Биди човек, помогни!

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.641
Поени од реакции
29.641
Локација
Скопје
Просјаци на улица(роми), бездомници, семејства со недоволно парични средства за лекување на своите деца, луѓе со потреба за донација од крв се само мал дел луѓе на кои им е потребна помош. За жал се повеќе и повеќе има луѓе кои ги среќаваме на семафорите низ градот ги има насекаде, каде што молат за парче леб, за 1,2,5 или 10 денари. Се повеќе ги има лицата кои немаат покрив над главата и топла постела, живеат од ден за ден. Многу семејства немаат доволно парични средства за да ги платат лекувањата на своите болни деца или за самите себе. Се поголема и поголема е побарувачката за донација од крв. Повеќе боли фактот што луѓето не добиваат никаква помош од другите. Да живеевме во некоја друга земја или друг континент некако и би се помирил со овој факт пр. Африка. Но на никого во државава ситуацијата не му е сјајна но верувам дека секој е способен да помогне и да спаси нечиј живот. Барем еднаш помислете на тие луѓе низ што се поминуваат за да го преживеат денот. Често овие луѓе се оставени на своја рака да преживуваат, од државата секако се заборавени, а и меѓу младите често знаат да бидат цел на исмевање. Многу пати сум слушнал од други луѓе за личностите што идат по станови и бараат пари со лажни информации за болно дете. Не ги оправдувам и срамота е, но доаѓа на врата и бара. Дали за дете дали за него сеедно ми е, затоа што туку така не доаѓаат, бара - што значи потребни му се. И пак доаѓам до одговор барем да ги купи за леб, а не за цигари или ракија. Си му ги дал и не е битно на што ги троши, ако задоволство му прави ракија или цигари нека ужива во нив. И вие со парите не ви кажуваат што да купувате го купувате тоа што ви треба што го сакате и во тоа што уживате. Бебиња штотуку родени со некоја маана или деформитет, личности со леукемија или друг проблем кои имаат потреба од парични средства најчесто се игнорирани и за џабе се сите тие телефони за донации. Добар пример се и уличните музичари кои свират и на топло и на ладно по цели денови. И уште милион други личности кои ги среќаваме низ градот. Никој од вас нема да биде сиромашен или да остане страден ако даде 5,10, 20 или 30 денари. За нас 30 денари не се некоја голема цифра и едно пакетче мастики се, а за некој е оброк за цел ден за да го преживее. Телефоните за донации кои најчесто се од сума 100 денари ќе ви скратат едно кафе во неделата или кутија цигари. А, за некого тоа се лекови кои ќе му помогнат понатака. Македонскиот синдром е зашто јас да му дадам нека се снајде сам, ако сака да работи има каде да работи и сл. Ако имало ќе работел, ако бил способен ќе работел, но очигледно неможе... Сум бил сведок на многу настани и на многу организирани хуманитарни акции и граѓаните факт е дека спијат. Каде е човечноста во вас/нас? Нема никој да ме убеди дека проблем ви претставуваат 30 денари да одвоите за да некој го засити стомакот во денот. Имав интересна случка пред некои 2 години кога во Бисер пред една пекара нарачував и едно ромче ми бараше пари и му понудив да му купам за јадење се согласи и одбра кроасан со сирење. Само што излезе по 2 минути дојдоа уште 4ца ромчиња со него и тие сака, и жал ми падна по што им купив на сите, а продавачката на едното му даде со шунка по што ургирав и дрско одговори дека неможе да му го врати бидејќи го фатило со раце, а грешката е нејзина и секако одговор ќе го јаде ионака е циган. Човечност ? Не би рекол... Ром или циган ваков или таков тие обично ги има во Аеродром и кога и да ги видам ме поздравуваат.
Или па една форумџика имаше интересен статус на фејсбук:
Магариња од 30 години се правдаат дека не донираат крв, бидејќи имале страв од игли, абе ајде?
Затоа кога можете донирајте без разлика на сумата или на било каков начин ако можете да помогнете, помогнете. Верувајте ем вие ќе се чуствувате подобро ем ќе усреќите некој друг, и ќе живеете со помислата дека сте спасиле нечиј живот или сте нахраниле некоја уста. Ќе се гордеете со своите дела, верувајте :) И како викаат човекот е најсреќен кога ќе усреќи други личности. Разбудете ја малце човечноста во вас и помогнете. И да, активирајте се повеќе во хуманитарните акции, активирајте се, а не само на форум да пишете добра идеја ќе присуствувам, а нигде да ве нема. Бев сведок на нешто вакво и затоа го пишувам целиов текст. Се надевам ве мотивирав барем колку толку :)
 
