Би сакал да зборувам на македонски

  • Креатор на темата Креатор на темата Benjamin007
  • Време на започнување Време на започнување
Јас 8 години учев француски и сега знам само aujourd'hui, bon jour, stylo, fenêtre, tableau и perroquet. Ilumious , ако си учела француски во основно, сигурно сфаќаш зашто само ова го знам.
 
тоооооооооа друже , кажи им на „сезнајковците“ од форумов и „усијаните глави„.
Истото е и во унгарија, словачка, чешка, италија, русија, украина, белорусија, молдавија,узбекистан....
французин-учел македонски од англиски материјл:facepalm:
пс
хаха-само нешто им го нема „македонецот“ на темава


Прво, „фактот“ дека сите Французи не зборуваат англиски е најобичен стереотип. Таксистите не зборуваат англиски затоа што не сакаат и затоа што се арогантни.

Моите се разведени, вториот маж на мајка ми е Французин. Се запознаа во Скопје бидејќи работеа во иста фирма. Човекот учеше македонски зборови од англиска книга, конкретно како на македонски да се разбере во продавница, да објасни на таксист до каде да го одвезе и како во ресторан да си го нарача омиленото јадење. Велеше дека поедноставно му било да најде англиско-македонски речник, отколку француско-македонски.

Сериозно не знам зошто ако некое конкретно сценарио не ви се случило, веднаш одлучувате дека е невозможно да постои во реалноста. На крајот на краиштата, кога јас учев француски, се служев со англиско-француски речник. Што значи ова, дека не знам македонски?
 
абе остајте го чоекот на мира ако сака да го учи нашиот јазик нека го учи тоа си е негово право никој друг нема право да му го забрани тоа од мојот крај една жена се омажи за јапонец имајки предвид комуникацијата им е на англис а јапонец и македонец се два различни света кога дојде јапонецот пред дуканот во моето маало и ми прозборе на македонски јас останав со зината уста а со него секогаш си носеше мала книга превод англиски-македонски преведено од неговата жена го научила најосновното МАКЕДОНСКАТА азбука имат машко и женско женското перфект го знае македонскиот јазик и да збори и пишува а има само7годинки а машкото 5 али оно само пола знаеше да збори а да пишува не а беа пред година дена у Македонија оваа лето треба да дојдат и ке видам колко се го научиле јазикот

пс.нека му е со среќа да го научи нашиот јазик бенџамин и да ги учи неговите другари роднини :):):)
 
И не знам што е чудно што човеков научил за 5 месеца толку. Може имал познавања од кирилица, може знаел руски.. Добро го владее тоа јасно ама ако се посветил не е тешко. Се гледа дека само уште има проблеми со членувањето на именките ако му ги препрочитате постовите, како што имаат сите странци што го изучуваат македонскиот јазик.
Ова и мене ми е проблем, ама што да правам кога таков ми е дијалектот. :D Може да си напишам цела реченица без да употребам членување и пак да ми има смисла напишаното. :)

Туку секоја чест човеку! Големо браво за тебе! (y)
 
Мора грда слика да оставате за нас , па и да е трол , не можите да се воздржите од коментари , ами ако не е , сега се сигурно многу збунет од нашето нон шалантно однесување и нашиот не така топол пристап кон него , а тој само сакал да не чита и така да ни го учи јазикот ....
 
Абе и Веселинова само сака да ја читаме и да не чита, па... Коа ќе се изгореш од девојка - ќе дуваш и на француска кроасана
 
"Si vous êtes français, alors je suis martien" Браво! (y)

Ако има луѓе кои го учат францускиот јазик ќе бидам среќен да ви помогнам, можеме да и допишуваме и зборуваме на Скајп. Во моментов имам многу време.:)
Пријатно!
(на француски): s'il y a des gens qui apprennent la langue française, je serais heureux de vous aider, nous pouvons correspondre et parler sur Skype. En ce moment j'ai beaucoup de temps.
Cordialement !

Tu ne travaiilez pas a rien?
 
Абе и Веселинова само сака да ја читаме и да не чита, па... Коа ќе се изгореш од девојка - ќе дуваш и на француска кроасана

Поарна е сега веселинова , не би напрајла такво нешто .
 
Ви благодарам за вашите пораки :)
Не одговорам на сите пораки затоа што не сум сигурен да разбирам што кажете :cenzura: А кога се обидам да одговорам на една порака, има два нови пораки :ROFLMAO: Ќе бидам среќен да разговарам преку приватни пораки.
 
Мартине, у реду е бе работа
 
Јас 8 години учев француски и сега знам само aujourd'hui, bon jour, stylo, fenêtre, tableau и perroquet. Ilumious , ако си учела француски во основно, сигурно сфаќаш зашто само ова го знам.
Не ја пеевте онаа sur le pont d'avignon?
:icon_mrgr:

Јас 9 години учев Француски, памтам чат-пат по нешто :icon_mrgr:

EDIT: Сега кога го гледам текстов, сфаќам колку лошо сум ја пеел :pos:
Он и дансе викало, ние ја пеевме ЉОНИДАНСЕН :LOL:
 
Пред нова година задолжително ја земавме Petit papa noel и песната што до ден денес ја памтам (не знам како ми останала во сеќавање, мада сега кога ја најдов на јутјуб гледам пола текст сум го уткал :icon_mrgr:),C'est demain dimanche. Само ние некоја забрзана верзија имавме, имаше типката неколку песнички на касета, и еден стар касетофон и секогаш ни ги вртеше истите.
На сур л пон, имам играно и на претстава во 4-то одделение :P http://www.youtube.com/watch?v=pdlWrDSTQ4Q
 
Пред нова година задолжително ја земавме Petit papa noel и песната што до ден денес ја памтам (не знам како ми останала во сеќавање, мада сега кога ја најдов на јутјуб гледам пола текст сум го уткал :icon_mrgr:),C'est demain dimanche. Само ние некоја забрзана верзија имавме, имаше типката неколку песнички на касета, и еден стар касетофон и секогаш ни ги вртеше истите.
На сур л пон, имам играно и на претстава во 4-то одделение :P


Вие ептен напредни сте биле, ние цело време истото. Плус ова професорот го форсираше:

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom