Беровски бисере

  • Креатор на темата Креатор на темата Racija
  • Време на започнување Време на започнување
Чудна работа во Македонија да неможеш на македонски да се разбереш.Имам чувство дека кога зборувам со некој од друг град,посебно со некој од источна Македонија исто како со странец да зборувам,никако да неможе да се разбере човек со вас источњациве:confused:

Јебига,вековната пропаганда од соседите оставила белег.
 
:facepalm:

facepalm.jpg

Baby-Face-Palm.jpg

lion_face_palm_large.jpg

Facepalm+3.jpg
 
Ае че пробам малку и на литературно да ви пишам,ама финтата е на дијалект.Дојдете посетете не в истоко да видите шо значи живот,никакви пропаганди нема бе,каква вековна каква милениумска,ние не се трпим с бугарето,еле са одма до нас накосо сос очите ги гледаме
Инак ајде да ве раздрмам малку еве ви една пресна шега:

Оди една жена кее комшијата целата збркана и вика:
-Мале комши, шо се е десило чу ле?
-Не! Шо е било?
-Еми, дошел си е Цоби од Џерманија и фанал си жената сос ебаче фоф кревето и го утепал.
-Мале чути шо не е полошо од това.
-Е шо мош да е полошо бе комши?
-Ем, ако си доеше фоф петоко са јас че бех утепан!
 
Чудна работа во Македонија да неможеш на македонски да се разбереш.Имам чувство дека кога зборувам со некој од друг град,посебно со некој од источна Македонија исто како со странец да зборувам,никако да неможе да се разбере човек со вас источњациве:confused:
Овие работиве што ги кажавте погоре вицовите на беровски итн..доколку не беа напишани, во живо богами тешко дека ќе се разберевме:LOL:
Тоа ти е драг мој, зошто ти фали култура :) Доколку си се дружел со повеќе луѓе од различни градови (ова најчесто на факултет се прави :) ) ќе ги препознаваш диjалектите и со леснотија ќе ги разбираш.
 
Аа така,кажи му,јас мога да пишам и на литературно и на скопски и на прилепски дијалект,ама ајде нека има малку шаренило и од Бероски.Респект до Несса.
Инак Последниот Воин,(сега на литературно) ти предлагам да не посетиш малку овде во истокот,бргу ќе свикнеш :D
 
Не само што ќе свикне, ќе почне и да зборува, еле? :P
Респект до вас Беровчани, најдобрите другари и другарки, додека бев на факултет, ми се баш од Берово. :)
 
Е мило ми е,па ајде ненгаш ти фани посети тиа твуј другарки другаре ела накаде Берово таман че видиш ка е средено се,сега не сме като порано пропаднали и подолни од пехчево и делчево,сега сме си тандем :D
 
Тоа ти е драг мој, зошто ти фали култура :) Доколку си се дружел со повеќе луѓе од различни градови (ова најчесто на факултет се прави :) ) ќе ги препознаваш диjалектите и со леснотија ќе ги разбираш.
Нема шанси сум се дружел јас и со кочанчани и со штипјани и со беровчани...но од секогаш потешко ми одела комуникацијата со вас баш ради дијалектот,ми се чини дека подобро ќе се разберам со јапонец одколку со некој од вас од истокот.:)
 
-.-
 
aman de da ne mozesh da razberesh Makedonski dijalekt?:facepalm:

Е па што ако е македонски дијалект, сосем е друг. Ако тој дел од македонија кај што зборат така, припадни под друга држава ќе речиме дека е друг јазик, а пошто е македонија ми викаш не можиш да разбериш. Имаат еден тон чудни изрази што малце треба тумачење, бугарскиот јазик и дијалектите накај источна потешко ги разбирам за разлика од српските дијалекти.
 
Добро,само не ви предлагам бугарија да ја спомнувате овде во Берово а јас ќе пишувам на литературен ајде.
инаку еве уште една случка која неодамна слушнав:
На час по физичко 4 та година имаат физичко:
ученичката сопира неможе веќе да трчи.
проф:Не рекох на никој да сопре
ученичката:Ногу ми дојде професоре.
проф:Ти дојде?
ученичката:Да ми прокапа дури
проф: о.О ?
ученичката: водата професоре,водата шо ја носам со мене додека трчам
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom