turkish Airlines одлични се ако ти одговара терминот кога слетуваш во кина. Во Кина од еден град до друг со авион и не се скапи картите а ни хотелите . Побарај по форумите на интернет за градовите кои сакаш да ги посетиш, има интересни информации ....
*Од Пекинг или Шангај (ако организираш во сопствена режија) кога ќе менуваш авион гледај разликата да е повеќе од 2ч до другиот лет зашто додека завршиш царински формалности,подигнеш куферот и стигнеш до друг терминал ќе ти треба повеќе од 1ч па може да си пропуштиш летот и да си платиш повторно за наредниот.
** Ако сакаш и Хонг конг да го видиш барај Виза со повеќе влезови, идењето таму се смета дека си излегол од Кина па неможе назад со истата виза (барем јас кога бев така ми кажаа ) или повратно од Хонг конг летај за МКД