Секогаш донирам и за животни и за луѓе. Секогаш праќам СМС по 100 денари кога ке прочитам на јавен медиум дека се потребни за болни деца. Вечерва на едно мало циганче му ги дадов сите железни пари што ги имав, иако може ке ги дадат за лепак или за цигари, ама од кај знам, може баш со моите пари ке си купи да јаде нешто. И онака јас ке ги искладам или ке ги оставам за кафе или пиво.
Во основа не сакам да давам пари на луѓе што ми звонат на врата, бидејки 99% се лопови, но на улица на циганчињата или донација за болни, срце не ми остава да ги одминам. И скоро секогаш оставам по некој денар на музичари. Поштувам такви работи.
Никогаш не оставам пари во црква, бидејки сум убеден дека тие пари нема да стасаат кај некој што навистина му требаат. Црквите се апаши!

Кога ке разберам дека болната особа се излекувала, благодарение на донации, се чувствувам исполнето, бидејки и јас сум бил дел од таа акција. Колку и малку да сум делувал.
Донирајте кога можете и за луѓе и за заштита на уличните животни.
И да, апел до сите да донираат крв! Тоа е најпотребно, навистина спасува живот!
 
Многу пати сум слушнал од други луѓе за личностите што идат по станови и бараат пари со лажни информации за болно дете. Не ги оправдувам и срамота е, но доаѓа на врата и бара. Дали за дете дали за него сеедно ми е, затоа што туку така не доаѓаат, бара - што значи потребни му се. И пак доаѓам до одговор барем да ги купи за леб, а не за цигари или ракија. Си му ги дал и не е битно на што ги троши, ако задоволство му прави ракија или цигари нека ужива во нив.

На кого не му се потребни пари денеска ? Но за разлика од некои што на чесен начин пробуваат да си заработат пари има и паразити како овие што одат по куќите со лажни документи, и зошто јас на таков би му давал пари не гледам причина. Полесно му да помине низ 50-100 куќи за 2 саати и собере пари наместо да работи за истите пари па и помалце дури 8 саати.. со свои очи имам видено како на таква што проси по куќи со дете во раце (не со фалц документи) и даваат само храна за по 50 метри истата да заврши канта за ѓубре . Затоа и не планирам да донирам на вакви луѓе кои се паразити и прават нечесни работи.

Инаку давам пари на оние што просат кога гледам дека се физички неспособни сами да заработуваат, донирам на оние што имаат медицински проблеми и им се потребни за операција и сл, и донирам крв итн.
 
Секогаш донирам и за животни и за луѓе. Секогаш праќам СМС по 100 денари кога ке прочитам на јавен медиум дека се потребни за болни деца. Вечерва на едно мало циганче му ги дадов сите железни пари што ги имав, иако може ке ги дадат за лепак или за цигари, ама од кај знам, може баш со моите пари ке си купи да јаде нешто. И онака јас ке ги искладам или ке ги оставам за кафе или пиво.
Во основа не сакам да давам пари на луѓе што ми звонат на врата, бидејки 99% се лопови, но на улица на циганчињата или донација за болни, срце не ми остава да ги одминам. И скоро секогаш оставам по некој денар на музичари. Поштувам такви работи.
Никогаш не оставам пари во црква, бидејки сум убеден дека тие пари нема да стасаат кај некој што навистина му требаат. Црквите се апаши!

Кога ке разберам дека болната особа се излекувала, благодарение на донации, се чувствувам исполнето, бидејки и јас сум бил дел од таа акција. Колку и малку да сум делувал.
Донирајте кога можете и за луѓе и за заштита на уличните животни.
И да, апел до сите да донираат крв! Тоа е најпотребно, навистина спасува живот!
Да спасува живот, ама колку ја продаваат крвта запрашај се..
 
Да спасува живот, ама колку ја продаваат крвта запрашај се..
Доста веќе со тие филмови за продавање на крвта! Тоа е само изговор на себичните што не сакаат да донираат!
Крв се бара интервентно кога некој е специфична крвна група или има останато малку единици крв од таа крвна група па треба да се надокнади. Некои крвни продукти имаат многу краток рок на траење и затоа бараат донации, бидејќи се случува да немаат залиха од нив.
Јас не се ни сеќавам веќе колку пати сум примала крв и сум бескрајно благодарна на секој еден крводарител кој несебично донирал крв и ми го спасил животот!
Исто како и на сите оние луѓе кои кренаа телефон и свртеа на бројот и отидоа на концертот кој се организираше, да не беа тие јас сега немаше да бидам тука. Затоа и јас секогаш кога можам донирам и отварам теми на форумов, да видат повеќе луѓе.
Можеби ви се чини дека вашата донација од 100 денари не е битна, но секогаш кога ќе го помислите тоа сетете се на "капка по капка - океан"!
 
Донирам крв секој трет месец, ама пари не давам на улица заради тоа што сум студент, и не ми стигнуваат ни мене а ни за тоа што не ги употребуваат за јадење (една пријателка им дава пари на едни циганчиња, оди до едно место и на враќање, истите тие на кои им даде пари купиле пиштол на капси и ја гаѓаат, е тоа е веќе со свој камен по глава) јадење би купил на некое во ситуација да влезе во пекара и да побара а пари НЕ!
 
Пари давање на рака веќе никогаш повеќе, ама на колена да ме моли нема шанси! Пред месец дена ми доаѓа ромка - ѓупка една на врата и почна да ми објаснува како детето и било болно, ми вади некои листови таму... И давам 100 денари и затворив врата. После 10 минути се симнувам пред зграда да си купам цигари од маркетот и ја гледам пие ракија на тротоарот на 20 метри од зградата. Ми идеше да и одам и да и ја скапам главата со шишето ракија. Затоа никогаш повеќе нема да дадам пари на рака. Друго може, ама пари нема шанси!
 
Доста веќе со тие филмови за продавање на крвта! Тоа е само изговор на себичните што не сакаат да донираат!
Крв се бара интервентно кога некој е специфична крвна група или има останато малку единици крв од таа крвна група па треба да се надокнади. Некои крвни продукти имаат многу краток рок на траење и затоа бараат донации, бидејќи се случува да немаат залиха од нив.
Јас не се ни сеќавам веќе колку пати сум примала крв и сум бескрајно благодарна на секој еден крводарител кој несебично донирал крв и ми го спасил животот!
Исто како и на сите оние луѓе кои кренаа телефон и свртеа на бројот и отидоа на концертот кој се организираше, да не беа тие јас сега немаше да бидам тука. Затоа и јас секогаш кога можам донирам и отварам теми на форумов, да видат повеќе луѓе.
Можеби ви се чини дека вашата донација од 100 денари не е битна, но секогаш кога ќе го помислите тоа сетете се на "капка по капка - океан"!

Види, без утка ѕвонам на телефони, донирам пари колку можам, а крв од сега по потреба само.
Не можам од глава да си извадам ситуација што ми се случи на трансфузиологија, значи одам да дадам крв за одредена личност, назначувам за која, се подложувам на процедура само тромбоцити да земат (два пати во два месеци), и на крај дознавам (од докторка таму) дека крвта ја дале на некој друг, зошто ,,и онака се знаело дека девојчето ќе умре,,.

Колку збеснав тогаш, никој ништо на време не ми кажа, дознав дека девојчето не добило крв преку лицето за контакт (нејзина роднина), и кога отидов да се распрашувам ми го кажаа ова.

Како може доктор да дигне раце од пациент??!

И пак да треба за некого ќе одам и ќе дадам, ама 1000000 пати ќе проверам што правам. На некој начин смртта за детето си ја ставив на своја совест, затоа што не проверив 10 пати пред да се осигурам. Можеби мојот тромбоцит ќе ја спасеше.

И сега додека ти пишувам почнав да плачам, затоа што таа лутина во мене е веќе 3 и кусур години.
Јас не знам дали само ја ,,дале,, крвта, можеби и тоа ,,давање,, имало своја сума???

Од живо и постоечко дете се откажаа. И колку сака нека е безнадежно, јас не можам да се помирам со тоа.

Можеби објективно не сум во право, но субјективно и лично за мене, тоа е огромен товар и си го имам на совест. Колку и да не е моја грешка, моја вина е што не проверив многу пати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom