Би умрел/а за...

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Од толкава гужва на камикази и народни херои неможе пост да се постира...ццц....:pos2:

Да, волкава способност за саможртва не сум ни сонувала дека постои во човечката природа... *саркастично*

Искрено, не би умрел за ништо. Порадо би се борел за тоа нешто максимално, отколку да се предадам со смрт.

Се поштува.

Би умрел за било кој човек на планетата Земја, и за моите убедувања.

И ова се поштува иако е контрадикторно на првото.
 
За Бога, ако ситуацијата го наложува тоа....
 
Искрено, не би умрел за ништо. Порадо би се борел за тоа нешто максимално, отколку да се предадам со смрт.

Се поштува.
Шо тоа се поштува малечки мои прекрасни? Кога би имало опција да не се умре, никој не би умрел. Прашањето е, за што би умреле ако мора. Според вашето “поштување“ не би умреле за ништо и јас не би сакал да ви се мешам во тоа.

Јас, би умрел за хммм... Ма ја само би умрел, чисто онака зашто и онака сум овде само на пауза. Али тоа е друга тема. Без сомневање би примил куршум за оние луѓе во кои не се сомневам за нивната добрина и љубов. Самооо, тоа најверојатно никогаш нема да се случи.
Да, би примил куршум за оној кој го примил за мене, макар душман ми бил претходно. Тоа сум го правел и ќе го правам. Вака гледано, за брдо луѓе би, а мислев дека за никој не би. Хех, па и ја сум бил светец... Здраво колеги светцииии (A) :pipi:
 
Во моментов, за апсолутно ништо и никого не би умрела.
Не гледам како мојата смрт би променила нешто, барем во моментов.
И да умрам за татковината-таа ќе остане иста, нема да бидам прва ниту последна личност шо умира за татковина, а се останува исто.
А и не сум толку голем патриот. :)
Не би умрела за некоја личност од мојот живот посебно.
Би направила многу работи за многу луѓе што ги сакам и ценам, ама не би умрела за никој од нив.
Единствено да знам дека мојата смрт би спасила многу луѓе, тогаш да. Да знам дека мојата смрт би прекинала војна или нешто слично-одма.
Ама пошто не сум во таква ситуација, ќе си живеам без планови за умирање.

Во иднина за децата, ама да знам дека со моето умирање некако би ги спасила или би им помогнала.
Би го дала било кој орган за они да живеат.
Ама да умрам а да знам дека џабе сум умрела-не, фала.
 
Искрено, не би умрел за ништо. Порадо би се борел за тоа нешто максимално, отколку да се предадам со смрт.

Па нормално тоа прашањето е на темава барем како што знам за што би го жртвувал својот живот секако пример како што имаше постови за татковината попрво ќе го натерам противникот да умре наместо мене ама спремен сум да го жртвувам својот живот за тоа.
 
Би умрела само како доказ дека навистина сум живеела. Инаку од се срце се надевам дека ќе имам живот вечен( ама ќе видиме тоа ).
 
Шо тоа се поштува малечки мои прекрасни? Кога би имало опција да не се умре, никој не би умрел. Прашањето е, за што би умреле ако мора. Според вашето “поштување“ не би умреле за ништо и јас не би сакал да ви се мешам во тоа.

И ти ко мене а?
И ја се чудев...

Значи, побогу, темата има јасно и концизно прашање "За што сте спремни да умрете?"! ПА КОЛКУ ТРЕБА ДА СИ ИДИО...

Батали...
 
За мајка ми сигурно би умрела...и за другарките би умрела ама само ако сум сигурна дека и тие би умреле за мене.Кога ќе знаеме за што вреди да се умре,ќе знаеме за што всушност вреди да се живее,во мојот случај тоа се семејството и вистинските пријатели.
 
За владата и државата.
После нив за внуците и семејството.За љубов не умирам,има многу слободни :)
 
Шо тоа се поштува малечки мои прекрасни?

И ти ко мене а?
И ја се чудев...

Значи, побогу, темата има јасно и концизно прашање "За што сте спремни да умрете?"

Јасното и концизно прашање си има јасен и концизен огдговор. Не би умрел за ништо, така си рече човекот. Се поштува. И јас би рекла дека не умирам за ништо, а накрај и за ништо ќе умрам. Нема да размислувам за сите жртви што би можела да ги направам, и потоа кој знае можеби кога ќе дојде време и би го направила она за кое никогаш не сум размислувала.

Единственото што го знам, за тоа и благовремено ве известувам е дека ќе умрам. Тоа го тврдам.

Всушност и онака од моментот на моето раѓање тоа правам-умирам.
 
Ни он/а не се сфаќа. Сите до сега би умреле исклучиво за љубов. Јас не видов поинаква причина.

Љубов кон татковината,семејството, пријателите, идеалите, луѓето општо, па што и да е.


Се е тоа љубов.
 
Јас би умрела за сите...а воедно и за никој.
Прво би умрела за мајка ми,ама после знам дека би била тажна и несреќна за мене,па и таа би умрела по мене.
За син ми.
Ама после знам дека ке плаче по мене и секогаш ке ме бара насекаде по куќата,со насолзени очи ке прашува каде е мама...
За маж ми.
Но,после знам дека ке биде многу тажен и ќе го проколнува секој нов ден...

Би умрела за нив,но без да и причинувам болка,без да ги повредам толку многу.
 
За кого ке умрам ? За никого затоа што таква ми е судбината(барем така мислам) , а за кого би умрел(хипотетички) за секого.
Парадоксално е што причината за живот на земјава е потенцијална "закана" по вашиот живот , ама тоа е љубовта.
 
За кого ке умрам ? За никого затоа што таква ми е судбината(барем така мислам) , а за кого би умрел(хипотетички) за секого.

Од каде знаеш каква ти е судбината?
 
Од каде знаеш каква ти е судбината?

Сами си ја правиме судбината :toe:

Незнам...би умрела за свое дете.Би умрела доколку му се случи нешто на саканиот,или на моите најблиски.Само тогаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom