T
Tetro
Гостин
За прв пат бројот на новорoденчиња на расните и етнички малцинства во САД надмина 50 отсто и го надмина бројот на новороденчињата со бел тен, покажаа штотуку објавените податоци на Американското пописно биро.Бројот на новородени припадници на малцинствата во 2011 година изнесуваше околу 2.02 милиони или 50,4 отсто од сите новороденчиња, во споредба со 37 отсто во 1990 година.
„Ова е важна пресвртница“, изјави поранешниот началник за расна статистика во Пописното биро Родерик Харисон, кој сега предава на универзитетот Хауард.
„Оваа генерација е многу повеќе навикната на расна и етничка разноликост отколку претходните генерации“, оцени тој.
Во САД денеска живаат 114,1 милион припадници на малцинствата или 36,6 отсто од вкупниот број жители. На ова придонесе претходниот бран имигранти кои во поголем дел беа млади семејства и кој го зголеми бројот на латиноамериканки кои се наоѓаат во години за раѓање.
Пописот од 2010 година укажа дека оваа пресвртница може да се случи во 2040 година, а демографите сега веруваат дека таа ќе биде продолжена за неколку години.