Просјаци на улица(роми), бездомници, семејства со недоволно парични средства за лекување на своите деца, луѓе со потреба за донација од крв се само мал дел луѓе на кои им е потребна помош. За жал се повеќе и повеќе има луѓе кои ги среќаваме на семафорите низ градот ги има насекаде, каде што молат за парче леб, за 1,2,5 или 10 денари. Се повеќе ги има лицата кои немаат покрив над главата и топла постела, живеат од ден за ден. Многу семејства немаат доволно парични средства за да ги платат лекувањата на своите болни деца или за самите себе. Се поголема и поголема е побарувачката за донација од крв. Повеќе боли фактот што луѓето не добиваат никаква помош од другите. Да живеевме во некоја друга земја или друг континент некако и би се помирил со овој факт пр. Африка. Но на никого во државава ситуацијата не му е сјајна но верувам дека секој е способен да помогне и да спаси нечиј живот. Барем еднаш помислете на тие луѓе низ што се поминуваат за да го преживеат денот. Често овие луѓе се оставени на своја рака да преживуваат, од државата секако се заборавени, а и меѓу младите често знаат да бидат цел на исмевање. Многу пати сум слушнал од други луѓе за личностите што идат по станови и бараат пари со лажни информации за болно дете. Не ги оправдувам и срамота е, но доаѓа на врата и бара. Дали за дете дали за него сеедно ми е, затоа што туку така не доаѓаат, бара - што значи потребни му се. И пак доаѓам до одговор барем да ги купи за леб, а не за цигари или ракија. Си му ги дал и не е битно на што ги троши, ако задоволство му прави ракија или цигари нека ужива во нив. И вие со парите не ви кажуваат што да купувате го купувате тоа што ви треба што го сакате и во тоа што уживате. Бебиња штотуку родени со некоја маана или деформитет, личности со леукемија или друг проблем кои имаат потреба од парични средства најчесто се игнорирани и за џабе се сите тие телефони за донации. Добар пример се и уличните музичари кои свират и на топло и на ладно по цели денови. И уште милион други личности кои ги среќаваме низ градот. Никој од вас нема да биде сиромашен или да остане страден ако даде 5,10, 20 или 30 денари. За нас 30 денари не се некоја голема цифра и едно пакетче мастики се, а за некој е оброк за цел ден за да го преживее. Телефоните за донации кои најчесто се од сума 100 денари ќе ви скратат едно кафе во неделата или кутија цигари. А, за некого тоа се лекови кои ќе му помогнат понатака. Македонскиот синдром е зашто јас да му дадам нека се снајде сам, ако сака да работи има каде да работи и сл. Ако имало ќе работел, ако бил способен ќе работел, но очигледно неможе... Сум бил сведок на многу настани и на многу организирани хуманитарни акции и граѓаните факт е дека спијат. Каде е човечноста во вас/нас? Нема никој да ме убеди дека проблем ви претставуваат 30 денари да одвоите за да некој го засити стомакот во денот. Имав интересна случка пред некои 2 години кога во Бисер пред една пекара нарачував и едно ромче ми бараше пари и му понудив да му купам за јадење се согласи и одбра кроасан со сирење. Само што излезе по 2 минути дојдоа уште 4ца ромчиња со него и тие сака, и жал ми падна по што им купив на сите, а продавачката на едното му даде со шунка по што ургирав и дрско одговори дека неможе да му го врати бидејќи го фатило со раце, а грешката е нејзина и секако одговор ќе го јаде ионака е циган. Човечност ? Не би рекол... Ром или циган ваков или таков тие обично ги има во Аеродром и кога и да ги видам ме поздравуваат.
Или па една форумџика имаше интересен статус на фејсбук:
Магариња од 30 години се правдаат дека не донираат крв, бидејќи имале страв од игли, абе ајде?
Затоа кога можете донирајте без разлика на сумата или на било каков начин ако можете да помогнете, помогнете. Верувајте ем вие ќе се чуствувате подобро ем ќе усреќите некој друг, и ќе живеете со помислата дека сте спасиле нечиј живот или сте нахраниле некоја уста. Ќе се гордеете со своите дела, верувајте
И како викаат човекот е најсреќен кога ќе усреќи други личности. Разбудете ја малце човечноста во вас и помогнете. И да, активирајте се повеќе во хуманитарните акции, активирајте се, а не само на форум да пишете добра идеја ќе присуствувам, а нигде да ве нема. Бев сведок на нешто вакво и затоа го пишувам целиов текст. Се надевам ве мотивирав барем колку толку 
Или па една форумџика имаше интересен статус на фејсбук:
Магариња од 30 години се правдаат дека не донираат крв, бидејќи имале страв од игли, абе ајде?
Затоа кога можете донирајте без разлика на сумата или на било каков начин ако можете да помогнете, помогнете. Верувајте ем вие ќе се чуствувате подобро ем ќе усреќите некој друг, и ќе живеете со помислата дека сте спасиле нечиј живот или сте нахраниле некоја уста. Ќе се гордеете со своите дела, верувајте

