Ете и тоа
@Ilumious што го вика.
Не е само платата реално. Можеш пример да земаш 1000 евра плата овде во таа и.т индустрија, ама пак не работиш некоја wow работа во таа сфера, туку си штанцач обичен и одиш пешки нешто што германецот или британецот ќе го оди за 5 пати поголема плата. Затоа и многу луѓе бегаат. Бидејќи тука професијата и работата од тој аспект ги кочи и ги праи да се мизерни. Едноставно во секој сектор тој е плафонот во Македонија и премал е просторот за објективен напредок. Едни те исти фирми кружат и се при врвот во Македонија, за разлика од Германија каде што после неколку години искуство во нивна фирма имаш х10000 опции да бираш.
Друга ствар, можеш да бидеш платен 1500 евра месечно, ама едноставно џабе е, кога Македонија е Македонија и во поглед на култура, настани, евенти, места за искачање, простор за шетање и тн. После некое време, едноставно нема што да се праи тука. Секој алтернативен фестивал Дубиоза Колектив и Суперхикс, а на секој чекор Јелена Розга и рандом балкански досадни шлагери. Ќе ги поминеш сите места, сите градови сите езера и планини во државава па и во соседството за 1 година, максимум 2. А за да шибаш надвор од државава почесто, и не ти е баш голема платата во тој случај. Да живееш рецимо во Минхен, Франкфурт или Келн/Дизелдорф, две години само големите градови у околината ќе ги шеташ, да не зборам за оние градови што се одалечени повеќе од 300 км или надвор од Германија (Швицарска, Австрија, Холандија и тн).
Она што е трагично исто така е што тука све е комплицирано, преунакажан си од бирократски неработници и процедури, ништо не е едноставно, секаде се чека и премногу губиш време на нешто што одамна е convenient во странство. Добар пример е дигитализацијата, сегмент во кој континентална Европа затајува зад Америка, Канада, Австралија а за Македонија да не зборам. Се чудам како во нашава државичка за буквално СЕ се користи лист и папир наместо во дигитална форма.
Исто така, образованието. Многу луѓе бегаат од овде ради ова, иако тоа не ги прави по-образовани од овдешниве, бидејќи образование и факултет се два паралелни универзуми. Но тоа е веќе иронија на денешниот свет, каде не се цени колку знаеш туку каде си завршил, и не се цени што можеш туку што си навел на линкед ин.
Здравството е исто катастрофално но за ова е самиот закоравен народ крив бидејќи е есенцијално неписмен, непослушен, неразбирлив и нема поим за лично здравје и како функционираат нештата, со што докториве овде губат време, живци, нерви а богами и волја за живот. Петиција за стопирање на насилство врз доктори. Што сме ние, Уганда?
Поентата ми е дека не е се во платата, цена на недвижнини, цена на храна и тн и тн. Има многу нематеријални ствари кои се пресудни кај да речам финансиски стабилни индивидуи да се отселат од овде. Реков и претходно, платата не е пресуден услов кај мене зошто сакам да се отселам од вукојебинава. Конзервативниот и малограѓански менталитет би рекол дека се доминантни на позиција број 1.