Безбедноста пред 50 години и сега

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Локација
Кавадарци
Погледнете видео направено за 50 годишниот јубилеј на IIHS (Insurance Institut for Higway Security). Одлична споредба помеѓу технологијата некогаш и сега. Додека возачот на Малибу-то од 2009 година поминува со мали повреди на колената, возачот на Бел Ер-от загинува сместа.

 
Имам гледано ваква слична реклама, пуштаат еден од првите произведени автомобили во ѕид, и пуштаат BMW во ѕид.
Она староно како хармоника се свитка :)
Како и да е, одлична реклама.
 
Еве ја безбедноста денес, кога автомобилите се многу побрзи од порано!
 
Автомобилите се многу побезбедни за судари при мала брзина, а при голема брзина ништо не спасува. Не е до автомобилите, до идиотите возачи е :wink:
 
Па сигурно дека додека си на пат има ризик, не сакам некогаш да завршам како онаа ибизата или што и да е на сликана погоре, вакви слики се страшни.
 
Абе џабе летате и го извртувате целокупниот впечаток од темава. Се знае ако се трасниш со 100 во камион дека се добива сликата од горе.

Сепак темата е за осврт во тоа колку е подобрена безбедноста на возилата во меѓусебни судари и излетувања од патот надополнети со превртување. Исто така големо внимание во последно се потенцира на безбедноста на моторџиите и пешаците. Во некои од земјите на Е.У. се забранети рол баровите на џиповите бидејки не е исто да удриш пешак доколку го има или нема рол барот.

Се посветува внимание на безбедноста, и возилата се далеку побезбедни отколку пред 50 години. Е сега господова работа е каде ке ни заврши животот, во кревет или зад волан. Од пишаното нема бегање.
 
Се гледа основната разлика во самата конструкција на возилата во 59-та и денес...
Тогаш не постоеле ни деформациски зони, ни ојачана кабина...
Ако гледате фотографии од сообраќајки со возила карактеристични за 80-тите години за ова поднебје (а и воопшто), ќе видите дека возилото кај Б-носачот се деформира, што доведува до намалување на патничкиот простор, и резултира најчесто со смрт на возачот и патниците (дури и оние кои седат назад).
Возачот страда најчесто од воланот кој го нагмечува на седиштето на пр...моторот влегува во патничкиот простор...а оние позади се нагмечуваат на предните седишта...
Погледнете го видеото:
Малибуто буквално влезе во Бел Ер-от...
Современите возила се направени во принцип така да како и да удри, напред (или назад) го снема, но патничкиот простор да остане скоро без деформации...моторот обично оди под колата...летвата на воланот се крши, ербег, пиротехнички затегнувачи на појасите, и сл.
Ама, на огромни брзини, без или со малку кочење и удар со огромна брзина, ништо не помага и спасува...ја гледате Ибицата?
Затоа...памет во глава, појас задолжително врзан, и потпирачот за глава да биде позициониран така да кога е главата потпрена да биде потпрена на темето.
Внимателно возење, и со Господ напред!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom